A Lagerfeld, како Карл Лагерфелд? Боже боже, што моќна и богата нација сме биле ние Тој ќе да е изгледа, oдговара логото. Не е баш за наш џеб молов, незнам зашто толку фама се крева.
Изгледа ќе одам на отварањето, но не сум од Скопје, па може ли некој да ми даде адреса каде ќе се наоѓа и ако може една листа од некои продавници што ќе ги има ?
Сигурно сте дека Доминос Пица ќе има во трговскиов? Зашто се отвара карши ЈБТ, ќе се отвори за брзо време како што видов
Се наоѓа во Карпош 4, кај што стојат 15ка, 15А...(последна станица кај што им е) Се разочарав инаку, како бре МекДоналс нема. Што бива без него... А бил некој во последно време, да види до кај се, што се... На пола автобуси напишаа дека се отвара на 4ти, и на Сител дури реклама дадоа , па ако не го направат до 4ти џабе рекламите.
Јас се радувам на Зара, Страдивариус и Пулл & Беар, ама најмногу на... конечно нема да ги замарам блиските од Германија
незнам од каде излезе lagerfeld, но имаат страна http://www.skopjecitymall.mk/ ако детално ја разгледате по категории јас нив не ги гледам . А за асос да го има но само како акцесори малку и мене не ми е јасно за ова но ке видиме што е...
...И немора да барам претставинк за да си купам нешто, едноставно ќе отидам во продавница и на лице место ќе ги пробам производите, секоја пристојна земја каде што се продава козметикава има и продавница, а кај нас само преку претставници како во Авон, . Исто и јас се радувам на оваа парфимерија и едвај чекам да ја посетам.
Ај бе побрзо нека го отворат пааааааааа. Ми се пие кафе од Старбакс!!! Абе вака кога ве читам за радостиве за брендовиве, заклучувам дека сме богата нација! Не верувам више коа ќе ми рече некој,неаме пари,леле едвај крај со крај. Овој Латас имал право,у позитивна рецесија сме!
Чекај бе малце, мене ми се сонило дека ќе има десигуал??? Нема да има??? Како да го видов некаде претходно по странициве...
И јас го видов тоа Десигуал, не халуцинираш Ариел. Денес минев од овде, огрооооооомно е. Имам близок човек кој речиси секојдневно е на терен таму и вика дека Керфор го брзаат отворањето на Сити Мол ради тоа што по нивните пресметки веќе требало да се почнати со работа и се во загуба, а работа има уште еден тон. Само да се исчисти сиот тој простор и да се светне ќе требаат две недели, а тек за друго што останува. Било огромно внатре, човекот внатре одвај се снаоѓал, си носел со него мапичка, ради тоа што да одиш во толку голем, празен простор внатре... уф, ќе скренеш и ќе се вртиш во круг. Абе јас си имам Тедико во близина, не знам за вас.
Здраво девојќи Сакам да прашам дали навистина не можело да се присуствува на отварањето на трговскиов? Слушнав нешто дека само вип личности со покана ќе можеле да присуствуваат првиот ден..нешто во таа смисла де.. Споделете ако имате некаква информација Фала однапред
Шо е бе она на виртуелната мапа на приземје Katerna`a ACC? Едно мизерно, шугаво од ГТЦ истото? Напикано со бижутерии по 3000 гердан, пластични торби лепакот што им тече и некои 'фустани' ко крпи за под бришење? Од кај такво бе вакви дупки од продавници покрај Зара и Дути не ми е јасно, па посељачки бутик не постои.
На страната на Pull&Bear ја има Македонија како дестинација и цени на облеката во денари и ко што можам да видам цените се исти ко и во другите земји така да не е поскапо како што се мислеше. (me happy)