Јас не можам некако да се снајдам во нивната страна и да ги видам цените за кои зборите, а баш ме интересира.., Pls ќе може да ми кажете кај да барам, што треба да стиснам за да ми се појават и мене Фала од напред
Domino's Pizza Macedonia Oposite Josip Broz Gymnasium, ex German embassy, Skopje Center. The 2nd store is going to be open at Skopje City Mall. ^ова од официјалната страна на Domino's за Македонија на фејсбук. И малце им е броукен Инглишов
[/quote] На страната десно доле смени земја и ќе ги видиш цените[/quote] Леле ама едноставно било ..Фала многу сепак
http://www.pullandbear.com/webapp/wcs/s ... 2BPRODUCTS Еве ги производите и цените на Pull&Bear , според мене да не ја претерале малку ?
Да во право си но ко што можам да видам не е некоја голема разлика (од прилика од тоа мене што ме интересираше е 300-400 ден. max поскапо) што според мене не е некоја голема разлика со оглед на тоа што сите мислевме дека кој знае колку ке биде поскапо.Сепак очекувано е дека нема да биде исто ко во Грчка со оглед на тоа дека не сме во ЕУ и кај нас подруго иде царинење и тие глупости. Како и да е однапред се извинувам што пред време се испукав дека се исти цените.
хммм... значи еве еден пример од Пулл енд Беар : цената на јакнава кај нас е 6590 ден (приближно 107 евра) http://static.pullandbear.net/2/photos/ ... 2176189090 а во Грција истата е 80 евра... Богами разликава и не е баш мала Малку повеќе изгледа...
^ Значи зборам за тоа јас што гледав мене што ме интересираше.Не ги погледав другите цени,затоа и се извинив што пред време се испукав дека се исти цените ко на другите места.
Секогаш овие брендови кај нас се поскапи но и да се со исти цени како во другите земји, а имајќи го во предвид нискиот стандард на македонците, сепак овие брендови се скапи, дај ти се молам едни џинс шорцеви 1.400 денари им ставиле, а во Теранова за 600 денари а на попуст дури и за 300 денари, една марама 600 денари. Истите цени на овие брендови со другите земји не треба нас Македонците да не радува и лаже дека не е скапо, далеку е од ефтино, дури се и непристапни. Секако тука не спаѓа рајата со дебели примања. Евентуално добар попуст би ме израдувал, односно акција. Од наведените брендови само на Бершка и Страдиварус се радува ем поинтересен избор имаат ем пониски цени.
И на страните на Манго и Мотиви има цени во МКД ама кога ќе влезеш во продавница не се ни приближно истите. Единствено за New Yorker Можам да кажам дека каде-каде тие се цените.
Шо се замарате бе, ќе го отворат ќе прошетате ќе видите. Ако ви одговара ќе си купите, ако не ќе исплакнете очи. Ја не ја разбирам таа еуфорија околу отварање, демек бесплатно ќе биде. Не сум нешто посебно воодушевена ниту пак сум тужна, онака сеедно ми е, и онака до вчера го немаше. Сеедно ми е зашто пак ќе се исплати повеќе да отидеш до Солун. Цените нема да бидат како во Солун ниту попустите. Земјите во ЕУ си немаат царини и глупости, тоа е тоа што нас не јаде. Ќе си бидат ко у Белград цените и тоа е тоа. Убаво ќе биде во зима да се шлаеме по излози и кафе мафе тоа. А што кукате па толку по Старбакс, ене ви го Виена кофи шоп компани на плоштад, а и боље е кафето! Башка има слични чаши на Старбакс, поефтино е и ги има у тие слични водови со кокос, чока, мока, бла бла... И Старбакс со Старбакс замислата треба да го има на плоштад или на рекорд, а не да е лупмат у трговски ценатр Као ќе пијам кафе и ќе разгледувам по бутици, ахм.. сигурно. Ќе го посетам одкако ќе помине месец два, да се изнарадуваат луѓево, мразам гужви и отварања ко бесплатни колачиња да даваат. А голема е веројатноста да влезам уште пред да го отворат па ќе ги известам оние кои со нетрпение го очекуваат отварањето.
Има едно претчуство и овде ке е како во манго влегоа и за да не излезат без ништо си купија од тие блузите што на нив пишува манго од километар да ги познаеш..... Нема да е како во бугарија али добро ке е што го има и незнам што толкава еуфорија се крена...
Првиот ден има секогаш попусти, бонбончиња, колачиња... ама кога ќе ми текне какво беше отворањето на веро центарот, на ова не ни помислувам да одам. Ама можам да си замислам колку убава атмосфера ќе има околу нова година
Што сте запнале со Старбакс, мене ич, ама ич не ми се свиѓа кафето во старбакс Ама по некоја навика, кафе да се пиело... и јас го пијам, еднаш месечно Инаку мислам дека цената би требало да се движи околу 200 денари за кафе, а негде прочитав, 6-700 Не претерувајте луѓе, во строг центар на Лондон, кафето во старбакс чини некои 250-300 денари, каде платите се вртоглаво високи за наши стандарди
Ни на сон не планирав да одам на отварањето. Ќе си почекам две недели и плус ако треба. Сакам да соберам и некој денар, барем да не излезам со празни раце, со ситница да се почестам ако ништо друго. И кој што сака нека зборува, попустите во Грција не ни бегаат. Се кладам дека на попустите тука, никогаш нема да купам маица за 3 евра од Зара. И патот, и бензинот ќе ме исплатат.