Наскоро би требало да почне со работа нов трговски центар, со многу нови брендови кои досега ги немало кај нас. Што мислите за овој голем проект? Еве неколку што имаат веќе потврдено https://eastgate.mk/news/shopping-mk/fashion-group-so-8-novi-brendovi-vo-ist-gejt-mol/
Мислам дека не знам како функционира сето тоа, од кај им толку пари за закупен простор на продавачите? Толку ли масовно се пазари за да им се исплати уште еден мол да отвораат? Веројатно да... но дали е решено добро со паркинг, градски превоз, зеленило? Мислам дека би било корисно градските власти да воведат специјална кружна експрес ШОПИНГ ЛИНИЈА која ќе ги поврзува само шопинг моловите, можеби плус уште 2-3 стратешки важни локации како: транспортен центар, државни клиники... на пр. да тргнува автобусот од СП маркет(Ѓорче Петров ), Skopje City Mall (Карпош), Рекорд, ГТЦ кај Holiday Inn, Skopje East Gate (сајмиште), Железничка(Транспортен Центар), Capitol Mall(Аеродром), Bricolage, потоа назад слична рута: Бриколаж, Капитол, Железничка, Веро Џамбо, Рамстор Мол, државни Клиники, Веро Тафталиџе, Сити мол, СП маркет...
Ќе бидеме како САД. Од граница до граница еден оооогромен мол. Врвот на конзумеризмот. Неговата најдобра експресија Мераци
И тоа како се пазари! Зарем не гледате city mall, нон-стоп има луѓе по продавниците, ЗАРА во МК прави најголем промет на балканот, познаник шо работи во ЗАРА кажуваше дека не им остануваат парчиња за на попуст бидејќи повеќето се купувале на полна цена... Инаку, трговскиот е навистина огромна инвестиција,очекувам да се воведат и нови автобуски линии, а воедно и да се зголеми метежот во тој дел на градот, за жал.
Само се надевам дека никој нема да биде будала да се нафати да работи за минималец во толкав мол кој ќе има огромен промет.
Жално е шо многу од младите, особено за време на студирање или пак одма после дипломирање немаат многу избор во однос на тоа каде ќе работат, многу од оние шо нудат повисоки плати бараат искуство.
Прееска поминав покрај молов, богами на огромен простор е. А за коментарот погоре дали се купува толку, да посебно доаѓаат од Албанија и Косово и они ептен пари оставаат тука. За викенд во сити мол секад е фул, и тури автобуси имало што доаѓаат на шопинг. Лично јас не сакам да пазарам во нашиве молови, зошто цените се поскапи, а истите брендови+ некои што ги немаме се со поефтини цени во Софија. Ама пример сега ко што бевме со коронава затворени, сакаш нејќеш ќе купуваш тука. Овој мол ќе ми е далеку, ама ако понуди некои брендови што ги нема во сити мол би одела понекогаш. Се надевам дека и надворешно ќе е убаво уредено, барем со некое клупиче и дрва засадени околу, ама многу се надевам изгледа
Јас по тоа што гледав брошура, слики како се планира, беше убаво уредено, е сега прашање е колку ќе се реализира. Инаку на тема побарувачка има доста голема. Котон го зема просторот од Нептун, што е преголем функционира и е преполно. Зара со онлајн нарачкиве се фул. Продавниците што се отворија како засебни за скоро секој бренд во Сити Мол кои се дел и од Fashion & friends, сите под fashiongroup. Во секој трговски има луѓе, се купува.
Што само молови отвараат во Скопје? Демек ги немаме доволно на број, дај нека отвораат нешто во некои од другиве градови и тие да заживеат малце.
Се запуши Скопје. Побрзо пешки ќе го изодиш неголи со кола. Уште овој мол фали. Веројатно затоа ја прошируваа пластичарска и под касарната да има проток демек. Ме интересира само колку паркинг места ќе има трговскиов. По тоа ќе знаеме и колкава гужва очекуваат. Требаше да го изградат у Визбегово у тоа индустриската зона, или барем негде покрај обиколницата
Веројатно зошто таргет им е исто и Косово. Плус, ниту еден друг град нема толку луѓе колку Скопје, па веројатно целат на поголем пазар, инаку мол не би отворале. За сите ќе беше поубаво да се развиени и другите градови и да не е сѐ на куп во Скопје, ама мислам дека тој воз помина.
Мене ми е океј да се градат нови работи и да се модернизира градот. Лошо е тоа што гледаме новитети само од странски инвеститори. За паркови не е задолжен тој што го гради East Gate, или City Mall, задолжени се нашиве, ама од парк пари нема, така да...
Не сум била во Косово на шопинг, ама знам од тука луѓе што одат таму да пазарат + велат дека имаат многу подобри трговси центри таму отколку тука. Не знам зошто толку доашаат тука да пазарат, ако е така.