Не споредувајте цени во Турција и тука. Тука ги увезуваат, во Турција имаат производство на сите марки. И од таму ги извезуваат за регион. Инаку не планирам наскоро да одам во молов.
Појма немаш за што зборувам нели? Врска немаш што е Саем. Некој си простор пред Мол за да дпјде Златно Славејче не заменува Саем.
Амин. Мене ме пукнаа луѓево никаде не барале сертификат зошто не сум доаѓала на кафе, во молови. А прележана сум ама ете играм чесно, од кога е мерката никаде не сум отишла. Сулудо е толку луѓе напикани во мол кога короната хара лево десно без разлика дали си вакциниран, прележан или не. Ама ете после тие што нејќеле да примаат вакцина биле прости, не знам кој е прост во случајов. Каков кластер ќе има, во таков затворен простор толку луѓе, после па ќе обвинуваат невакцинирани. Молов е ист ко Сити Мол, дури и поглуп, за нас обичните смртници што пазариме во Теранова и Ваикики. Тие скапи марки не ме ни интересираат. Не планирам да го посетам долго време, ништо посебно.
А зошто да не споредуваме цени? Па се од Зара, Манго, еве и Пандора не се ни произведува во Турција и реално Шпанија и Данска нас ни се поблиску за транспорт до тука отколку Турција па пак цените се огин и пламен кај нас. Мене во елитен тц во Анталија ми рече продавачката во Пандора поевтини од сама Данска сме од таму нивни идат или Турци кои живеат таму па купуваат обемно во Турција. Иако пазарот таму е неспоредлив со нашиот ама дека трошоците им се поголеми за транспорт кај нас не се и цените треба да се горе доле исти или многу малку повисоки а не какви се. Е сега за Ваикики, Котон и др.турски брендови нема муабет тоа се нивни брендови, Ваикики таму е багатела и новата колекција е секогаш порано во продажба отколку кај нас. На шопинг идам преку зима во Истанбул, лето Анталија или Истанбул и доволно ми е, патот не ми е трошок и не го гладам како таков зошто идам на одмор првенствено или на шетња, шопингот ми е плус, башка поевтино, башка броеви по моја мерка. Ова дообјаснувам зошто една членка пиша поскапо било ради патни трошкови, не е баш така, бар јас не ги гледам толку огромни во мои очи. Исто и за Солун идам на идење/ враќање од летен одмор и не ми е некој трошок патот, а Софија ене каде е, до таму како до Гевгелија да идам ми е.
Не си ме разбрала очигледно, далеку е поголем и подобар изборот надвор од границите наши затоа сувишно и смешно е да се споредуваме со Турска, Солун…
Во Турција да видиш која гужва е со толку народ, ама пред влез ти скенираат код доказ дека имаш негативен тест или вакцинален сертификат и мерат температура па ниту еден не е заразен од пазарење во тц. Еве и колку пати бев натаму во нивни тц и ниту еднаш не се заразивме ниеден, ама затоа еден од домашниве на работа го заразија, со сите мерки на претпазливост од негова страна испоштувани и се и ете тоа е. Солун исто нема проблем, само нема заседнување во делот за јадење. Во авион исто еден до друг седиме и никому ништо. Најбезбедно е редовно носење на маски и дезинфекција редовна, што ако се вакцинирани ете ти пишаа тие најмногу го сеат, опуштени боцнати ништо не ни е. Пријателка моја боцната не носи маска ништо кога идам кај неа на работа, а јас од лице не ја вадам, логика, а цел ден е со муштерии и ај и за неа што не пази ама и мене може да ме загрози, затоа јас си пазам за себе. И секој ако е совесен исто ќе прави.
Ја сум против сертификати општо, беспотребно нешто е ако мене ме прашува некој. А гужви и пред корона не сум сакала, така да секако во вакво место кај што не може да се дише со толку народ пари да ми даваат не би влегла. Нека спласне еуфоријата, подобро ќе биде за шетање попразно него во врат да ми дишат 100 луѓе додека гледам блуза да си најдам и да ја пробам пример.
Мене па смешно ми е да идеме и како овци да не стрижат тука кај нас со цените огин и пламен. Нема ништо сувишно во тоа да посакувамео цените да се прилагодат кон нашите финансиски можности и според колку транспортен трошок имаат, а не ем поевтино им е роба тука кај нас да донесат а цените не исти како Истанбул/Солун или еве малку повисоки туку огин и пламен.
Мене смешно ми е кога во моловите се рекламираат попусти за нивни роденден или black friday, отворање и сл. До 70% намалување, а тоа всушност едвај на неколку артикли и луѓето се залажуваат, па кога се веќе таму ќе купат артикли шо едвај се на 10-20% намалување, шо е смешно. Истото ќе биде и со овај ТЦ, еден куп ексклузивни продавници, а минимални акции. Сум забележал, конкретно за продавниците за обувки дека нон-стоп ги ротираат производите и една те иста понуда на обувки со многу слаб избор и високи цени. Од друга страна, никако да се отвори некој добар outlet со голем избор.
Во Истанбул во повеќето дуќани со турски брендови за поголеми суми самите ти нудат стартен 10(мада и во Манго често нудат 10% mid-season sale) најчесто 15-20% дури и на нови колекции, ама тоа е кај нас, има овци ќе бидат стрижени. Не памтам последно во Сити кога сум пазарела, може во книжарниците кога имало некои книги 3-4 на акција, се другово е како што си пишал.
Хахахаа смешна си, не ме интересира ниту кој те стрижи како што си пишувала ниту ме интересира кај шопингуваш, уствари тоа што ме цитираш благе везе нема, тепај досада на друго место
Важи како кажеш ти Иначе ти не цитираш константно со @mssuniquee за Турција, колку слободно време на претек имаш дури и пресметка за трошоци по пат направи Ај следно пополека и со помалку завист или по дома завидувај преку компјутер ако сакаш така и мислиш нема да се приметува
Да не си нешто грешка? Кога сум ве цитирала постојано? Ќе испадне на крај и дека имам нешто против турската нација хаха бог да чува кој се пишува на форумов
Зара во принцип секаде се истите цените. Во Македонија и ради стандардот не може да биде поскапа. Многу е едноставно отворете страната на Зара Шпанија инспоредете цените.
Јас како некој што обожава шопинг, што кисне секој втор ден де во Сити Мол, де во Рамстор, де во ГТЦ, многу се радував на Ист Гејт ама РАЗОЧАРУВАЊЕ! Поглупа градба, поглуп објект и поглупа инвестиција јас немам видено. ГРДО И ОГРОМНО! Јас само се чудам на паметот на тие што ќе купат стан во зградите што ќе се градат кај молот и ќе уживаат да се гнетат како вошки. Од градов направија ѓубре. Ефтинија и простоќа! Повеќето продавници воопшто не се мој стил, материјалите со кои е градено се гледа дека се ефтини и фуш. Тотално без везе и непотребно. Башка улиците и сообраќајот таму и до сега беа хаос, од сега ќе биде дебакл. Еднаш влегов и никогаш повеќе! И тотално понижување, баш вистински не отсликува како општество овој мол. Свечен прием пред врата, а околу него прашина, песок, кал. Све под маска... Понижувачки многу...