Зборам на ниво на држава не на град. Бугарија има 6 милиона жители што е 3 пати повеќе од нас. Плус е дел од ЕУ и има допонителни бенифици од каде ги нарачува производите. Солун не е е ефтин. Ако ја земеш Зара производите реално се едвај за 300 ден. поефтини. На попуст ти изгледа поефтино зошто има повеќе избор а реално не е.
Да Зара држи цени скоро секаде, може во Шпанија да ми се виде малкуцка поевтина, ама и кај нас во Скопје идат луѓе и од другите градови на земјава и од Косово ги врие врвулици е од нив, еве и Авганистанци по ново шопингуваат странски инвестиции носат А за Софија да ти кажам и пред да влезе во ЕУ беше поевтина, а пред 20год. па багатела беше, ама ај да не идам у далечно минато. Можда еве се 3 пати поголеми ама по стандард не се нешто многу изнад нас сега, младината им избега, можностите и примањата се тие, е дека цицаат од фондовите цицаат и имаат бенефиции и сега тоа е ќе пазариме кај ни е поисплатливо. Колку наши бутици опремуваат со роби од таму, од Истанбул па колку комбиња идат полни да не зборуваме.
Дали ми мења нешто во животот уште еден мол, не. Како почна короната цело време онлине пазарам од Зара и Манго така да таму во продавница немам влезено од памти век. Ем полесно ми е ем попрегледно наместо да копам низ куповите облека во продавница. Овој мол ми е поблиску па штом се стивне еуфоријата ќе го посетам. Најмногу ради зара хоум и Манго кидс. Се надевам дека ќе ги апдејтираат страните со новите производи па ќе можам онлајн да пазарам. Цените се такви какви што се. Се помирив дека се поскапи од соседните земји и дека немаме реални попусти. Ама па со сила никој не ме тера да купувам. Кај нас има избор за секој џеб, дали Шутка дали но нејм маалски продавници. Во Косово никад не би се спотерала да пазарам, Бугарија можеби некад ако идам натака на зимување и сл па тогаш. Солун и Белград ги сакам ама во скоро време не би одела така да изборот е останат на тоа што е тука. А и генерално никад не сум била од оние што идат на шопинг 2 пати у годината и пазарат за цела година. Еднаш со таа намена во Солун бев и дома дојдов едвај со 2 партали. Дали ми смета што кренаа уште еден бетонски ѕид во градов ? И така и така. И онака со зградуритенине во не загушија наместо да почнат на периферија да градат. Позитивна работа ми е новите работни места што се отворија. Ми фали само Х&М се надевам ќе успее да влезе кај нас.
Overall, убав е, простран, светол. Меѓутоа многу избрзан, сега заради гужвата паркинг не се наоѓа, и еден многу многу голем безбедносен пропуст - нема exit знаци, нема никакво упатство за излез и за сам влез во молот, освен пар стрелки, и долу на паркинг и горе. Продавниците малтене исти, DeFacto и Sinsay како поефтини. Влегов во Oysho, наострена да купам maternity облека - нема. Значи пак ќе имаме недостаток на се' она што го има во соседните земји. Пак ќе фалат одредени колекции, или ќе доцнат сезони. Попусти немаше нигде, редовни 10 - 20%, и во Тезенис градници за 399. Втор обид за некоја недела, да се доотворат и други продавници и да си ги средат сите пропусти.
@Idedemja тебе ќе те тагнам дека си бидена во повеќе градови па знаеш, ме интересираат неколку работи, само те молам не сфаќај ништо како завист или навреда, воопшто немам пишано со таква намера За Солун сум била на повеќе места, дека нешто многу поефтино од кај нас сум начекала не баш, до 300 денари е горе-долу разликата. Што реално само се исплати ако правиш некој голем шопинг, а ако купуваш 2-3 работи не толку. Сега избор вистина има повеќе и кога има и кога нема попоусти. Единствено што имам многу поефтино купено е спортска опрема. За Истанбул се согласувам вистина е доста евтино, особено нивните брендови. Само треба да те носи патот таму. Затоа што специјално за шопинг да одиш не се исплати, а ако одиш пропратно тогаш да, користиш прилика. Во Софија не сум била и не знам. Прашањето ми е колку е конкретно поефтино и каде, дали јас одам на грешни места па не заприметувам голема разлика што се исплаќа или разликата во цени е кај брендираната облека, затоа што јас купувам облека од продавници со подостапни цени.
@Idedemja ти пишале претходно ама тагната сум па да одговорам. Бугарија има околу 6 милиону жители, ние 1,5 милиони. Плус од Скопје на 4 саати возење се Белград, Солун, Софија. Пример ИКЕА има во трите града со тоа што на пример во Софија опфаќаш и Пловдив и приморје, Белград има веќе 2 милиони плус Војводина итн. Скопје шрп ќе опфатиш? А саемот е нешто што секој град што претендира да биде нешто го има. Ама не се разбираме.
Сама свои заклучоци другпат да не си донесуваш. Не знам ти каде и какви парчиња пазариш, али регуларните цени се тие. У Бугарија, Турција и Грција најчесто фаќаме попусти, кои се реални, и така се создава таа слика за поефтина роба.
Ќирија колку е за објект во други држави колку е во Мк? Плати на вработени? Стандард? Исти биле цените и ок било, курац е ок. Поевтино купувам овде отколку во Мк, не може да биде ок.
Ти научи дека поеФтина роба и слика за таква не кореспондира со реалноста дека нема поеФтина, а за поевтина може да се најде по нешто, ете мене не ми чини ништо од поевтиното, живи партали никој што не ги купил на редовна продажба. Така и ти не избрзувај и донесувај погрешни заклучоци или па кажувај си кој и како да заклучува, ама по дома Јас на попусти ретко купувам во Турција, пишав зошто, ама не се чита само се реплицира да се напаѓа и попуст ми даваат ради голема сума што оставам најчесто 10-15% и да најубаво да не знаеш кај јас пазарам не ти требаат толку информации ќе те побркаат кој знае што ќе попуваш следно по тоа И ме интересира ќе му попуваш малце и на членов погоре што искоментира колку се ''рални'' цените и попустите кај нас или јас сум ти вака лична-симпатична да се наддаваш со мене ко теткицине на селска чешма? Не мора да одговориш на прашањата реторички се само
Како не се разбираме, па убаво ти пишав и јас сум за да имаме саем, тц не ни требаат, реков ни требаат цени кои не се огин и пламен во постоечките тц, ама ако не се разбираме за ова и еве читам ви чинат тие цени тука, која сум јас да ве премислувам и спречувам слободно по тие да си пазарите. Ваша работа кај пазарите, моја кај јас пазарам, муабетот беше дека членка праша кај има убав шопинг и јас и @mssuniquee убаво и објаснивме. Е сега што почнаа патни трошкови за натаму да ни додаваат кон пазарлукот, па тоа е секој колку слободно време, ум и пари со кои располага ете ич не е моја работа колку има и како овие си ги троши ама други сметаат нивна работа е и така стасавме до тука, ама доста е. К ој разбра разбра кој не епа тоа е.
Поделено ми е мислењето за молов. И сум Ок и не сум. Реално можеа да го средат ГТЦ и да го остават саемот. Вака ГТЦ е празен, запуштен, без брендови. Од друга страна, молов е огромен и тоа значи повеќе работни места. А и убаво изгледа. Се надевам дека ќе дојдат сите претходно најавени брендови.
Треба во Солун да начекаш периодот кога се попустите пред крај на сезона, тогаш и те како се заштедува. Имаат реални попусти, а и квалитетот е некако подобар од нашиов доста. Кај нас ниту попустите се реални, а и квалитетот на производите што ги носат е некако полош, плус тоа што го пуштаат на попуст го вртат со години што никој не им го купува... А, вака во време на сезона со нови колекции кога немаат попуст, нема голема разлика во цените и јас тоа имам приметено. Но, добро и тие 300-400ден разлика од 3 работи ако купиш, ќе ти остане уште нешто да купиш плус, така да ако си на шетање па успат и на шопинг, се исплати шопингот. Специјално така да идеш само за тоа па и не би рекла освен ако не се големи попусти како што кажав.