Тоа и јас викам. ГТЦ го сметам за дел од историјава на градов и ако имаа трошка осет, сите што се на власт, ќе го обновеа. Ќе се реновираше ГТЦ и ќе добиеше нов изглед, зачувувајќи го дизајнот, и така голем број граѓани го поминуваат на дневна база.
Нешто за гардероба ново, евтино, мислам со пристапни црни, како Ваикики и ХМ, да има и за бебиња и деца има ли?
Ништо посебно. Нема некоја нова, пристапна да е. За бебиња и деца стандардно во waikiki, zara...како и во сите молови, со исти цени, исти модели. Видов дека ќе се отвара некоја продавница за бебешка опрема ваљда.
Вчера кога бев не беше отворено колку што се сеќавам. Дефакто е ново и поевтино има и за возрасни и за деца.
Нопе, а можеа и C&A да донесат, а не од Сити мол да повтараат брендови и да носат брендови кај што почетна цена е 50-100 евра а у земјава минималец е 200, смешки Мислам не е дека нема кој да купува во тие брендови као Филип Плејн (ја многу го сакам човекот ко човек мацуле ми е, може ќе ѕирнам нешто внатре освен ако не е прескапо), Гес, Лиу Џо. Треба за сечив џеб да има. Т.е у Сити Мол искрено и има, од 200 денари нагоре има
За сите кои прашуваа ко мене нагоре дали може да се влезе без сертификат? ДА може, денес бев со 2 другарки сите невакцинирани. Никој не стои на врата да проверува. А до кога ќе е така не знам, може само сега на отварање.
23 оди накај аеродром кај веро џамбо Накај молот одат линиите: 12,2,2а,50,50а,52,53,54,55,62,63,66,65,73
Нас ни бараа, всушност дури имаше 4 полицајци пред врата. Може ве мислеле малолетни. Или сте дошле на смена. Очекував да има повеќе поскапи брендови. Фалат финеси и кафе барови.