На страната онлајн на Зара пишуваше попуст од 19часот е сега дали знаете дали онлајн или и во ист гејт ќе има?
Ќе има во продавницата од утре од 10. мене ме интересира дали ќе има попусти во њујоркер таму видов една јакна.
Маж ми завчера беше, од попусти ни п гледам нема на тоа што купил а гужва имало по каси како без пари да даваат.
За жал, тоа е тоа шо го зборував во еден претходен пост на темава. Со минимални попусти се залажува народот и кога веќе си таму ќе земиш и нешто друго шо не е на попуст. А за тоа кој колку има пари за трошење е сосема др. тема на разговор бидејќи сите кукаат за сиромаштија, а во молов ретко се наоѓа едно парче облека под 2000 ден, барем за машки.
Во неколку продавници бев недела ипол две пред попустиве. Тогаш ги имаа истите цени, а на некои работи и пониски цени. Бизарно е. Не во east gate, но иста прича секаде
Не бев во East Gate, бев во City Mall и наводно најавуваа попусти до 60, 70%, и отворив на страната на Pull & Bear пред да одам и на неколку работи што сакав да ги земам имаше 30% попуст, и баш кога отидов едно девојче прашуваше дали на една маичка има попуст и продавачот и вика, аа, нема нема попусти... Страшно. На крај си ги купив работите без попуст. И во ниедна продавница кај што влегов немаше попуст, освен во една спортска, патиките 600 ден помалку што ги платив.. А гужви мислиш стварно без пари даваат.. Не се сомневам дека и во East Gate било исто.
Во полските продавници како и ваикики и уште некоја имаа по 20% ,во интепрспорт беше 30%. Во зара прашувам ми вика вчера веше Блек фрајдеј(а сите имаа по 3 дена попусти) Не дека отидов за попустот,секако си ги купив панталоните,по нив отидов,но си реков ај да прашам гледам насекаде %
Па од сите дуќани мислам само они имаат најдобар попуст. Сега после нова година очекувам уште поголеми попусти.