Косоварите кај нас доаѓаат заради зоолошката и заради Филип втори. Малце ли трговски центри и аутлети имаат они.. Во аутлетот минатата недела речиси сите посетители беа Македонци. Моментално се отвара огромен мол во Феризај. Мене ептен блиску од дома ми е нашиов нов мол, ќе го посетувам често тоа сигурно, но за шопинг само ако ќе го донесат H&M..
јас разбрав дека ќе отвара крај на годинава а за преголем навистина е,мислам дека ќе дојде топ посебно на тие што живееме од автокоманда надоле
Себично но се надевам ќе се ослободи делот на градот околу Сити малл дека не знаете од какво мирно парче стана џунгла од сообраќај и нови огромни згради.
Ќе има и H&M, да. Ама доаѓа како индивидуален бренд, не е под ниедна групација. Само за цените се молам да не бидат надувани како што знае да биде случајот кај нас, па пак да си пазариме во Грција.
Е ќе имаше… Сега, горе-долу истите брендови како во city mall ќе ги има + некои high end брендови шо не можам да си ги дозволам(Armani, Calvin Klein, Valentino итн.).
И јас не видов нешто уау меѓу брендовите. Мислам дека досега од попознатите сѐ имаме во СЦМ, само што не се во посебни продавници, а ко што гледам и тука ќе бидат споени во една.