Новиов мол ми е за неколку минути пешки од дома, а тоа и како ми одговара, Сити мол подалеку ми беше, па сигурно често ќе го посетувам овој и ќе се префрлам тука да си купувам, кога веќе се истите марки. Вака од слики личи дека ќе биде многу убав , баш урбанистички. Одлично што и Oysho конечно ќе го има и кај нас. Уште се надевам и за H&M.
Каде гледате кои брендови ќе ги има? Има ли некој со пониски цени, како на пример Pepco? Во врање бев, абе да се изнакупиш преубави производи за ич пари. Јакна есенска поставена за 450 денари, абе тука под 1500 не ја најдов.
На Инстраграм профилот имаше кои брендови ќе се, сите беа на една слика Едит сега гледам ја имаат тргнато
Добро а што е ново по ова што читам нишо посебно... 220 бренда викаат, а не кажуваат кои. Искерно ме нервира коа вака форсираат одредени бутици кои не може секој да си ги дозволи.
Јас стварно не разбирам зошто носат јаки брендови во Македонија кога реално луѓево во нашава земја немаат толку пари за да си купат нешто од таму. Еве колку за споредба, во City Mall кога и да влезам во New Yorker, Koton, Terranova и уште неколку други продавници секогаш е преполно со луѓе, а кога ќе поминам покрај Fashion Group жив човек нема внатре, продавачките џабе седат. Значи веднаш се гледа колку може народот да си дозволи . Со нашите плати, далеку сме ние од брендови како Calvin Klein, Valentino, MaxMara и други.
Штом носат нови брендови ваљда некој купува. Да, точно е тоа дека брендираните продавници обично се празни ама fashion&friends/fashion group опстојува. Во Скопје има солиден капитал и има луѓе шо навистина можат да си дозволат, плус со автобуси идат од Косово и сѐ грабаат од рафтови, не гледаат цени.
Океј тоа и во Македонија има навистина богати луѓе што можат да си дозволат да купат брендирана облека. Јас зборувам генерално за поголемиот дел од луѓево кои гледаат поевтино да поминат. Да, чим отвораат значи има луѓе што купуваат ама јасно ни е на сите дека стандардот во Македонија е низок и еве можеби еднаш ќе купам брендирано парче облека ама за нареден пат ќе одам во сити мол зошто знам дека таму поевтино ќе поминам.
Мене ми е мерак за продавничките во кои често си купувам во Софија, полски и чешки брендови. Sinsay, Cropp, House. Имаат облека ко за млади, супер квалитет, а ефтини цени, барем беа во Софија. Се наоѓаат и тренди парчиња, ама и бејзик класика.