Дали стварно има добри попусти, нека пише некој ако бил/оди денес дали вреди да се оди? Или како вообичаено попусти на 5-10 парчиња облека во еден бутик и кажано -20%, а се друго нормална цена?
Изгледа само јас не сум била да го видам новиов мол. Ама после пукањето изгледа тешко и дека ќе одам Дали имам пропуштено нешто ново и забавно? Вие што сте биле како е?
Многу се прецениле со цени, се чудам народов како купува еве ќе дадам пример, чизма 10 000 а не е кожа, да дадеш толку пари за нешто а да не е кожно, да не зборам кошулите од по 4.000 до 5.000 што исто не се памук... Попустот е реалната цена, ако сме искрени
Па затоа повеќе се исплати надвор преку граница да се оди. Секогаш одам до Косово , Солун, Софија и Италија. На едно убаво патување и си купувам од таму за сезона
Мене ова со пукањево ми беше страшно (и не е прв пат) никаква безбедност нема па џабе им се попусти сега. А и затоа им се попустите, па и тркала на среќата, бесплатен паркинг(А и попустите маскирани).
Пукањето не беше у Дајмонд, у Гејт беше. Иначе ништо немаш пропуштено, ништо ново и невидено нема у новиот. Внатре е убав, убаво уреден, широк и простран ама продавници некои посебни нема, бар засеа.
Баш ништо нема посебно, па и во ист гејт, истите работи се вртат, лански модели елеци со иста цена. Во Италија во Зара имаше панталони, џемпери по 10 евра. Тука не е истиот квалитет, па и чизмите не им се кожни, а претеруваат со цените.
Во комерцијална банка може да се купи гифт картичка за Ист Гејт. Треба да има листа за кои продавници важи на линкот подоле https://www.kb.com.mk/gift-egm.nspx
Мислам дека било кој може да купи на шалтер (не е врзана со сметка), ама не можам да тврдам со сигурност бидејќи не сум купувала, само на подарок имам добиено. Има и за Сити Мол.