Јас денес ништо не видов да има попуст, тргнав по друго за Скопје, ама секогаш после работа во Ист Г завршуваме. Искрено се изненадив, толку многу реклами за попустите јас ништо не видов освен некои летни парталчиња што имаше некаде и во Пандора и Тимберленд што имаше нешто. Во бутик буквално на ништо не најдов сезонски да е намалено, Синсај читам имало, искрено до средина влегов и кога видов народот што направил со облеката буквално се згрозив. Толку ли сме народ без осет , повеќе облека имаше на подот отколку на рафтовите, и имаше вработени кои работеа не дека не, ги средуваат алиштата али тоа така не знам колку време им треба да го средат. Во другите бутици немаше до толку хаос ама овде многу лошо. Греота за вработените што им правиме, зарем дома така се прави? Делот кај дечињата да ти е жал да ја гледаш облеката долу, катастрофа
Влези во Зара за време на попусти и ќе ти згрози уште повеќе. Муштерии ја гледаат облеката на подот и намерно ја газат за инает. Идиоти
Знам дека помина Black Friday, но тогаш не бев во можност да отидам и да разгледувам, дали викендов некој знае да не има уште некакви попусти, конкретно во House, Cropp, Sinsay...? .
А знаете ли дали ке работи во текот на денот? Имам работа таму, ама не знам дали воопшто да идам или не.
Баш така. И ја го иам истово помислено. Па не е нормално све таму се дешава нешто. Од коа го отворија само неколку пати сум била и секогаш глупо се осеќам. Ич не го сакам. Еве се потврди дека лоша карма има некоја таму. Проклетството ги следи, што саемот го уништија..
Ние вчера бевме, вкупно 3 пат. И баш го помислив тоа, дали нешто ќе се случи.... Мислам дека последен пат бев вчера, до толку не го сакам овој мол. Лавиринти, многу не прегледно...
Најужасниот мол у Ск па и пошироко. Не знам депре ми е многу. Толку голем е и со многу продавници ама грозен ми е. Нема некој пријатен вајб воопшто. Последно коа бев како смрдеше гадно внатре. Дали од тоа што беше поплавен, одвај чекав да искочам. Едино продавницата на Зара што е поубава таму отколку во Сити мол, иначе другото тапа.