Доколку некој сака да работи во некој од продажните салони на Zara, Massimo Duti, Bershka, Stradivarious etjj.. нека ми пише да му пратам код за пријавување, има 150 слободни работни места. Или воопшто ако барате работа на друга работна позиција пишете ми во порака
Зошто да праќаш код кога имаат активни огласи скоро за сите дуќани? И нели малку претеруваш со ова 150 работни места?
Дали знае некој дали ќе има H&M, C&A Во Србија има тука не, а толкав мол да нема вакви брендови. Во продавниците со скапи брендови доволно е да продадат нешто за викенд и ќе извадат колку овие другите за цела недела. Нормално е дека нема гужва, ама имаат купувачи. Скопје има и богати купувачи, погледни ги сите со поголеми плати носат Поло, Армани, Хуго Бис, Левис, облека не Ваикики, Теранова и други.
H&M за сега нема да има, као биле нешто во приговори ама не се знае. За C&A не сум слушнал некаква информација, а McDonalds беше најавен ама не успеаа да постигнат договор со сопственикот на франшизата за овој регион. Пак ќе речам, толку го хајпаа молов, а на крај ништо особено ново нема да има. За неколку стотици продавници само неколку нови брендови не е баш некој напредок во однос на city mall, дури и кино салите ќе бидат со иста технологија како веќе постоечките.
Единствено добро е што ќе носат повеќе роба, ќе повеќе избор и почесто ќе може да си наоѓаме бројчиња.
Во Рамстор маичка со кратки ракави од Paul&Shark им е 24.000 денари, а во Бугарија ја купив за 200 и нешто евра. Овде сакаат со една маичка да заработат колку за 1 месец. Во Бугарија не сраваат многу маржа и поефтини се оригиналите. Патики од Dsquared2 ги начекав на попуст од 600 евра на 300. 50% попуст на оригинални патики. Беше отворање на продавницата и имаше убав попуст. Овде кај нас да имаше од тој бренд и 1.000 евра ќе ги ставеа. Не е до парите, туку до тоа што не прават будали.
Мекдоналдс ќе нема, а требаше да има. Ќе дојдат некој косовски и албански фирми, наместо некои од Германија (Nordsea за храна на пример се одлични) или Five Guys (ги најавуваа кога почна да се гради молот), Nando's, YO! Sushi (ниедно асално за суши нема во Македонија) и тн. Значи сите брендови од Сити Мол ќњ ги има и овде, плус тие полските (добри се срварно, ги има и во Софија) и некои косовски квази фирми за храна. 29 октомври.
Cropp. Mohito, Reserved, House и Oysho мислам беа 5тите. Често купував од нив во Србија и Бугарија. Топ се. Само ова се новитетите во молот. Другото ќе биде се косовско за јадење и кафичот на син му на Шилегов.
многу врева за ништо испадна молов некако... и цело време го одолговлекуваат отварањево. За Мекдоналдс не може да има затоа што Македонија е на црна листа ради далаверите што ги направил претходниот сопственик на франшизата (на времето коа имаше мек), поради шо и го затворија. Покрај нас е и Црна Гора.
Фала богу, ама осеќам набрзина ќе се распродава се освен ако не се прошират и во другите молови и градови. Уште C&A и sOliver, навистина убави работи имаат. За Примарк не верувам имаше најави за Србија, Бугарија и Грција, а Скопје баш ќе биде центар ако се отвори овде.
Што очекувавте бре луѓе од молов. Сопственикот на CityMall е истиот и овде. Сами на себе конкуренција акко да си прават. А за косовскте фирми што очекуват Балфин груп е. Таа им е таргет група. Плус мал пазар сме ние за да влезат посериозни фирми. За милион и шесто луѓе ништо не се исплати да отвориш тука. На неколку саати пат имаме градови што имаат жители колку целава земја (Солун Белград, Софија). @Компир Манџа пробај ги МореМаниа за суши. Мене ми се убави од таму работите.