Не го сфаќам хајпот за Мекдоналдс во Мк покрај сите места во Скопје за брза храна што е илјада пати подобра од Мекдоналдс посебно бургерите не се ни споредливи, али до името е Инаку молов ми се допаѓа многу како градба , од брендовите спомнати единствено што ми звучеше повозбудливо е H&M ако донесат, но сепак би сакала да има повеќе врсти на продавници а не само за облека. Според мене ни требаат некој појаки second hand продавници како во странство што има каде можеш да се изнакупиш се, а не Calvin Klein и Hugo Boss.
Си имаат муштерии и за такви брендови, но треба и за остантите и тоа со реални попусти како во Германија. Денес одиш 50 евра, а после една недела 10 евра, па 5 евра. Купуваш десет јакни за 100 евра. Да се исчистат старите модели, а не ај ќе ги чуваме за следна. Истите патики кружат по спортски продавници и се тоа па тоа. И Спорт Вижн со лажните попусти. Дуксер 1800 ден и ако купиш уште еден производ добиваш 50% попуст. Уствари никаков попуст, само го претплаташ првиот производ. По завршувањето на акцијата дуксерот се враќа во нормална цена 1300 ден. Бев викендот во Сити Мол и цените се доста покачени. Истите дуксери што ги имам купено пред година дена во истиот период беа два за 800-900 ден и реална цена еден по 600 ден, а сега два за 1500 ден и тоа вториот на 50% попуст.
ова сигурно ќе ја збогати нашата шопинг понуда. Мило ми е што гледам дека овој трговски центар ќе привлече многу посетители од Косово и јужна Србија.. на крајот се надевам дека наскоро ќе ги видиме H&M, C&A, Takko fashion, Pepco, Kik..