од 15 ноември е задолжително со две дози,пред тоа може со една https://nezavisen.mk/od-15-noemvri-za-vlez-vo-objektite-kje-se-bara-sertifikat-za-dve-dozi-vakcina/
тоа беше предлог од 1ви октомври да е,но не се усвои рекоа ќе кажат после изборите вчера се усвои и важи од 15 ноември
Многу малку новини во понудата. Нема ништо развојно кај молов. Рамстор веќе диши на респиратор. ГТЦ одмна е мртов. Ќе префрламе од шупливо во празно фирми ваму таму. Едно ќе се крене, друго ќе пропадне. Жално што за профит на мала група на луѓе се испосекоа дрвја, се направи огромно бетонско џунглиште (какво што е впрочем и City Mall). Не мора да шетаме, нека биде с ена едно место, ќе станеме Американци се со кола ќе одиме.
Најкриво ми е што го изгубивме саемот. Со Ист Гејт ништо ново не добивме. Скоро истите продавници што ги има во Сити Мол.
Исто и мене. Се изгуби простор што сите поголеми градови го имаат на сметка на непотребни работи. Па сега Саем на книга во спортски сали ќе правиме. Да не зборувам што Саем на мебел на пример нема каде да се прави. И какви се не други активности. Какви концерти и настани имаше на Саем. БУдалаштина на корумпирани политичари и толку.
Ми се плаче од помислата дека немаме саем. Ама тоа е...за да се задоволи урбаната мафија, работи што го прават секој скопјанец среќен, ги снемува. Штетата е на нас, обичните смртници.
Мене блиски извори на дм ми кажаа дека ќе отвараат на 11.11 За пепко навивам и јас, се надевам у скоро време ќе го донесат.
Нормално дека ќе е како Сити мол на истата компанија е. Не очекувам ништо поразлично да биде од него ни во понудата ни во цените. Единствено е предност за сите што живееат во другата половина од Скопје, ако сакаат нешто конкретно од тие дуќани што се таму, што нема да мора да одат дури до Карпош за да го купат. Поблиску им е. Ќе го растеретат и тој во Карпош. Кога ќе ми речат децава до сити мол, ми се темни. И избегнувам да одам, напорен непотребен трошок ми е тој мол. Секогаш за купеното од таму преплаќам и со пари и со физичка енергија (ич не е leg friendly). Можеби можеше тој простор да се намени за друго, ама реалноста е дека се повеќе одиме во правец на конзумеризам, така да тој тип објекти ќе никнуваат и понатака.
Лидл обично отвара надвор од град, а не во молови. Ако некогаш има во Скопје сигурно ќе е Визбегово или Илинден. Не беше среден тој дел од Скопје. Сега со молот и со неколку нови згради центарот ќе биде таму.
Скоро сè ќе се отвори сега. Само неколку продавници што може на прсти да се избројат нема да се отворат сега.