Па, не се согласувам баш дека е така. Има многу од нас кои се невакцинирани и не отишле апсолутно никаде на затворено откако се донесени мерките.
Не ми е мене толку проблем. Ми одговара на отворено, во парк. Купувам на пример од FH супа, салата или бургер и таму седам со друштво на дистанца. Додуша поретко периодов пошто немам желба за излегување, ама сепак. И зима така ќе тераме. Ела со мене.
Си сакам шопинг многу, тоа ми е како терапија, особено после полагања, а за кафиња и одење по ресторани и пред ова не одев кој знае колку, ништо не ми менува. Ќе си се дружиме .
И ова ќе се распадне кога ќе изумре меракот на народот. Според мене подобро ќе беше да го реновираат ГТЦ и да инвестираа малку во другиве градови. Ем поатрактивни ќе станаат, ем младите ќе си останеа таму.
Тоа е грешка на државата за се не само за ова. Факултети, здравство, болници, развој на град, индустрија се е насочено ж само кон Скопје и затоа е Скопје она што е денес, хаос и само хаос. Другите градови во Македонија се запоставени и народот мора да бара негде спас и решение. Ама тоа скапо ќе не кошта. Ова Ист Гејт ќе биде актрактивно недела две и месец после ќе им скисне на луѓево. @cresa-jagoda Утре ќе го отвaраат, денеска работеа како мравки. Поставуваа и бина за забава.
Планирам да го посетам, ако не денот на отворањето, тогаш некој од следните денови. Од тоа што го видов на сликите изгледа убаво, а како што гледам ќе има и доста избор. Релативно далеку ми е од дома, само тоа е недостатокот за мене.
Баш тоа ми е поентата. Градчињава се мерак за прошетка на викенди, ама многу се мртви зошто од младиве ретко кои останува. Ете немаат каде да се вработат и ќе си заминат, ќе остават сé зад себе. Баш читав статија за колку Свети Николе е празно. Младите си заминуваат зошто ништо не е инвестирано во градот за да останат.
Не верувам да се распадне. Ќе се распадне Рамстор, него го држат само овие од државна администрација. Младите нема да останат поради молот, туку за работните места и висината на платите. Не се атрактивни малите градови. Инаку нов мол ќе има во Штип.