Потрошувачите во сити мол ќе бидат истите како и во east gate, според тоа не знам зошто пак непотребно се бетонизира градот. Да имаше нови продавници ќе разберев некако ама вака копи пејст ..
Зошто некогаш од другиот дел на Скопје да отидеш до Крапош ќе се замислиш, а сега е поблиску и наместо еднаш месечно ќе се оди најмалку еднаш неделно.
Овие па што брендови се. Исто и Sinsay. По локалните бутици има повеќе квалитет. Од сите, Пепко е по ок. И да, сите се ефтини. Да видеме како ќе е во Скопје. Инаку Croop, House, Mohito се одлични. И со нормални цени.
Да јас уште жалам, спомени имам од многу собири и саеми таму, а да не зборуваме за тоа што истите е неостварливо да се направат во ист капацитет на друго место.
тешко остварливо, ќе доаѓаат многу од преку граница така да секогаш ќе има нова раја, обрт. Денес тц е како да имаш нафтен извор у двор, самиот конзумеризам го прави профитабилно местото. Не мора да значи, во Софија ги има на секое ќоше низ самиот град нешто како Кам кај нас. Во Солун исто има низ градот иако да во другите помали градови низ Грција се на периферијата за да и на жителите од приградските населби или меѓу градовите им се обезбеди поблиску пристап до нив. --- На темава ќе го посетам трговскиов кога ќе се растерети цела фама и гужви околу него на раат да уживам во ентериерот, дизајнот и цела архитектонска изведба, а и неако ми се чини нема да излезам со празни раце, барем за книги од Три и Литература сигурна сум дека ќе снабдам
Не би се согласила. Сити мол е поблиску за лојалните потрошувачи на брендирана облека - прекуграничните купувачи. За народ кој грото купува од Шутка, доста е еден Сити мол. Има толку многу убави работи да се направат, немаше потреба баш од мол. Како што кажаа погоре можеше ГТЦ да го средат.
Мене па ми е преблиску. Со кола за 5мин сум таму, за разлика од Сити мол,низ гужвите некогаш и за 30мин стигам. Автобуси има најмалку 10 линии: 2, 12, 16, 23,65, 50, 52,53,54,55,68, 62,63,69
Еве кои дуќани имаат отварање денес, ако некој го интересира https://www.fashiongroup.com.mk/blo...prodavnici-na-fashion-group-vo-east-gate-mall Имам чуство дека моиве тинејџери ќе висат овде од денес, пошто им е поблиску од Сити мол башка поново, поубаво, поголем избор на роба... Секако денес или утре ќе одат да го видат..А пошто маж ми нема сертификат, погодете кого ќе го влечат со нив
Малку off-topic. Ако добро се сеќавам, имаше известување дека доколку лидл доаѓа во мк, тоа ќе биде на посебна повшршина, во посена зграда, а не во склоп на east gate.
Саемот и молот имаат сосема различни функции. Огромен безличен мол налик на мнгоу други во светов не сум баш сигурна како го збогатува градов? Аха еве кажа поблиску ќе бил до луѓето од таа страна на градот. Баш фино. Полесно ќе се практикува консумеријализам. Кому требаат саеми, концерти, култура. Битно парталчиња да има каде да се купуваат. Друго не мора. А и згради ќе имало. И тоа фино. Сите дрвја ги снема од просторот. Ќе се туткаме како кибритчиња па ќе се жалиме топло било во Скопје во лето и загадено во зима. Е па кога е побитно мол да има и згради така ќе биде.
Истото помислив и јас. На инста сите сториња се од таму никој маска не носи и после тоа не се смирува ситуацијата, епа нема...
Скенираат сертификати или? Така слушнав. У Сити мол барем лесно се влегува со сертификат од кој било, никаков проблем не прават. Ако не се опаметат и овие брзо ќе почнат да кукаат како нема промет. Плус ако се одземе и процентот на старите вакцинирани лица кои немаат никаков интерес за молови, не им се пишува добро.
Не би се изненадил во центарот на универзумот, околу кој се врти космосот, наместо црна дупка, да се најде еден плакар со парталите кои секогаш ги бараш, но никогаш сосема не ги наоѓаш, токму тие што ти се таман , те прикажуваат во најдобро светло, и се доволно евтини за да си ги дозволиш... Ете ти еден силен онтолошки мотив за сите тие copy-paste молови!