Звучиме како баби јас и ти ама стварно е така. Зошто ви пречи изградбата на згради каде треба да живеат луѓе пред холидеј ин а и на било која друга локација а не ви пречи мол кој веќе го има во градот само на друга локација? И едното и другото е бетонизација на градот. Каде да се прават зелени површини кога не остана плац поголем од 70м² а да не е узурпиран. За културата и саемот не ни праам муабет, не е тоа за наш народ.
Dali imate zabelezano vo nekoi dr drzavi bershka e na nivo na zara i mango tie ceni ovde e nekako poeftina
Таму кај што сум била, не. Сум купувала и "кожена" јакна и фармерки и блузи за евтино. Под евтино мислам на фармерки за 10-12 евра пример.
Баш напротив, овде цените во Бершка се напумпани. Бершка е во главно поефтина скоро секаде во странство, за Шпанија па да не зборам, за живо џабе се наоѓаат работи. Јас со една Софија кога споредувам цени гледам колку кај нас е поскапо а истите брендови се.
И јас истово го имам приметено, во Софија и Солун слични се цените ама поевтино од кај нас. Во Турција исто поевтино е и има големи броеви, а во Шпанија багатела е и плус и таму има од големите броеви до xxl, а не ко кај нас на xl ако најдеш се радуваш, а тоа е на почеток на новите колекции само или на распродажба ако нешто останало од тој број, едно парче пример.
Јас бев дека ептен блиску па ај да видам Огромен мол, а чудо никаде попусти ништо.. Пример Фло, во Турција имам земано Поло обувки за смешни цени, тука цени набилдани, па и зачуден продавачот зарем Поло продаваат во Фло.. Ај дека преку улица ми е ептен за на кафе,иначе за шопинг сум си верна на Косово
Абе какви попусти…. Кај нас отсекогаш цените биле повисоки во споредба со останатите земји, а шо е најтрагично, оти знаеш тарапана сме со пари, се трча да се купи на полна цена, тоа им одговара на продавниците и не даваат попусти или многу малку останало за на попуст.
Ладно внатре, недочистено ,со прашина. Улиците околу до половина направени..инаку ентериерот модерен и многу поголем мол од сити мол.
Во Косово поефтино ли е? Ако е поевтино не ми 5е јасно зошто Косовари се секој викенд во Сити Мол? Во која држава може да зе направи ефтин шопинг, реално кај нас е изгор?
Турција, па и сега како е падната лирата поевтино е иако на некои продукти цените се накачени заради ова, ама на оние што не се сменети багатела е. За Косово не знам како стојат со брендирана роба ама некако сметам дека тука идат ради брендовите, ако грешам ок, не сум 100% сигурна.
Според мене вака поефтино е во Косово него тука. И општо по маркети за бутици да не зборам.. Не знам ни јас што толку доаѓаат тука, колку што имам слушано од наши познаници што живеат таму доаѓаат највеќе заради нашиве приватни болници. Па ус пат прошетаат. А и доаѓаат заради Зоолошката. За шопинг со Турција им нема рамни. Ниту со цени ниту избор. Па Венеција аулетот … Често идам, од таму си купувам залихи и за мене и за децата. ХМ пример таму колку е поефтин за разлика од Солун на пример.. Поло исто така.. Најк, Гес.. Зборам за аутлетиве.. Не знам, конкретно за кај нас не памтам кога за себе сум купила нешто. И скапо и слаб избор А да, маж скоро во Аланија купи јакна наши неполни 800 ден во Ваикики, денес ја видовме 1990 ден.. Плус уште повеќе падна лирата..
Да, доаѓаат косовари кои се полни со кеш и купуваат, не станува тука збор за ефтино, да беше така немаше да пазарат во Сити мол туку директ Шутка @mssuniquee според мене споредбиве ти се нереални, далеку сме ние од Турција, лулката на трговијата уште од памтивек, друго, не можеш да кажиш дека е тука скапо па затоа одиш на пазарење Турција, Солун, Венеција,…. зошто кога ќе го додадеш патните трошоци испаѓа шопингот далеку поскап, а за избор нема споредба