1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Бидејќи во темата за Астрална Проекција се разви мала дискусија за ова, решив да отворам нова тема и тука да споделуваме мислења/искуства :)
     
  2. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Соновната парализа е медицинска појава. Парализата на телото е нормална појава во REM фазата од спиењето за да се спречат движења и од тука повреди на телото додека сонуваме. Но некогаш мозокот се буди од оваа фаза, а телото за кратко останува парализирано. Личноста е потполно свесна, значи не сонува туку навистина го доживува тоа, не може да мрда, а некогаш оваа парализа е проследена со страшни халуцинации и необјаснливо чувство на опасност, што и всушност е понепријатниот дел од оваа состојба. Значи докажано е дека оваа состојба се случува како кратко несогласување помеѓу мозокот и моторните органи. Од оваа состојба халуцинациите се тие што се спорни и интересни. А состојбата како состојба медицински е објаснета, постои и сите ние што сме ја доживеале не сме сонувале, туку стварно се случила...

    Кај мене се има случено оваа парализа но многу кратко траеше... Но на почетокот се исплашив не знаев за што станува збор :worried:
     
    На orevka и Goticarka им се допаѓа ова.
  3. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На Angiie му/ѝ се допаѓа ова.
  4. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Ама е језиво видеото :worried: :worried: ... Што уште не може да ти се случи додека спиеш
     
  5. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Има повеќе видеа, напиши само Sleep paralysis ќе се појават. Мене не ме држи гз да ги изгледам сите :shake:
     
    На caroline.costa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. k.i.t.t.y

    k.i.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2011
    Пораки:
    200
    Допаѓања:
    74
    Омг клипов лелеее...... Сеа од што мислам на ова нема да можам да заспијам вечер... :worried: Ама овие малце забегале го прават маж, една дури забегала до толку дека се обидел секусално да ја нападне. Не е до толку работата, американциве баш сакаат да драматизираат. Мора да е до психата, па секој го доживува различно... Пу пу скраја било, од место се мрднав ова не го посакувам да ми се случи пак ни на мене, ни на било кој.. едно од најдовратните чувства... :worried: :worried:
     
  7. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.894
    да да имало и сексуално изамчување,на еден маж доагала сенка-жена,и го сексала :D :^) и се преселил од куката,па со свештеници го лечеле :tmi: јас напишав во астрална проекција нешто,да го копирам овде? :?:
     
  8. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Парализата на телото е нормална појава во REM фазата од спиењето за да се спречат движења и од тука повреди на телото додека сонуваме.

    http://www.youtube.com/watch?v=h1pOb-vP ... re=related
     
  9. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ајде бре девојки ме се плашете толку ништо неможе да ви се случи.
    Јас сама си правам парализи во сон или поточно кажано тоа е транс состојба кога умот ти е свесен а телото ти е заспано и неможаш да го движиш.
    Можам сама да се доведам до состојба на транс (тоа е исто како парализа во сон) а за тоа како го правам трансот имам објаснето на 3 страна од Астрална проекција.
     
  10. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Едит: Редактирав ... Чим не било тоа што мислев беше оф топик. :)
    Видеово од Офи ме уништи. :x


    Едит пак: Тогаш се извинувам Доберман за мојот грешен заклучок. Си Подразјаснив нешто од твојот пост после мојов ;)
    .
     
  11. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ма нема никакво давење во парализа во сон,тоа давење е плод на нашиот страв од непознато.
    Значи кога имаш парализа во сон нели можеш нормално да мислиш но телото неможеш да го мрднеш е тука почнуваш да се „гушиш„ и да се осеќеш тешко како некој да те поклопил.
    Тие чувства се од стравот инаку тие што не се плашат како мене тоа не им се случува едноставно умот ми е буден а телото заспано а такви гушења и сл нема бидејќи не ме фаќа паника и можам да ги контролирам мислите.
     
  12. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    Ми се случуваше одамна,и често,во скоро време ми се нема случено ниту пак сакам затоа што навистина е многу страшно и језиво.Во таа состојба на парализа во сон,или што и да е,си потполно свесен,се случувало некогаш да слушам и некои звуци,но немаш моќ ниту да се подмрднеш ниту да прозбориш,чекаш само да можеш да се разбудиш.Страшно е,им имам кажувано на моите,мајка ми вели и нејзе и се имало случено така.И се случуваше често и на една моја другарка,па баба и ни велеше некои сенки не газеле :( језиво.Претпоставував дека мора да има медицинско објаснување за ова,па мислам дека овој термин најмногу одговара на тоа.Читав и за астрална проекција,но ова е поблизу до она што мене ми се случуваше.
     
  13. kate-the-great

    kate-the-great Популарен член

    Се зачлени на:
    26 октомври 2010
    Пораки:
    1.473
    Допаѓања:
    1.833
    Мене ми се има ова случено 2 пати .
    Значи цело тело ми се укочува ,немам ни глас да викнам,неможам ни да мрднам
    и се чувствував како некој да ми го притиска стомакот :| (бидејќи струјата беше изгасена 100 % бев сигурна дека има некој над мене и се обидува да ме убие).
    Откако поминаа неколку минути во закоченост сеуште немав глас да викнам ама ја пуштив светилката со нога и ми олесна малку кога видов дека нема никој ,ама сепак не ми беше јасно што се случи и страв ми беше неможев да спијам. Во стрес бев тој период можеби затоа така ми се случи два пати едно по друго
    сега да не се заречам пу пу пу :headbang: :headbang: :headbang: ми се нема случено .
    Мислам дека ако уште неколку минути бев закочена ќе добиев срцев или мозочен удар .
     
    На Badii му/ѝ се допаѓа ова.
  14. caroline.costa

    caroline.costa Популарен член

    Се зачлени на:
    29 октомври 2010
    Пораки:
    1.268
    Допаѓања:
    2.587
    Сега баш правев мообет на таа тема со бато.. Го прашав дали му се има случено такво нешто.. Ми кажа дека имал такво искуство... Додека спиел усетил дека срцето почнало брзо да му чука и се разбудил.. Помислил дека е од тоа што лежел на грбот и се обидел да се сврти на другата страна.. И ми вика не можам.. Гурал со едната рака да се помести вика не бива.. Како нешто да ме притиска одозгоре (иначе тој има над 100кг.).. И вика со цела сила се поттурнав назад и се преобрнав и се насмеал така цинички демек го победил тој што притискал надолу... И вика сакав да ја запалам ламбата ја повлекол за жичката (зошто има во собата од тие зидните ламби) и вика не се пали струјата.. Погледнал во телефонот тој се полнел и си помислил дека има струја и за да се запали ламбата.. Пробал пак но не биднало.. Бидејќи бил многу изморен заспал пак и сабајлето кога се разбудил ја запалил ламбата и таа светела..
    Лелле кога ми го кажа тоа целата се преплашив а неговата соба е над мојата :worried: ... А како шлак на сето тоа ми кажа дека куќата ни била изградена над гробишта :sweat: :worried:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.095
    Допаѓања:
    56.324
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено неколку пати кога сонувам некој страшен сон и се будам од него, телото да ми е укочено и не можам да го мрднам, сакам да викам а не можам. Пробувам а не излегува глас. Потоа мајка ми ми кажува дека всушност сум се дерела на цел глас, а јас мислам дека не викам. Знам дека спијам, свесна сум и си велам разбуди се разбуди се, мрдај, но не можам. :|
    После тоа не ми е страв, навикнав веќе и на кошмари и на месечарење и на ова што погоре го кажав, зашто од мала имам проблеми со нив, па се смирувам со дишење и си легнувам пак.

    Редактирам - ова на видеово е премногу издраматизирано, иако сега додека го гледав се сетив на еден мој случај кога бев убедена дека имам демон во собата, и ми се случи таков обид за викање. Мајка ми утрото ми кажа дека сум викала со сосем неприроден глас, премногу гласно и страшно, како некој бавно да ме убива.
    со темјан ме чадеше жената, таа повеќе од мене се уплаши :D
    Повеќе пати сум мислела дека умирам, и ми се случило истото. Јас мислам дека тоа што го визуализираме е само сон, а ваквата состојба може да се објасни како што некој кажа погоре - умот реагира а телото се’ уште не е разбудено, па испаничуваме и се случува тоа.
     
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    АУУУ ама е језиво.... Будна си, се здрвуваш скрос на скрос, не можеш да мрднеш, да викнеш по некој, да отвориш очи, а што е најтрагично свесна си што се случува :envy: доста често ми се случува, и дефинитивно го вбројувам во едно од нај језивите работи :devil: ! Не знам која е причината за ова, ама не можам да го поднесам! И некогаш спиеш, и ко во дупка да паѓаш, и нагло стануваш.... мене мајка ми ми има кажано дека ова и се има случувано до 20 и некоја година, после престанало
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  17. velesanka

    velesanka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    2.426
    пу пу мене ми се нема случено вакво нешто..јас обично се движам, мавам, боксувам во сон.. а да лежам мирна тешко.. :lol:
    а инаку ми изгледа многу страшно..
     
  18. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Mногу ми е познато чувствово... :) Имам и пишувано за ова во `Необјасниви случки` мислам...

    Мене баш ми се има случено таа црна силуета да ја видам машка...И тоа последниот пат имаше капа на главата и нож во раката над мене.
    Интересно беше што креветот ми е поставен спроти прозорот, и прво што гледам кога ќе отворам очи е прозорот. И ми се случува мене оваа парализа, мислам дека траеше борбата цела вечност, а сигурно било многу кратко.
    Наленува `чудово` врз мене, отварам очи, убаво гледам дека има капа, ликот неможам да му го видам, гледам одсјај на нож во десната рака завртен кон мојот врат, а зад него прозорот. Времето надвор пред да раздени, ролетната до-пола спуштена, завесата една страна фатена една пуштена до пола прозор.
    Среќа што агонијата ја преќина лабрадорката моја, која во моментот рипна на кревет како нешто да почувствува.... Дур тогаш успеав да свриштам и дојде мајка ми.
    Одма погледнувам во прозорот, ситуацијата иста како кога `тоа` беше тука...

    Многу е веродостојно луѓе, јас `видов` со свои очи и никој и ништо неможеше да ме разубеди во спротивното.

    Среќа што истата година одев на пракса на Психијатрија, и професорот убаво ми го објасни тој синдром.

    Мене најчесто ми се случува, кога доста време сум на проби, неспиена по ххх часа...телото е парализирано а мозокот се буди. И да јас во тој момент сум била будна, сум го гледала прозорот, а `тоа` било одраз на `сонот` т.е веродостојна халуцинација... Кучката моја насетила дека `со мене нешто не е во ред`, дека се обидувам да се помрднам/вреснам и.тн и затоа срипала на кревет токму тогаш.

    Само не ми е јасно, зошто, уште од дамнешни времиња па до денес, сите ги гледаат тие машки силуети... На сликите од римска империја дур, нацртани се тие црни духови како силуети, точно како што се појавуваат?!?! Зар ако фантазијата на човек т.е сонот во тој миг работи, неможе да смисли нешто друго..... :)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ме заинтересира ова. Страшно е, ама сакам да ми се случи.
    Вакво нешто до сега немам доживеано, само ми се случило пар пати да спијам, а да слушам се` околу, но тоа нема врска со ова. :)
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Леле ме наежи видеото на Оффи. Ми се случувало и мене многу пати така, но не до толку да ми се појавува некој. Се будам, не можам да мрдам, неможам ни очите да ги отворам. Немам глас да викнам. Еднаш знам убаво почнав да слушам бучава, си помислив немој земјотрес да има. Се се тресеше а бучавата стануваше се посилна. Испаничив а бев немоќна да направам било што и почнав да се препотувам. Со цела сила се напрегам да викнам, но гласот ми го однемува, сакам да мрднам барем со прсте но не бидува, а бучавата станува се посилна и посилна. Некако ми се ослободи телото и почнав да викам. Татко ми дотрча и му раскажав што ми се случи и тој ми рече дека и нему му се случувале такви работи. Си легнав во дневна со запалено светло, таман да заспиев пак почна истата бучава но ми се чини траеше само секунда и веднаш сум заспала :whew: Тоа ми е една од најстрашните случки, ми се случувало многу пати но не до толку како оваа што ја опишав.