Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Вчера ми се случи нешто слично но не знам баш дали е ова, ако може некој да ми помогне..
    Пред да заспијам беше, но не бев заспана само ме фати една дремка.. одеднаш се вкочанив како залепена за кревет.. не можев да го мрднам цело тело ни раце ни нозе, не можев ни да ги отворам очите како залепени ми беа капаците, ушите ми беа скроз затнати и слушав само зуења, немав глас не можев да зборувам а свесна бев за се не спиев
    Луѓе не знаете колку се исплашив, помислив удар добив толку готово е со мене..
    Бидејќи живеам со цимерка очајно сакав да ја разбудам да ми помогне но не можев ни да мрдам ни да зборнам иако внатре во себе викав на цел глас.. сето тоа траеше половина минута некаде и откако помина гласот ми се пушти и викав по цимерката можеше да ме слушни.. и од почетокот на сето ова како некој дух да влезе во мене не знам како да опишам и откако заврши како да го напушти моето тело..
    Но не видов никакви сенки никакви луѓе никакви работи како што обично луѓето гледаат кога го доживуваат ова.. и прв пат ми се случува...
    Инаку пред 2 недели почина дечко ми во сообраќајка.. и навистина не знам дали има нешто поврзано со тоа или е само дел од нашата физиологија...а последно нешто на кое што мислев пред да се случи ова беше да му пишам на другарот на дечко ми да идеме заедно на гроб кај него.. ама може и ништо да не значи тоа по цели денови мислам на тоа секако..
    И да напоменам, јас сум НАЈГОЛЕМ скептик за вакви работи, значи не сте виделе човек што повеќе од мене не верува во соништа и бајачки и натприродни работи и све од другата наука.. и секогаш сум се смеела на други кога зборувале за нешто вакво ама после ова не знам навистина...
    Ве молам за мислења навистина ми е многу тешко овој период..
     
  2. Lolipop23

    Lolipop23 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 март 2010
    Пораки:
    5.357
    Допаѓања:
    25.960
    Пол:
    Женски
    Не е ништо натприродно, не се секирај. Тоа е психолошка состојба, состојба на умот, минуваш низ тежок период, не е лошо да поразговараш со психолог за да полесно го надминеш ова. :hug:
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    Разбирам дека е и до психата да, но сето тоа што ми се случи беше физичко значи потполна парализа на телото, неможност да зборувам и да ги отворам очите, затнати уши, а разбудена..
     
  4. Just.do.it

    Just.do.it Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Да, најчесто така се манифестира оваа појава. Но причините се од психичка природа. Најчесто настанува во РЕМ фазата во спиењето, кадешто мускулите се олабавени, а мозокот се уште е буден поради тоа чувствуваме дека не можеме да се движиме ниту пак да повикаме некој.
     
    На boo3 и Emilija97mk им се допаѓа ова.
  5. Emilija97mk

    Emilija97mk Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2015
    Пораки:
    237
    Допаѓања:
    214
    Пол:
    Женски
    ... искрено I was kinda hoping he was somehow here..:( после се што се случи само читам за тоа дали има нешто после смртта.. иако претходно не верував сега се надевам најискрено затоа што не можам да сфатам како некој повеќе не може да постои :( ...
    Али да не одам оф топик тоа е друго, фала на мислења :)
     
    На Just.do.it му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Just.do.it

    Just.do.it Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 мај 2019
    Пораки:
    513
    Допаѓања:
    1.194
    Пол:
    Женски
    Низ тежок период поминуваш сега, а една од причините за ова е стресот. Разговорот со блиски личности ќе ти помогне. Можеш и со психолог да се консултираш.
    Немој да се грижиш за парализата во спиењето. Се случува кога поминуваме низ тежок период.
    И мене ми се има случено 4 пати досега. И од искуство можам да ти кажам, пробај да ја промениш положбата на спиење. Најчесто се случува кога спиеме на грб.
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  7. 96kiko96

    96kiko96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 мај 2018
    Пораки:
    174
    Допаѓања:
    442
    Пол:
    Машки
    Не се плаши ама баш ич, не е нешто толку страшно јас го искусувам веќе со години од време на време, првите неколку пати ми беше ужасно застрашувачки но сега веќе сум навикнат плус мене ми се дешава да ги отворам очите, гледам, слушам не само зуења туку и гласови и како некој чекори позади мене а не можам да мрднам, сега не ми е толку страшно мада е езиво ама знам што е и дека нема да ми се деси нешто навистина страшно, не е нешто што ќе те доведе во животна опасност, поразговарај со некој психолог или слично и се ќе си биде во ред.
     
    На Emilija97mk му/ѝ се допаѓа ова.
  8. raww

    raww Популарен член

    Се зачлени на:
    18 март 2014
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    828
    Мене ова ми се случува кога сум премногу анксиозна и вознемирена. Последниве неколку пати чуствувам како некој вибрации да ми минат низ рбетот на вратот како да ми се тресе местото со некоја болка.