1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. Fearless

    Fearless Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.344
    значи темава во срце ме погоди. Една од најнепријатните теми во мојот живот. Колку е неоријатно тоа чувство, страшно, и премногу пати сум чекала да се раздени за да заспијам. Значи спијам, наеднаш се разбудувам и гледам пред мене некои страшни бубачки или пајаци, или пак личности како лежат до мене, дека нешто ме турка надолу, ине можам да мрдам, по некое време врескам на цел глас и ја барам ламбата да ја запалам. Преплашена после тоа многу тешко се смирувам, и ми е страв да призаспијам. Сите дома се навикнаа, а и цимерките до лани на моето врескање на сред ноќ. Страшно! :x
    Сакам да прашам дали може нешто да се направи за овие случки да се намалат, или што да е?
     
    На Goticarka му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Чудно, но вистиното, читам и не ми се верува.
    Мислев дека кога ми се случува само сонувам и само мене ми се има случено, ама не било така.
    Ми се има случено 2-3 пати во длабок сон кога ќе сум , само што ќе заспијам или кога сакам да се свртам не можам точно да проценам.
    Се будам од сон, легната на стомак странично ја подкревам главата и никако не можам да ја кренам, не можам да помрднам ни еден дел од телото, а се обидувам, туркам, туркам, ама ништо, сакам да зборувам ама не можам, не ми излегува глас, немам зборувано за ова со никого бидејќи мислев дека само сонувам, а убаво се сеќавам дека бев будна ама не можев да мрдам. :o
    Не ме фатило страв нити сум помислила дека некој ме убива иако искрено првиот пат помислив некој над мене ме гмечи, а после тоа само некоја паника чувствувам , мислам и после некое време се одкочувам и се вртам на друга страна.
    Дали може да се случува ако претерано се имаш уморено преку изминатиот ден и го имаш оптеретено телото на пример со вежбање (често знам да си претерам и да ме болат одредени делови/мускули) ?
     
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.762
    Јас не спијам преку ден токму од оваа причина. Пред 3 години се вратив од полагање околку 2 саатот и ептен бев изморена, цела вечер учев и легнав у дневна да спијам. После некое време слушам галама околу мене, ама не гласови, туку како околу мене во круг да трчаат многу луѓе, ги слушам само стапките нивни како се движат околку мене и дишење, ко некој во врат да ми диши, ко што кажа некој погоре како да има некој над мене, ама не ме притискаше туку како да лебди. Ептен бев свесна, дури размислувам и дека заклучив коа си дојдов (инаку сама живеам и нема кој да влезе) ама никако неможев да се помрднам, ниту да отворам очи, се трудев да се завртам или рака да мрднам ама неможев, значи не гледав ништо, ниту ми се прикажуваше нешто, туку само ужасни звуци. Немате појма колку беше језиво и страшно, коа се разбудив 2 саата плачев, неможев да се смирам. Незнам колку време сум била во таква состојба, мене ми се чинеше ужасно долго, и не успеав да се разбудам од таквата состојба, туку заспав пак, и после се разбудив. Од тогаш не спијам преку ден. Незнам што било причината тогаш да се случи ама за среќа само еднаш беше и после 3 години се сеќавам ко вчера да се десило

    И јас мислев ова само на мене ми се има десено :) сега гледам дека всушност и не е баш ретка појава. До сега го немав прочитано ова научно објаснување. Тогаш страв ми беше и да барам да читам за такви работи. Мајка ми ми кажа демек кошмар било од што сум била уморна многу, и го прифатив така
     
  4. anima

    anima Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2009
    Пораки:
    559
    Допаѓања:
    275
    AlicaInWonderland,исто и мене,најчесто ми се случуваше ако легнев да спијам преку ден.Мислам дека и јас најмногу поради тоа се немам навикнато да спијам преку ден.
     
  5. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Три пати досега ми се има случено, ама на ноќе , преку ден не , само ако спијам на двосед се здрвувам, ама не е исто со такаречената парализа.
     
  6. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    Jaс се чудам како ви се живее сами :o Јас да живеам сама ќе серам од страв секоја вечер :worried:
     
    На wolf4e и LivingGlam им се допаѓа ова.
  7. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.809
    Хехе Оффи, ич не се секирај, се е прашање на навика ;)

    Инаку да глупо е кога нема кој да те пробуди од кошмар. Додуше од лево ми е глув комшијата, ама од десно слуша и те како! Кога ќе му ја вриснам една, преку ѕид белким ќе се пробие до мојата спална :^) :D

    Шала на страна, има фајде од ова или нема?
     
  8. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.566
    Допаѓања:
    20.050
    Ми се има случено и не е баш убаво и пријатно...Ама не е па ни нешто страшно,за да не можам мирно да си спијам
     
  9. Sparks

    Sparks Популарен член

    Се зачлени на:
    5 ноември 2010
    Пораки:
    896
    Допаѓања:
    3.194
    И тоа како е можно ова.

    Да речеме спиеме 7 саати. Сосема доволно за човек да се наспие. Докажано е човекот дека сонува, премногу личности споделиле свои соништа за да се негира дека човекот сонува. Е сега човекот не сонува цело време. Сонува некаде 15-20 минути. Затоа спиењето го делиме на неколку подврсти

    - Лесно спиење
    - Сонување (РЕМ атонија)
    - Лесно спење.

    Во лесното спиење се може да не разбуди, отворање на врата од некој, музика или било каков звук. Но кога сме во таа РЕМ фаза, тогаш сонот е најтврд и не се чувствува ништо. При оваа фаза човекот ја има таа парализа за да не доживее месечарење, односно својот сон да го проектира во своето тело затоа што така може и да се самоубие. Но сепак, ако нешто не разбуди во таа РЕМ фаза, очекувано е дека човечкото тело не може да се мрда, затоа што наеднаш е пресечен од светот на соништата во реалноста. И тоа најчесто следува како шок, страшно искуство.

    Сепак како што кажав во темата за астрална проекција, со органот мозок - уште ништо не се знае точно.
     
    На Goticarka и LivingGlam им се допаѓа ова.
  10. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.098
    Допаѓања:
    56.329
    Пол:
    Женски
    Јас ќе се цитирам самата себе и ќе го повлечам она што го кажав пред некој ден. Синоќа имав една од најужасните ноќи во животов :| . Се мачев долго време, знаев дека сонувам, се мачев да одам да запалам светло а никако не можев. И цело време ми се вртеа во глава оние страшни слики што ги имавте постирано. Бев во состојба на полусон, мислев дека некој има во собата и ме мачи, после бев свесна и си велев сон е сон е, стани да запалиш светло а не можев :doh: .
    Тоа што го прочитав во темава ми останало во потсвест и ме измачи. Сега фино лепо ќе си се откажам од известувања на темава. Моја нога веќе овде не стапнува.
    :hai:
     
  11. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Вкупно сонува 15 минути на пример во осумчасовно спиење?
    Оти јас имам читано дека сонот трае само неколку секунди, а нас ни се чини многу повеќе.
    И не е страшно и сам да спиеш ако ти се случи оваа таканаречена парализа, што ако спиеш со некого кога нема да те сети дека си парализиран? Ни мрдаш ни зборуваш, е после од ко ќе се освестиш е моментот или се тресиш од страв или си се комираш (си спиеш пак нормално како пред тоа )
     
  12. Louisa

    Louisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2010
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    0
    И мене ми се има случувано сето ова и тоа не еднаш него повеќе пати. Обично ми се случува кога сум изморена или стресирана, ама ми се случува и дење и ноќе. Поради стресот си купив едни капки на билна основа што ме прават поспана и кога почнав да ги користам ми се случи истово два пати во кратко време и престанав да ги користам. Мислам дека дури и срцето ми заспива и некако како да не можам да дишам. Секогаш кога сум во оваа состојба испаничувам иако сум потполно свесна дека е објаснива состојба и дека е еден вид кошмар. Апсолутно секој пат почнувам да пропаѓам во креветот, не можам да се свртам на страна или пак, пробувам да станам и да појдам негде но се влечкам по земја, како парализирани и раце и нозе да ми се и вложувам неверојатен труд да се разбудам и понекогаш ми успева. Исто така ми се случува да се подразбудам, го слушам маж ми дека гледа тв и пак заспивам во истиот кошмар - ужасно е. Понекогаш сама си додавам карактери во кошмарот (како малку да сум исплашена :) и почнувам да си измислувам ситуација - дека некоја темна силуета да стои до мене и ми е страв од неа, како да ми влијае телепатски (ова си го објаснувам дека од многуте вакви ствари што сум ги читала и подсвесно си ги вметнувам в сонот, а свесна сум дека сама ги добавувам тие детајли). Последно ко ми се случи ова, со сета сила се обидував да мрднам со раце и успеав некако и ги склопив дланките како да се молам и почнав дури и да се молам на богородица, ама толку бев збунето што заборавив како се вика детето нејзино (за Исус) И после секунди успеав да се разбудам и се преместив од троседот на којшто случајно заспав в кревет кај маж ми.
    Ич веќе не сакам да ми се случува ова, ако некој знае лек, плииз помагајте. Прв пат ми се случи кга бев некаде околу 17-18 годишна, а сега сум на 29 и се почесто ми се случуваат вакви кошмари, иако треба да признаам многу стрес ми се собра последниве неколку години...
     
  13. Mygirl

    Mygirl Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2010
    Пораки:
    577
    Допаѓања:
    849
    Само еднаш во сонот ми се случи нешто што не сакам пак да го доживеам. Сонот си течеше нормално, значи како најобичен сон, ниту кошмар, ниту убав, туку едно најобично секојдневие. И при крај на сонот, сонувам јас како лежам во мојот кревет, пред заспивање. Одеднаш, се отвора вратата од собата(а креветот е поставен така што јас вратата не ја гледам, туку ми доаѓа над глава) и една рака почнува да ме гали. Си мислам во сонот: “Ова мора да е мама, дошла да ми посака добра ноќ.“ Раката почна да ме гали прво на косата, и полека, нежно се спушташе надолу, по челото, образот и наеднаш ми ја прекри устата. Значи, само ми ја покри, не ме стискаше, туку само онака раката лабаво ми стоеше над устата, а јас снемав воздух. Не можев да дишам. Буквално се мачев да земам воздух, но не успевав. Таква паника ме фати, умрев од страв :( Одеднаш се разбудив и во истиот момент земав длааабок здив, среќна што сеуште дишам, што сеуште сум жива. Не знам дали споменав дека спиев на грб. Откако се надишив воздух и се смирив, се завртив на страна и од страв си ја покрив устата со ќебето. Мислата што тогаш ми дојде на памет беше: “Ете како умирале луѓето во сон“. До ден денес кога ќе се сетам на тоа се ежам, еве и сега дури го пишувам ова целото тело ми е прекриено со морници. Многупати ме измачувало прашањето: “Што ќе беше ако не се разбудев на време?“ или “Што ако пак ми се случи вакво нешто а јас не успеам да се разбудам?“

    Eте така. Само јас имам читано за sleep paralysis и мислев дека тоа е само кога ќе се разбудиш, свесна си, а не можеш да мрдаш, да викаш, да дишеш...Читав многу на кајгана за тоа, ги опишуваа како сенки, а јас бидејќи сум голем неверник во духови, сенки, самовили и такви глупости си направив истражување на гугл и открив дека тоа е нормална медицинска појава, природна и не е поврзана со никакви сенки кои ни го налегнуваат телото ;)
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  14. joelle

    joelle Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2010
    Пораки:
    1.117
    Допаѓања:
    2.366
    ууу како ме заинтересира темава макар што незнам дали сватив што всушност е парализа во сон. всушност си буден а гледаш како некој те напаѓа и неможеш ништо да сториш?

    такво нешто ми се нема случено но многу сонувам и никогаш неможам да ги контролирам соновите, сум сонувала дека ме убиваат силуваат итн а неможев ни да се помрднам во сонот и кога се будев телото ми е скрос укочено неможам да мрдам неколку секунди а кога ќе мрднам телото ми е тешко како камион да ме згазил и сум нерасположена цел ден..

    најлошо е тоа што не испуштам глас кога ми се случува тоа туку само ги стискам дланките во тупаница и ако имам нокти ми се зариваат длабоко во месото и од кога ќе се разбудам после некое време ќе осетам болка и лузни затоа никогаш не ги растам ноктите.
     
  15. macence85

    macence85 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 август 2010
    Пораки:
    1.217
    Допаѓања:
    821
    И јас имам пишувано за ова во необјасниви случки.Појезиво чувство од тоа не познавам. Првиот пат кој и го спомнав чувствував како нешто ми трча низ креветот и тоа убаво ги чувствував стапалките. :worried: Сакаш да станеш, да викнеш но неможеш.Мислев срцето ќе ми излета низ градите. Вториот пат кога ги отворив очите се чувствував како да се давам и ми се полнат градите со вода.Секој обид да викнам се чувстував како да сум длабоко во вода. :tmi: После ова и мене ме кадеја со темјани.. :D Како и да е страшно чувство, не би сакала пак да ми се повтори.. :shake:
     
  16. n.a.t.t.y

    n.a.t.t.y Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2011
    Пораки:
    603
    Допаѓања:
    763
    Мене ова ми се случува уште одамна, можеби сум имала 5-6 години кога прв пат го сонував овој сон. Значи со целото мое семејство сме во старата куќа кај што живеевме и најнормално си седиме. Наеднаш неколку луѓе не напаѓаат и сите ги снемува, остануваме само јас и дедо ми и се криеме позади столовите. Од тука во секунда ми доаѓа втората слика. Јас како мало девојче, скроз гола, сум стуткана во едно портокалово корито во кое како мала ме бањаа. Ноќе е и нема никој, а инаку сум на сред слепата уличка во која живеам. Од кривината доаѓа една кола, сребрена опел астра или сеат леон, слична на тие коли. И како што таа се приближува, осеќам страв и преминувам на третата и последна слика. Јас малку поголема, околу 10тина години, само стојам на врв од една висорамнина, карпа незнам како да ја наречам, а до мене стои крал, како оној од народните приказни што ги даваат на телевизија, оној стариот глумец со брада. Е тој, облечен во онаа царска облека, со круна на главата, онаква убава накитена, златна со црвено. Сонот ми завршува кога царот ме бутка од карпата и кога паѓам се будам и се наоѓам во оваа состојба парализа.
    Ова ми се случува веќе со години и сум навикната, знам дека ќе заврши и кога ќе се разбудам парализирана знам што се случува, поминуваат неколку секунди и можам повторно да се мрдам.
    Мада мислам дека не е до толку страшно како што вие го доживувате, сето тоа трае само неколку секунди :)
     
  17. maja8

    maja8 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 јануари 2010
    Пораки:
    2.847
    Допаѓања:
    2.158
    Значи нешто СТРАШНО!

    Додека не ја видов темава, мислев само мене дека ми се случува тоа.

    Знам дека сум будна, а неможам ни да се помрднам. Па ме фаќа голем страв, и првото што ми паѓа на ум е да запалам светло, ама кога сфаќам дека сум неподвижна, сакам да викам по мајка ми, и се непрегам со цела сила да го направам тоа , ама неможам... ;( Неколку пати помислував да пишам на темава за ова што неможев да си го објаснам, ама не се осмелив...

    Поради ова некогаш ми било страв и да заспијам. Многу грдо чуство, првиот пат и јас мислев дека умирам :(
     
  18. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Ми се има случено пред неколку години и е одвратно искуство кое ни на непријател не би го посакала.
    Прво беше во облик на мал притисок над мене и не обрнував баш внимание,ама последниот пат беше морничаво :x .
    Ја сонувам собата идентично сосема јас во креветот и под покривката како нешто доаѓа се движи кон мене и ме превртува на грб како сила недефинирано,а моќно,силуета некоја како сенка без конкретен облик,ама со конкретно присуство,која ме притиска и чиниш без воздух сака со стисокот да ме остави,а претешко беше да се разбудам иако знаев дека е сон и дека морам-баш како парализа и немоќ некоја да преовладуваше.Најодвратно е што во сонот светлото беше запалено,а и го оставав запалено кога почнаа да се јавуваат овие соништа.И уште поодвратно е што на раката поконкретно на горниот дел од надлактицата од внатрешна страна имав огромна модринка поточно како сивкаста флека некоја која се изгуби по некое време,ова ми е запечатено засекогаш во свеста.Верувам оттогаш во негативни и зли енергии и појави и фала Богу не се повторило,ама ни на крај памет да не ви е да го посакувате ова искуство,бидејќи прочитав и такви коментари.
     
  19. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    197
    На мајка ми и се случи истото. Спие, сонува и одеднаш како да ставаат врз неа товар некој и неможе да мрда. Прашала некој човек и и кажал дека тоа е залутан дух, кој неможе да си го најде местото. И ако и се случи повторно истото, колку што ја држи глас да вика -Да се вратиш од каде што си дошол- 3 пати така.
    После ова повторно истото го сонувала викнала вака 3 пати, и во истиот момент се разбудила. Значи нејзе и помогна.
    Така да кој има проблем со вакво нешто (Не дај Боже) нека проба, се надевам ке помогне.
     
  20. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.856
    Ми се случува одамна ама со тек на времето зачестија овие парализи :| . Чудно е што секогаш кога ќе ми се случи парализа јас пред спиење си имам некое претчуство ама сепак го занемарувам. Последната ми беше најморничава. Беше некако како парализа во парализа, ќе се потрудам да објаснам. Одеднаш се освестувам и сфаќам дека не можам да го помрднам телото, ме фати паника и почнав да се теглам. Едвај некако ми успеа и почнав да плачам. Почнав да викам по татко ми ама сепак ми се чинеше дека многу тивко викам и не може да ме чуе. Одеднаш некој влегува во собата и женски глас ми вели шшшшшшшшш не плачи и седнува на креветот и ме открива. Јас потстанувам од креветот да се втурнам во прегратка (мислејки дека е мајка ми) и одеднаш цела срипав. Значи целото тоа сум го правела во парализа. Уф чуството до мене дека не била мајка ми туку некоја си друга женска личност беше навистина морничаво. Ауууууууууу, се наежив. Грозно, мразам, не сакам повеќе да ми се случува :doh: .