Не ги прочитав сите мислења..а видеото од Офспринг дефинитивно ке го гледам дење зошто по коментарите за него не би можела да заспијам цела ноќ. Туку да си кажам дека мислев дека полудувам или халуцинирам ама кога ја видов темата ми олесна дека не сум само јас во ваква ситуација.Имено, порано многу често кога спиев на грб ми се случуваше да се будам во текот на вечерта а уствари мислам дека спијам и сакам да се поместам , да викнам а неможам. Наеднаш паѓам од креветот (сонувам како паѓам) и се будам..уствари сонувам како се будам а јас сеуште спијам..абе хаос..се ежам кога пишувам вкочанета во сон свесна за се околу мене а неможам да се мрднам..кога го кажував тоа на други ми велеа "сенки те газат" па некој ми рече да не спијам веќе на грб..и од тогаш ни во лудило не спијам на грб, строго на страна па макар и рака да ме боли или било што..и ги немам тие проблеми. Инаку верувајте не ми се легнуваше на вечер од тоа, а најчесто ми се случуваше кога бев уморна или претходно недоволно наспиена. Исто ми се случува и во сон вилицата ми се укочува, забите ги стискам и наутро ме болат фактички во сон се обидувам да зборувам ама чувствувам како забите ми се стегнати и не можам ништо да прозборам (во сонот) и наутро забите ме болат..мислам дека некогаш и некој заб ке скршам вака, го има некој овој проблем? И дали истиот спаѓа во оваа парализа при спиење???
Да е имало некој да ми каже што е тоа, кога како младо девојче ме еднаш „гази мората„ ми се чинеше ќе се побркав од страв. И смрдеше нешто во собата и радиото беше пуштено , и гадотија од жена што како лежев ме дигна права како пушка, и почна да ме носи накај вратата. Готово однесе ме, ќе умрам. Викам пушти ме, пушти ме, ама ко да шепотам. Одеднаш ме пушти и во собата не меришеше веќе, и радиото не работеше и „неа„ ја немаше. Ми се има случено епизода повторно, без страшните халуцинации како првиот пат, и фала богу знаев што е веќе, па се завртев на другата страна и си продолжив да спијам. Викторија21, стискањето на вилиците не е поврзано со парализата во сон.
леле ме потсетивте на овие епизоди кои ги имав до пред некоја година. Мене ми се случуваше да си легнам да спијам и наеднаш во сон да осеќам како некој буквално да сака да ме притиска надолу, цела тежина му ја осеќам а јас не можам да мрднам да направам ништо. Првиот пат се уплашив, вториот пат чекав да ми помине. Разговарав со психолог на таа тема и ми кажа дека најчесто се случува кога сме под голем стрес кој го потсикаме во себе.
Јас тоа веќе некое време не сум го почувствувала зошто како што реков спијам на страна не на грб и ако ми се случи почнувам со ноктите да си ги стискам прстите на рацете колку што можам за да се свестам , а понекогаш и си ги гризам усните па ми помага да се свестам..пу пу да не се урочам не ми се случило тоа одамна
Ми се има случено и е навистина грозно чувство... Ама јас не сонував како да сум во кревет туку паѓам во темна и широка дупка и таа е многу долга, пробувам да се движам да ги мрднам рацеве,но не можам паѓам само и еден момент пред да паднам тука е дното и само да паднам се будам со скок значи буквално скокам од креветот. Друг пример е сонував како се возам на мотор(а во животов не сум возена на мотор) и она брзо многу ноќ е има и светла и возам и гледам светла од кола и таа труби да се тргнам и пробувам да направам нешто да ги стиснам кочниците не можам,да скокнам од моторот не можам и само доаѓа колата и само да ме удри веднаш се разбудувам задишана... На почетокот не сфаќам дека сонувам,но потоа ми текнува и се парализирам, на почетокот се ми изгледа нормално,но потоа сфаќам еј сонувам од каде ќе паднам во дупка, од каде јас на мотор?! И се парализирам... Чувствувам притисок на градиве и во грлово, помалку се гушам и пробувам да пискам,но не можам. Страшно е и навистина морничаво. Но искрено да си признаам јас би сакала да ми се случи повторно без разлика колку е грозно и морничаво е фасцинантно, размислете тоа чувство кога знаеш дека сонуваш,но сепак немаш контрола како сонот да те преовладува... Извонредно иако болно...
Да го кажам јас моето искуство. Навистина незнам како да си го објаснам тоа што ми се случи. Спиев на грб, а пред да се разбудам сонував многу чуден и морничав сон, како да паѓам некаде и само темнина околу мене имаше. Одеднаш ги отворив очите и почувствував некоја тежина, немав осетено дотогаш нешто такво. Не бев ни целосно будна а ни заспана. Неможев да се помрднам едноставно, само очите ми беа отворени и толку, мислам дека немав ни глас за да викнам. Како да чувствував некаков притисок врз мене. После неколку секунди ми помина, ама навистина се исплашив, бев како неподвижна. Одвратно и морничаво чувство.
Добро се сеќавам на едно мое такво искуство. Беше зимата и сеуште немав отворено профил на Фемина но редовно читав низ форумот и еден ден налетав на оваа тема. И прочитав разни коментари и искуство и некако језиво ми се виде и чудно бидејќи многу од корисничките тврдеа дека имале некакво слично искуство, а јас веза немав како е можно тоа. И така цела преморена одам да си легнам. Оф мори мајко можно било и те како. Некако ептен ми влегло во психата штом веднаш од ко го прочитав го доживеав. Значи се разбудив и само очите ми се отворени.Бев неподвижна, сакав да станам неможев, сакав да и викнам на сестра ми која беше во другата соба и можев да ја слушнам неа и песните кои ги пушташе од компјутерот исто неможев. И едно време како да се издигнав и лебдев во собата и се видов себеси како лежам во креветот што е невозможно. Потоа незнам што се случи но некако се разбудив и трк да ме нема. Лошо !
Леле ова било страшно Јас вака само си читав овде и велам мене ми се нема случено Си легнав вчера и неможев да заспам ама некако сум заспала,сонував нешто и како да се разбудив и сакав да мрднам со раката неможев и пробав со ногата неможев Се осетив многу језиво и безпомошно Траеше можеби помалку од минута И после неколку секунди се опуштив и заспав Само интересно зошто неможев да викнам во тој момент?
Е зошто де? Ми се случило многу пати да сонувам како сум во опасност и во сонот се обидувам да викам за помош, а не ми успева. Потоа се будам и се‘ уште се обидувам да викам, и повторно не ми успева. Језиво чувство.
И мене вакво нешто ми се има случено, и тоа повеќе пати... нај грозното чувство Но последениот пат освен што бев цела здрвена во собата имав луѓе, или сенки( незнам ни самата како да ги наречам) беа во црно облечени а јас бев будна, но немоќна... ми текна да си ја кажам молитвата оче наш.. и тие чудовиштата исчезнаја. Некои велат дека сенки те газат комшивка беше бремена и во сонот била здрвена и чувствувала како нешто да ја гази и другиот ден имаше спонтан абортус
мене ми се нема случено да се парализирам во сон..али затоа да не претерам,но скоро секој 3 ден сонувам како си одам по планина,или одам по пат..и наеднаш паѓам во дупка и се будам во истиот момент и рипам од кревет(несвесно)..некои викаат дека ова значело дека умираш во сон,а умирањето значи дека ќе имаш долг живот..но незнам,многу се плашам. а за парализава..сакам да ми се сличи некој ден,баш да видам како е
мене тоа ми се случува скоро секоја вечер. и јас го објаснував како парализа при спиење, но подоцна дознав дека тоа е првата фаза на астрална проекција, поточно на тие луѓе што ова им се случува, во подоцнежните години ќе им се развие како астрална проекција и при спиење духот ќе може да им лебди на многу места. дури може да се развие и до таа фаза духот да ти одлебди кај некого и тој некој да те види, но тоа ке трае две секунди (и јас бев скептик и не верував, но кога си ја видов братучедка ми во соба поверував) а и други ја виделе, така на сон им доаѓала облечена во ноќницата што ја носела додека спиела. ми се има и случено да си го видам телото како лежи, а јас да стојам до креветот, но не ми е језиво, напротив убаво ми е што сум надарена со еден таков талент
Mене ова 2-3 пати неделно ми се случува, со отворени очи сум дури будна, сакам да се развикам а не можам језиво е, ама до сега никој не ми кажал дека ме има видено. т.е мојот дух во тоа погоре шишаното баш и некако сум скештик
И мене почна да ми се дешава и тоа секојдневно.. Како што лежам во креветот така здрвен немозам да викам на грб значи не го гледам горе Зидот туку гледам Звезди лугје... Мене не ми е нешто ВАУУУУУУУ страшноо.И тоа како сам да си го правам значи ми се случи после 7 секунди ги отворив очите мрдав и и место да го гледам зидот јас пак ги гледав тие звезди али малце како пододалечени и кога кје се доблизев до нив ми се случуваше...Незнам мене ми е баш интересно
ми се има 2 или 3 пати случено да пробувам да викам а неможам само уста отварам. страшно имам така до таван рипнато
Ми се случи синоќа буквално околу 5 секунди неможев да се помрднам, да викнам, ништо..само гледав околу себе...Језиво е чувството.
Мене ми се случило два пати до сега, тоа е толку језиво и страшно жива вода бев кога станав. прво свесна сум дека спијам и дека се работи само за сон, а не можам да се помрднам тоа е нешто што не сакам да ми се повтори.
Многу често ми се случува и језиво ми е.Значи можам да ги отворам очите гледам се околу мене а не можам да се мрднам лево десно, не можам да викнам а некогаш гледам и многу луѓе околу мене,сенки слушам гласови чудна работи не можам да ги опишам.И некогаш кога ке станам после се тоа се осекам многу уморно па дури и глава ме боли,ептен ме нервира ова..
Незнам дали е ова моево парализата ама ми се случува во сон вртејќи се да се разбудам и наеднаш низ цело тело трпки ми доаѓаат, и неможам да мрдам ама тоа е 5-6 секунди , ама ме фаќа страв по малку.
Веројатно објанување за тоа што ми се деси пред две недели. Најужасното нешто што го имам доживеано. Околу 11 препладне легнав да дремнам, зошто бев станата во 5 за испит. Главата свртена накај ѕид, позади мене дрвена масичка(во дневна), а мачорот заспан кај моите нозе. Однеднаш слушам гребење, како со нокти на масата, и ги отварам очите. Пробувам да ја кренам раката, неможе! Со цела сила пробувам повторно, не може. Додека упорно пробував да ги мрднам и нозете, пробав и да викнам, ама глас не ми излегува од уста. Успаничена, буквално парализирана, слушам како некој доаѓа и ми шепка на уво. Нема зборови да опишам колку се преплашив!! Ви се колнам дека солзи почнаа на очи да ми идат од страв, значи свесна бев. После некои 10-тина секунди низ цело тело осетив морници, како ладен туш и почнав да врискам, значи си го слушнав гласот. Мачорот беше буден и зјапаше во ѕидот. Плачев пола саат и се напив дијазепам, по препорака на мајка ми, за да се смирам. Гадно, најгадно нешто во моиве 20 години. Молам бога пак да не се повтори!!!!