1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. sanjalica

    sanjalica Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    522
    Допаѓања:
    571
    И мене ми се има случено премногу пати, и можам да кажам дека е едно од најодвратните искуства. :x
    Порано ми се случуваше многу често, дури пречесто - неколку пати во неделата.

    На почетокот бев многу исплашена и незнаев што е, но подоцна открив дека е нешто што се вика “Парализа во сон’’ - состојба во која што телото е разбудено, а свеста не е.
    Откако пребарав на интернет, сфатив дека не е ништо страшно и се случува на многу луѓе.

    Значи го слушав секој орган од телото како ми работи! Исто така многу често е проследено и со халуцинации! Мислев дека некој ми го влече јорганот, дека ми влегува некој во соба, слушам гласови, се слушам себеси како викам итн.

    Меѓутоа НАЈДОБАР лек, е да останете присебни и да не паничите! Јас научив да го контролирам тоа, затоа што иако изгледа дека трае многу долго, всушност е само неколку минути, дури и секунди.
    Кога се случува, сама на себе викам - Да, ова е тоа и ќе помине, да ова е тоа и ќе помине....
    И поминува...

    Еве некои причини заради кои се јавува:
    - спиење на грб (мене најчесто заради ова)
    - неправилна положба на спиење
    - зголемен стрес
    - нагла промена на околината на живеење или стилот на живот
    - средства за спиење

    Останете смирени колку што можете ;)
     
  2. gwen

    gwen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2009
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    81
    Уф имав едно вакво искуство. :sweat: Страшно беше. Па плус и сонот поврзан со тоа лелеле.
    Им го раскажав на другарките и тие ме убедуваа дека ѓаволот тогаш ми ја земал душата,
    ко демек добро што сум си кажала молитва во сонот.
    Арно ама пошто верувам во науката, листајќи по нетов,
    сфатив за што станува збор. Плус ми текна дека тој период имав огромен стрес,
    да не зборам тоа што секој ден си легнував во 6 попладне и нормално телото се бунеше.
     
  3. lalita

    lalita Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 мај 2011
    Пораки:
    12
    Допаѓања:
    2
    Пол:
    Женски
    И јас сум имала досега едно вакво гадно искуство а се надевам и дека ке е последно :( беше вака во сонот бев цела укочена и барав помош од дечко ми кој спиеше до мене и тој ми вика во ред е тука сум ама јас сеуште останував парализирана потоа наеднаш се разбудив целата препотена и задишана и погледнав накај вратата имаше сенка како нешто да се вее накај прозорецот и се вртам накај прозорецот ништо нема.Значи цели 5 минути се ѕверев и не можев да сватам што беше тоа.Страшнооооо........
     
  4. K0ST0VA

    K0ST0VA Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 август 2011
    Пораки:
    185
    Допаѓања:
    58
    Луѓе јас за ова пишував на училиштето за биологија нешто требаше и дали знаете дека целото одделение го исплашив.. :lol: Страшноо.. :x не кои велеа дека веќе нема да спијат дури а сепак тоа се случува и од недостаток на спиење... :lol: :x
     
  5. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    Мене среќа ми се нема нешто вакво случено и дај боже никогаш да не ми се случи.
    Но има ли начини како може да се спречи оваа парализа? :worried:
     
  6. Diamondkiss

    Diamondkiss Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 август 2011
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    38
    Леле ќе умрам значи од страв. Сега значи денес, оцабајлево некаде кј 5-6 саат ми се деси ова. Тоа е нешто толку невероватно и језиво. Вака, јас не сонував како некој ме напаѓа или сл. туку сонував обичен сон...и одеднаш се разбудувам ( а спиев со мајка ми вечерва бидејќи татко ми не е дома..а мајка ми станува за на работа во 5 30.) и се разбудувам и знаеш дека не сонуваш веќе и јас уплашена таква се обидувам да викам мамо мамо но неможам гласов ми е немоќен неможам да се помрднам и знам дека само викав , пуштав извици како “ а,аа“ но неможев ништо да направам и одеднаш пак ке заспиев и што беше најчудно и во сонов и кажував на мајка ми дека сум се парализирала и пак сонувам истиов сон и пак ке се разбудам и повторно парализирана и се обидувам да викам по мајка ми а знаев дека е на работа....значи парализава може 3 пати ми се деси во истиот сон. НЕВЕРОЈАТНО!!!! :x :x
     
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.244
    Допаѓања:
    43.182
    Ми се има случено пред една година. И тоа првпат, никогаш претходно не сум имала такво искуство.
    Значи си спијам, регуларно, одеднаш се будам среде сон, рацете тешки, нозете исто, сакам да викнам, ни глас, абе ни едно А не можев да изустам, а да биде уште потрагично, сестра ми дента не спиеше дома, сама во соба, со тежина на мене, ко да ме седнал некој.
    Си помислив - сум читала за ова, не паничам, ќе мижам додека да пројде. И стиснав очи, ме здоболеа и капаци мислам. После неколку минути отварам очи, се’ во ред.
    Знаев дека е парализа во сон и затоа не ме фати толку страв, ама дефинитивно не беше пријатно!
     
  8. MandyLane

    MandyLane Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2011
    Пораки:
    3.599
    Допаѓања:
    23.119
    Пол:
    Женски
    Ми се случуваше редовно кога бев мала, а на самава парализа претходеше еден сон,не можам да го опишам ден денес,ептен конфузен.
    Одвратно чувство,језиво.
    После,откако ќе се стабилизирав се утепував од плачење и одбивав да спијам.
    Сега да ми се случи ништо страшно,ќе знам што се случува,но што сум знаела тогаш.
     
  9. SarahTayMomsen

    SarahTayMomsen Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јули 2011
    Пораки:
    959
    Допаѓања:
    650
    Ми се има случено неможев ни да зборам ни ништо. А пред 1 година видов едно видео незнам колку секунди да го слушаш лежејки и коа заврши немошев да мрдам траеше околу 5 секунди парализата. Н-Е-В-Е-Р-О-Ј-А-Т-Н-О! :x
     
  10. HappilyLoved

    HappilyLoved Активен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    36
    Допаѓања:
    17
    Еднаш и никад више...
    Ми се случи дур спиев на грб, сонував како сум во некоја си џунгла ко оние од Тарзан и наеднаш станав свесна, се разбудив отворив очи и некако се ми се гледаше матно, цело тело ми трнеше.. Пробував да се мрднам да дигнам раце али неможев, а чувствував и нечие присуство на некој метар ипол од мене како да пребарува нешто низ работите на полиците... А баш пред тој ден читав на Мотика за Астрална проекција и постовите многу ми се поклопуваат со тоа што го читав тука.. А прочитав и дека ако тоа ви се случи да почнете прво вилицата да ја мрдате лево десно и полека ќе се опуштите...

    Добро што ми текна на тој коментар и не поминав многу лошо :) ама затоа имам огромен уплав и пазам да не заспијам на грб.
     
  11. Chivas

    Chivas Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 март 2012
    Пораки:
    342
    Допаѓања:
    132
    Сношти ми се случи ова...
    Ужасно чувство да ви кажам :|
    Сум се задавила во вода, се укочив целата , и го слушав гласот на татко ми , а не можев ништо да му вратам. Се преплашив многу , во сонот се обидов да викам и тогаш се разбудив.
    Страшна работа....
     
  12. anamariia.x3

    anamariia.x3 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    578
    Допаѓања:
    856
    И ете-ми се случи пред некоја недела :clap: ;(
    Спиев на стомак и бев многу уморна и сонував дека нешто сум умирала и ми одбирале гробница но јас не сум сакала во една зошто имало многу духови.После како да се „разбудив“ од сонот и одеднаш почна срцето силно да ми чука,не можев ништо да мрднам и едвај пуштав глас,а очите ги држев затворени зошто имам читано дека е можно да гледаме одредени духови и сенки за време на парализата.А исто така и слушнав некакви чудни звуци.Тоа траеше околу 10 секунди и кога се свестив срцето веќе не ми чукаше но бев преплашена до смрт.Интересно чувство но во секој случај језиво :doh:
     
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.165
    Допаѓања:
    23.020
    Пол:
    Женски
    Сега пред малку ми се случи ова :(
    Спиев и наеднаш се укочив целата, сакав да станам да викнам, ја отворив устата а немав глас, и раката се обидвав да ја мрднам, а не можев ептен паники ме фатија..
    Имав чувство дека ме боли забот, и само машината за праење кај шо брчи ја слушав, а не можев ни да се помрднам, наеднаш станав не знаев кај сум :doh:
     
  14. ana.8

    ana.8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    51
    мене до сега ми се нема тоа случено инаку во сонот сум многу мирна како што ќе легнам така станувам :D
     
  15. russia7

    russia7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2011
    Пораки:
    226
    Допаѓања:
    504
    Ми се случи еднаш, пред околу една година.
    Тој период некако ми се изремети распоредот, односно времето за спиење, се случи да си легнам во сосема друго време од она што сум навикната. Периодот ми беше напнат, и бев преморена, па најверојатно тоа било причината.

    Спиев, не сонував ништо. Наеднаш некако се подразбудив малце, но исто како да сонувам, не знам како да објаснам. И од левата страна (кај ѕидот) нешто наеднаш ми се развика, машки длабок и страшен глас извика некој збор на четири букви (никако не можам да се сетам кој збор ми го кажа). Се испаничив, почнав да претам, да се вртам лево-десно меѓутоа наеднаш некако се укочив, и застанав во една позиција со поткренати нозе. Погледнав нагоре, телефонот ми беше приклучен на полначот и висеше од лустерот право кај мене на глава. Беше толку реално и језиво. Во сонот викнав по моите да дојдат, тие демек ме слушнаа, но премногу споро се движеа од спалната до кај мене во соба, и правеа многу галама. Веќе кога беа на пола пат, галамата од сонот (која ја правеа моите) се прелеа со реалната галама која всушност доаѓаше од долниот спрат каде што беше брат ми со друштво собрани.

    Се разбудив, бев свесна што ми се случи затоа што имав читано за ова. Ужасно чувство. Како што се разбудив, така останав вкочанета од страв, не сакав да се помрднам. Потоа повторно сум заспала, бидејќи беше околу 2-3 часот навечер...
    Навистина ме копкаше какво е чувството да доживееш такво нешто, но сега не посакувам уште еднаш да ми се случи. Страшно... :sweat:
     
    На Ognenija му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.222
    Допаѓања:
    41.456
    Луѓе мене ми се има случено ова пак сега брзо, и сакав да викам Мамо мамо, ама не можеш вкочанета ти е устата, а и па да ја викнев, немаше да дојде...
    Него, зашто толку често ми се случува, има ли некоја причина, во месецот сигурно ми се случува едно 5 пати, ма и повеќе преку 10 |( . Одвратно е и језиво е, и сакам да престане
    има периоди и кога повеќе пати неделно ќе ми се случи, некогаш помалце...
     
  17. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас не знам мојов проблем што е, прв пат ми се случува вакво нешто.
    Разгледував низ темите за вакви парализи, астрални проекции, и други такви језиви случки и решив тука да пишам.

    Во последно време скоро секоја ноќ ми се случува кога ќе легнам да спијам, само што ќе склопам очи, чувствувам како некој да ми го тресе креветот. Првиот пат помислив дека е земјотрес, па изрипав, ама се беше мирно и тивко. Следните пати, веднаш штом ќе отворев очи, гледав црни сенки кои лебдеа низ соба, ама се повлекуваа, исчезнуваа. Ама можам да реагирам со телото, не сум во парализа.
    Периодов заради тоа ич не сум спиена. Учам до доцна, легнувам околу 5 кога веќе се разденува, и страв ми е да затворам очи. :worried:
    Некој да има сличен проблем? Или да ми објасни што ми се случува?
    Страв ми е да заспијам...
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.596
    Ми се случи пред неколку месеци и смртно се преплашив. :(
    Всушност го сменив местото на спиење.
    Не знам кој ѓавол ме натера да ја свртам перницата од другата страна на креветот, божем поладничко да ми било.
    Искуството беше како во Twilight Zone, имав вистинско чувство дека некој е покрај мене и диши, толку длабоко што го чувствував дишењето и звукот.
    Не можев да се мрднам, буквално бев скаменета од страв... а сонував во токму во оваа нијанса, како да гледаш низ специјални очила за мрак.
    [​IMG]
    Ужасно. :(
    Чувствував како дишењето станува посилно и личноста сака да ме допре за образот. И некако се разбудив.
    Во истата секунда се префрлив на нормалана страна од креветот, од тогаш не ми текнува да се приближам на таа страна од лежајот.
    Многу морбидно искуство.
    :(
     
  19. interesna

    interesna Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2010
    Пораки:
    1.919
    Допаѓања:
    672
    Сум доживела парализа во сон но многу ретко дал еднаш на 5 години, последна парализа што ја доживеав е утрово, само што се наместив на стомак јас се парализирав, неможев да мрднам, се сеќавам дека се мачев барем главата да ја помрднам но неможев, сакав да викам но ни тоа, како некој вилицата да ми ја држи, само можев со очите наназад да гледам што се случува, беше замаглено рано утро и јака сончева светлина, од што бев очајна и неможев да се помрднам почнав да се молам и само што реков Господе помогни ми те молам, мене телото ми се опушти у истиот момент! :o Така се завртев на грб и после некое време пак се парализирав и успеав да се спасам на ист начин.

    Ауу грозно чувство! :x :x


    Обратно е, телото спие, а мозокот се буди, затоа што телото уште спие затоа се парализираме.
     
    На Daddy.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Daddy.girl

    Daddy.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    120
    Допаѓања:
    81
    Мене често ми се случува... сум била во болница на испитувања, на бајачки ама ништо не ми помогнало... мислев дека само јас сум фрик и дека никој друг нема искусено, ама... :|
    Во сон ми се дешава, наеднаш чувствувам дека неможам да мрднам ни прст, а свесна сум! и тоа трае некои 10 секунди, и после се трудам да се мрднам, и откако ќе успеам да ја свртам некако главата, се е ок и продолжувам да спијам. Ова многу, многу често се десило, едно време дури и еднаш месечно... сега барем знам дека не сум сама :) Ама не сум имала халуцинации :)