1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. Twetty

    Twetty Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    18
    Допаѓања:
    5
    Мене ми се има десено ова. Ги читав постовите на сите и приметив дека на повеќето ви се десило после сон. Кај мене не беше таков случајот. Се разбудив некаде навечер, изгледа накај 3-4, првин не можев да мрдам, имав тешко дишење, а потоа приметив како некој стои во собата не му се гледаше лицето и почна паника да ме фаќа и сакав да викнам ама не можев никако ги затворив очите за да не гледам и сум заспала.....
     
  2. kat.v.d

    kat.v.d Активен член

    Се зачлени на:
    12 март 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    3
    Мене ми се има случено во сон но мислев дека е кошмар, бидејќи сонував како ме мава некој и јас сакав да му избегам и врескав во сонот и како за миг се разбудив ми беа отворени усните и потсвесно врескав, но не се слушаше никој не ме слушна, не знам чудно беше потоа за миг заспав ...
     
  3. sweet-star

    sweet-star Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2012
    Пораки:
    1.524
    Допаѓања:
    1.738
    Пол:
    Женски
    да,и мене ми се има случено ова и сакам да знам што е бидејќи кога ќе ми се случи свесна сум,знам дека сонувам,но никогаш не се будам не ги отварам очите поточно.Ова е нешто слично како парализа во сон или? :tmi:
     
  4. WomanInRed

    WomanInRed Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 мај 2011
    Пораки:
    1.605
    Допаѓања:
    1.607
    луѓе ова беше ужас, не знаете што ми се случи.. знам дека има последица од тоа што вчера бев со температура 40 и почнав да халуцинирам али денес!
    Значи денес послем долго време си го земав кебето и идам да спијам во соба (инаку спијам во салон) и почна. прво сонувам како некои глави лебдат над мене, т.е станата сум мозокот ми работи, можам да знам што се случува. Успевам да станувам,го зимам кебето и идам во салон прво легнувам (ЕЈ КОЛКУ БЕШЕ РЕАЛНО) и послем пак не можам ми се чини некој ме следи и идам да запалам светло.. прво се пали, и одма за секунда се изгаси, пробувам пак, не можам да запалам. послем идам во соба кај моите татко ми станува и јас му викам помогни ми, ама се тоа во себе пошто не можам да зборам и послем више пробувам да искочи глас од мене и викам имам парализа во сон. И он само стои таму и ништо нит ме гледа ни ништо, како да не постојам. се враќам во салон пак пробувам да упалам светло не бе не сака.
    И ми се спои ко сон. Еден сака да има односи со мене.. и јас викам ова и онака е сон ке продужам само да не ми наштети, знам и свесна сум дека не е реално. и у друг момент (необјасливо) идеме кон една кола зошто не носат кај некои други за да извршуваме сексуални услуги. Јас уште едно девојче што наводно ми е другарка ...
    Леле луѓе :( ми кажаа дека ова е поврзано и со религија, сега не знам дали можам воопшто да заспијам :( ужас беше ужас, и на најголемиот пријател не му го посакувам истото!! Се разбудив плачејки..
     
  5. untouchableGirl

    untouchableGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2012
    Пораки:
    358
    Допаѓања:
    158
  6. Ognenija

    Ognenija Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 април 2012
    Пораки:
    384
    Допаѓања:
    586
    Јас досега не сум доживеала нешто вакво, фала богу, ама таткоми ми има кажувано дека му се случувало многу пати во куќата кај неговите, веќе починати.
    Инаку забележав дека многу од членките го поистоветуваат терминот парализа во сон со вкочанување на рацете и нозете при спиење.
    Јас барајќи на интерент случајно наидов на фолклорното објаснување за ваквите "давења во сонот".
    Според многу фолклорни раскажувања, до оваа состојба доаѓа од Мора (a mare or nightmare).
    Мората е злобен дух кој седи врз градите на луѓето додека спијат и им предизвикува ноќни мори и чуство на гушење.
    Во српскиот фолклор Мора е наречена mora, или noćnik/noćnica, ноќно суштество.
    Се верува дека влегува преку клучалката.
    Седнува врз градите на оној што спие и се обидува да го задави.
    Како заштита, децата биле советувани да спијат свртени кон прозорецот, да го превртат јастукот и да го прекрстат или да се каже молитва пред спиење.
    [​IMG]
     
    На ana992 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Cece25

    Cece25 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    45
    Леле мене ми се има случено истото. Сонував како некој ме прободел со нож и си ја гледам сопствената крв и во истиот момент не можев да дишам нормално, како да се гушев. Додека сум сонувала мајка ми била до мене и сватила дека нешто не е во ред и почнала да ме буди. А јас пак сум почнала да викам наглас дека несакам да умрам. Едвај се разбудив и еве до ден денес кога ќе ми текне на тоа уште се ежам. А сега кога го прочитав ова за Мора уште толку се исплашив.
     
  8. SuNsHiNe989

    SuNsHiNe989 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2012
    Пораки:
    258
    Допаѓања:
    201
    Ми се има случено 3-4 пати , грдо чуство не можев да се поместам пробав да викнам по мајка ми ама безуспешно , мислев дека сум мртва првиот пат ама наредниот пат веќе знаев дека нема да ми се случи ништо па бев посмирена.
     
  9. anichka94

    anichka94 Популарен член

    Се зачлени на:
    18 мај 2012
    Пораки:
    1.822
    Допаѓања:
    7.045
    Колку време барав ваква тема на форумов,и конечно најдов
    Овој проблем го имам од пред 4 месеци
    на почетокот не беше толку страшно.. но стануваше се почесто и почесто
    А изминатава недела редовно секоја вечер
    последниот пат беше тооолку страшно и језиво што плачев се додека не се раздени
    значи тоа кај мене се случува само што ќе ме фати првиот сон сонувам нормално и потоа сонов преминува како во јаве во мојата соба може да си легне човек до мене да ме допира,а допирите ги чуствувам толку реално дури и здивот му го осеќам,а јас парализирана не можам да направам ништо,а сакам да викам да се разбудам знам дека е сон ги отворам очиве ама ми се затвораат ужасно ме враќа во сонот не ми дава да се разбудам слушам прегласни гласови свирчина викотници пушки
    И кажав на мајками и одма на бајачка ме однесе
    Демек сум нагазила некоја магија па затоа ме мачеле сеништа во сонот
    еве сега да не се зарекнам цела недела немам такви сонови
    сама на бајачка муе мајката
    Појди на бајачка верувај помага
     
  10. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Необјасниви случки

    Што е парализа во спиењето?
    Психологот Кристофер Френч од Голдсмитс Колеџот во Лондон ги објаснува: Нападите од демоните, посетата на духови и киднапирањето од страна на вонезмјани: некои луѓе се сигурни дека ги искусиле овие случувања. Тие веројатно се дел од многуте жртви кои веројатно имале епизода на парализа во спиењето.

    Парализа во спиењето е моментална неможност на личноста да ги мрда екстремитетите, трупот и главата и ако за сè е свесна, може да се појави кога некој заспие или уште поретко кога ќе се пробуди. За време на парадоксалното спиење (REM фаза, rapid eye movement) мускулите на телото се парализирани, веројатно за да го спречи човекот физички да го доживее сонот. Истражувачите не се сигурно зошто ваквата нормална парализа се јавува и во свесна состојба кај жртвите на парализа во спиењето, но психофизиолошките истражувања потврдуваат дека нападите веројатно се случуваат кога личноста ќе влезе во REM состојба наскоро откако легнала, прескокнувајќи ја фазата на non-REM спиењето која се одвива пред неа.

    Останатите фактори кои влијааат врз парализата на спиење е заспивање лежејќи на грб, чувство на стрес или отстапување од вообичаениот ритам на спиење, поради работа, кофеин или алкохол.

    Иако парализата во спиењето е симптом на нарколепсијата, често се појавува и кај здравите луѓе. Анкетите од разни земји покажуваат широка распространетост на проценките: помеѓу 20 и 60% од нормалната возрасна популација доживеала парализа во спиењето барем еднаш во животот. Околу 5% од популацијата почувствувала еден или повеќе вознемирувачки симптоми поврзани со пореметувањето. Најчестите ефекти вклучуваат визуелна халуцинација, како што се сенки и светлина или човечки и животински облици во собата, слушаат гласови или звуци. Луѓето исто така често чувствуваат притисок на градите и имаат потешкотии во дишењето.

    Причина поради која парализирата во спиењето може да се објасни со духови и вонземјани е тоа силно чувство на присуство, обично безопасно, кое жртвите го искусуваат за време на нападаите. Исто така споменуваат необични кинестетички чувства, како на пример чувството дека некој ги влече од креветот, вибрирање, летање и паѓање. Ваквите епизоди понекогаш може да доведат до чувство дека сте надвор од вашето тело. Парализата во спиењето може да биде застрашувачка, но никогаш не е опасна, и за среќа, епизодите обично траат неколку секунди.

    Зошто понекогаш на сред ноќ ме пробудува експлозија во главата?
    Рендолф В.Еванс, професор по неврологија на Бејлор колеџот за медицина одговара: „Има повеќе причини зошто чувствувате таква експлозија. Можеби сте заљубени, како што велат зборовите од песната „When Two Are One“, на групата „Аtreyu“.“
    Другата (и поверојатна) опција е дека имате невообичаено пореметување во спиењето кое во 1988 година британскиот невролог Џон Пирс го нарекол „синдром на експлодирачка глава“. Во текот на нападите, личноста чувствува силна експлозија која доаѓа од внатрешноста на неговата/нејзината глава, често опишано како експлозија или бранови кои удираат карпи. Експлозијата варира во зачестеноста и најчесто се јавува кај здравите луѓе постари од 50 години. Во 10% од случаите луѓето забележуваат светлина и околу 5% од пациентите имаат чувство како да престанале да дишат и свесно мораат да се потрудат повторно да дишат. Пациентите после нападите може да бидат преплашени.

    Иако причината на синдромот е непознат, некои доктори мислат дека до него доаѓа кога ретикуларната формација на мозочното стебло, инаку важен регулатор за спиење и будност, не се исклучува во вистински момент. Ова подрачје кое се приклучува во 'рбетниот мозок, може привремено лошо да функционира и да предизвика халуцинации - но никој не знае зошто симптомите се манифестираат како експлозија. Иако експлозијата не е болна или опасна, обично не е индикатор на некои невролошки пореметувања. Стресот или уморот може да предизвикаат епизода, која обично исчезнува сама и остава уверување дека станува збро за чуден феномен.


    И ЈАС ИМАМ ВАКОВ ПРОБЛЕМ И МНОГУ СЕ ПЛАШЕВ..ДОБРО Е ДА СЕ ПРОЧИТА НАУЧНО ОБЈАСУВАЊЕ И ПОМАЛКУ ДА ВЕРУВАМЕ ВО "ДРУГАТА НАУКА" ... :) ;)
     
    На ana992 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Необјасниви случки

    И мене ми се има случено вакво нешто,бев преплашена,потоа слушав како некој да ми зборува на уво нешто,срцето ќе ми излезеше.Ме влечеше нешто,сакав да викнам ама дури и вилицата неможев да ја мрднам ни да зборам неможев.Одамна ми се нема случено,не дај боже,да ми се случи,стварно ќе умрам.
     
  12. AngieVi

    AngieVi Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 март 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    44
    Пол:
    Женски
    Добро е што има научно објаснување....инаку стравот е преголем....ми беше страв и да спијам...
     
  13. Ketrin.Moon

    Ketrin.Moon Популарен член

    Се зачлени на:
    22 февруари 2013
    Пораки:
    770
    Допаѓања:
    7.172
    Пол:
    Женски
    Ми се случило , преплашена бев , фала богу во скоро не ми се случило пак.
     
  14. Danai4

    Danai4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 март 2013
    Пораки:
    103
    Допаѓања:
    37
    сум немала досега...
     
  15. Wild.Child

    Wild.Child Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.573
    Допаѓања:
    6.698
    Ми се случи вечерва и се преплашив.
    Си легнав накај 6, спремав проектна и бев преморена, од друга страна периодов имав премногу нервози и сум загрижена за одредени работи. Имам навика секогаш да спијам во вклучено радио и сега баш забележав дека од самиот почеток на една песна од Ареа, скоро до крај ми се случуваше.
    Наеднаш осетив како да паѓам во бесконечна дупка, па да се искачувам се дур не дојдам до лимит и притисок. Веднаш знаев дека е парализа во сон зошто имав читано. Пробав да мрднам со рацете, со нозете, со било што ама беше безуспешно. Почнав да паничам, да пробувам да викнам и да се одбранам од било што и да ме притискаше, затоа што ми беше страв да не почнам да халуцинирам. Неуспешен ми беше обидот да викнам по мајка ми и завршуваше со квичење. Се` заврши откако престанав да пружам отпор, а по неколку минути успеав да станам. Се преплашив.
     
  16. kikkki

    kikkki Популарен член

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    2.743
    Допаѓања:
    4.842
    Викаат дека се случува од замор,стрес,алкохолизам,недоволно сон и сл.Ама кај мене ова се случи во лето,јули беше.Се спремав за на одмор,а не ми беше првпат да одам на море,во иста земја,во ист хотел.Значи ништо ново,ништо невообичаено.За мене не е ништо посебно,дури и досадно ми беше.Имаше уште 4 дена до заминувањето,бев доста одморена,без учење,без обрврски,немав некој големи грижи,се беше во ред,бев среќна.И вечерта ми се случи истото.Се прашувам зошто?
    Ајде во овој период е ок,учење,спремање,испити и 100 други чуда,баш ми е стресен периодов и имам преголеми грижи,скоро и ништо да не е како што треба,па еве не ми се случило(НедајБоже да ми се деси пак) :x .Стварно кај мене изгледа е се обратно. :worried:
     
  17. nakovskinikola1

    nakovskinikola1 Активен член

    Се зачлени на:
    7 април 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Абе не се плашете ина4е и јас имав само треба да ви текне да го помрднете вашето астрално тело и одма излезете од физичкото и одете каде сакате само ако видите демони или ангели не зборете со нив ама и не се плашете зс ако се плашите можат да ве нападнат ина4е јас многу сакам пак да имам не е ништо страшно имав 2 или 3 пати ама многу малку беше само шо срцето на првата многу јако ми куцаше а на втората не сакав да излезам од телото и пробав преку визулација да влезам во луциден сон ама ја чустував главата како да ќе ми експолираше и не успеав да влезам после излегов па се вратив и почекав малце така и ништо иначе најдобро од ова е што во луциден сон можете да збориме со потсвеста многу го сакам тоа :D
     
  18. nati44

    nati44 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 декември 2012
    Пораки:
    777
    Допаѓања:
    545
    Сум немала досега :shake:
     
  19. Lovy1

    Lovy1 Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    1.094
    Допаѓања:
    821
    Пол:
    Женски
    Имам слушнато на многу луѓе им се има случено.
    Мене еве не ми се случило ниту пак сакам.. :)
     
  20. kasper77

    kasper77 Активен член

    Се зачлени на:
    28 мај 2013
    Пораки:
    1
    Допаѓања:
    0
    Јас морам да коментирам на овие мислења дадени од луѓе кои им се случило ова или научници кои даваат научни објаснувања со парализа на сон. Ова за жал ми се има случено и мене. Интресно е тоа што јас добро се секавам и после 15 год. кога сонував, кога имав јаве и кога се разбудив. Кога се разбудив лежев на стомак, нештото беше на мојот грб и скокаше , го оскав по целото мое тело. Не беше ни многу тешко ни многу лесно. Очите ги немав отворено, се преправав дека спијам додека размислував што би можело да биде тоа што е на мојот грб. Во собата и на спратот бев сосема сам. Мозокот ми работеше 300 на саат .
    Ми се вртеа мисли за се што сум слушнал и како реагирале некои други. Одкако решив да гиотворам очите, т.с. само што ги отворив таква сила ме залепи за креветот што мислам дека ке го пробијам и ке паднам на долниот спрат. Во сабата беше црна темница.осекав како крвта ми се качува во главата, почнав да добивам фонија во ушите мислев ке ми експлодира главата. Одкако два пати неуспешно се обидов да се спротиставам третиот пат ме пушти и станав. Се разбира запалив веднаш столна ламба, саатот беше 10 до 4, немаше ништо.Зошто не се разбудив наутро ако не е така. Знам дека нештото имаше контрола врз мојот сон во кој правеше се само да не се разбудам дури ми се појави и на јаве и ме повикуваше да се вратам во сон. Па сега видете вие сами дали е парализа на сон или има нешто за нас непознато за кого сме ние интересни. Јас многу сум читал, сум слушал мислења разни и примери на слични случки и сум сигурен дека има нешто за нас сеуште непознато. Ако некој е сигурен дека не е така нека се јави и нека каже зошто.