1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    Ми се имаше еднаш случено да ми се згрчи ногата во спиење и сабајлето станувам и се секавам мн малце на тоа и после цимерката ми кажува сум викала во сон ногата ми е закочена и ми ја масирала некое време па ми пуштила и така
     
  2. BeautyAndTheBeast

    BeautyAndTheBeast Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2014
    Пораки:
    391
    Допаѓања:
    162

    Тоа не е парализа во сон,бидејки ти не си била свесна за тоа.Односно не ти бил мозокот буден а телото заспано.
     
  3. janovska1

    janovska1 Активен член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    32
    Допаѓања:
    18
    Здраво едно 5-6 пати ми се има случено онака секундарно ме фаќа дремка и заспивам...
    И почнувам да чуствувам како душата да ми е надвор од телото значи си го гледам ( како да стојам над моето тело) и само почнува да ме дави нешто сакам да се поместам или да померам некој дел од телото но не можам, исто така викам на цел глас а у стварни ништо не се слушало.
    Прв пат воа ми се имаше десено пред околу 2 години мојата најдобра другарка беше кај мене на гости, седевме докај 2h и си легнавме. Почнавме да си праиме неш муабет и само како наеднаш ме фати дремка и реков извини Иве али не можам веќе ни да зворам ни да гледам очиве ми се затвараат. О така само шо се завртев на др страна тоа беше секундарно заспивање. Прво почнав да сонувам нешто и после кога престана сонот само знам дека не еднаш почнав да си го гледам моето згрчено тело, почна нешто да ме гуши како некој да ме стискаше за вратот но јас никого не гледав не можев телото да го померам, но почнав да викам по мама викав се дерев на цел глас, одеднаш ми текна дека Иве е до мене и само еднаш викнав Иве и готово се разбудив можев слободно да го движам телото. А таа ми рече леле извини сакав да се завртам на другата страна и несакајки те удрив по ногата извини шо те разбудив. Потоа ја прашав дали ме слушала додека викав по мама ми рече дека ништо не сум викала и дури кога сумповикнала по нејзе и тоа не се слушало дека се било онака случајно. Ми се чинеше ако уште потраеше уште 10тина секунди дека ќе се загушев стварно.... :sweat: Но некогаш нема потреба од сон директно почнуваше давењето, но тоа ми се дешава секогаш коа спијам со се тотално изгасено затоа од како сватив дека само тогаш ми се случува такво нешто почнав да си спијам со уклучена струја или уклучен ком..Инаку мама и тато ме водат кај многу жени дами бајат и една жена која шо стварно е се разбира од такви работи ми рече добро е шо се будиш коа те дават, има некои кои шо заспиваат вечно од такви случки. Навистина бев преплашена но веќе не сега знам како да го регулирам тоа. Хахахха изнапишав реферати а сакав само да ве прашам дали и ова е еден вид на парализа во сон? :)
     
  4. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    хахаха ова е нешто најглупо што може да му се сличи на некој..... искуството со тоа воопшто не ми остава добар впечаток и мраза кога ке ми се случи тоа еффф
     
  5. Goticarka

    Goticarka Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 август 2014
    Пораки:
    156
    Допаѓања:
    139
    Пол:
    Женски
    janovska1... да и тоа е,ама сигурно си сплела со погледо нагоре. обично тоа ни се случује кога спиеме на грб или лицето ни е нагоре
     
  6. Butterfly11150

    Butterfly11150 Нов член

    Се зачлени на:
    20 август 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    3
    Ми се има случено еднаш или два пати. Во сонот сум била целосно парализирана и во тој момент се будам исто така парализирана. Не за долго, но доволно да ме исплаши и испаничи.
    Језиво...
     
  7. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    Па незнам дали е баш ова тоа што ми се случуваше пред извесно време или е само некој плод на мојата фантазија, можеби е само обичен сон или нешто стварно надприродно ми се случувало.
    Пред 2-3 месеци ми се дешаваше ова секоја вечер. Значи спијам се најнормално и одеднаш осеќам како нешто тежи врз мене (обично спијам свртена на стомак), осеќам преголема тежина врз мене и неможам да дишам, тежината се повеќе расте, а јас неможам да земам воздух и немам глас во мене за да можам да викам. Значи се осеќам како вистински да ми се случува тоа, и знам дека ја мрдам устата ама нема сум и неможам да викнам. Очите ми се отворени и гледам некои сенки на ѕидот, неможам да мрднам никако. Ме гуши нешто, ми тежи врз мене преголем товар и одеднаш прекинува. Се будам или сум била будна додека ми се случувало тоа незнам, битно е дека кога се прекинува сум преплашена и препотена. Ми е страв да станам од кревет и да запалам светло или да излезам од соба. И само се вртам на страна и одма заспивам. Сабајлето кога ќе станам многу добро се сеќавам на се и се ежам, ама си викам ај најверојатно сум сонувала, затоа што не верувам во демони, духови и такви работи и не обрнував внимание. Почна да се повторува секоја ноќ истото и и кажав на мајка ми. Она ми вика си сонувала, си замислуваш бла бла ама и она се замисли кога и кажав дека секој ден ми се повторува. Па ја осеќав како доаѓа навечер да ме провери ама пак се повторуваше. Незнам дали пред или одкако ќе ме провери. Нема везе, земав да читам библија и ја чувам под перница па од тогаш не ми се случило нешто такво. Не дека сум некој верски фанатик ама тоа е онаа потреба кога ќе земеш некој предмет и мислиш ако тој е до тебе дека ништо лошо нема да ти се случи, ти дава чувство на сигурност и можеш мирно да спиеш, така и јас. Навистина од тогаш до сега ми се нема повторено чудово.
    Колку што сфатив од читањево на темава случајот мој ми дојде насличен на ова објаснување за парализа во сон. Мора да било тоа случај и кај мене. :)
     
    На LUCERKA му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Valerin

    Valerin Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.717
    Допаѓања:
    5.271
    Имам другарка која има повеќе искуство на темава.
    Дури вели дека не излегувале звуци од нејзината уста во периодот додека траела парализата, колку и да се трудела одново и одновно. Е сега интересното кај неа е тоа што она не пробувала да вика од страв, туку во тој момент и се јавувала некаква чудна потреба, како да сака да повика со врисокот, да соопшти дека е тука присутна и може да има контрола врз она што се случува дури и тогаш кога се наоѓа во полусвесна состојба. Јас па мислам дека овде се крие добра психолошка позадина. И го кажав тоа отворено, но таа упорно негира велејќи дека е се во ред.

    Инаку совет до сите вас парализирачи во сон - Кога ви се случува оваа веќе научно истражена појава (за која можете да си прогуглате и прочитате). Не си креирајте во главата некакви си чудни паранормални алузии, него преиспитајте се околу причината поради која е можно да ви се случува истово. Во последно време да не сте под стрес, да не страдате од несоница, некаква несоодветна диета да не применувате, да не сте претрпеле некаков страв со кој мора да соочите, немоќност за справување со проблемите, душевна болка или депресија, се само дел од таа бескрајна низа која е тесно поврзана со овој проблем.
    Исто така, имајте на ум дека парализата е оној период, кој јас го нарекувам премин. Односно, тоа е период кога потсвеста ги манифестира сите собрани мали хартифчиња метафорично кажано, на кои во свесна состојба обрнуваме помалку или повеќе внимание. И само преку спајање на жичките во вашата глава ќе го најдете одговорот, и никаде на друго место!

    За оние пак кои страдаат од оваа појава континуирано, имам исто така неколку совети - Значи баталете предмети кои привелкуваат некаква си енергија у смисол белегзии, каменчиња, крпи и сл. бидејќи тие само делумно ви помагаат во борба против парализирањето. Но, тоа носи само привремен ефект и не нуди трајно решение! Наместо да трчате по продавници да трошите пари по глупости, чујте го гласот на потсвеста кога најгласно зборува, и одговорете со дејствување. Т.е. преземете мерки да го решите проблемот кој моментално ве владее, секако ако е можно да се реши. Ако не е, ослободете се од товарот. Молитвата и медитацијата се исто така до некаде добри солуции бидејќи сугестивно влијаат, и нудат чистилиште. Ќе видите дека само тогаш кога ќе се ослободите, парализата ќе престане.
    Понатака може да се повторува привремено, но нема да биде така честа и непријатна.
     
    На ana992 и Goticarka им се допаѓа ова.
  9. japanize

    japanize Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2013
    Пораки:
    198
    Допаѓања:
    103
  10. Hinebrra

    Hinebrra Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    128
    Допаѓања:
    256
    Мене ова континуирано ми се случува и сум приметила дека секогаш кога сум преморена и ненаспиена,
    така што веќе не ме ни плаши толку.
    На почетокот многу се плашев зошто буквално врескав и претав и трчав, имав халуцинации дека имам некого во собата, а не можев да се разбудам. После се информирав што е тоа, така да сега кога ми се случува ги затворам очите силно и го мрдам палецот на ногата за да осетам кога сум разбудена. Обично ми трае по 5-6 секунди и кога ќе се разбудам се тресам цела, ама како што кажав од кога се информирав и знам што е го прифаќам како природна појава во текот на спиењето.

    Еднаш ми се деси 3 вечери по ред и ме исцрпуваше, ама ми беше во период на недоволно спиење, стрес, полагање матура и такви работи.
     
  11. nevermet18

    nevermet18 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 мај 2014
    Пораки:
    5.209
    Допаѓања:
    13.044
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи само еднаш, пред околу две години.
    Ужасно е...
     
  12. minika

    minika Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    327
    Допаѓања:
    104
    мене ми се има случено една многу страшна случка со тоа ...
     
  13. Magnolija

    Magnolija Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    1.674
    Допаѓања:
    7.645
    Јас имам само еден и единствен совет - никако не заспивајте на грб.

    Нормално, додека спиеш ќе сменеш пози, ама барем одбегнувајте така да заспивате. Јас веќе година- две имам проблеми со ваквата парализа и халуцинациите не ми се толку страшни колку што ми се морничави. Обично е тоа како свет на сенки и затоа е уште пострашно. Така ми се дешава да сонувам дека одам у вид на сенка, како астрална проекција да ја викнам мама да ме разбуди. Примери имам еден куп, ама не сакам да мислам на нив.

    Логиката е, а и одговара на мене секако, е тоа што мозокот ни работи триста на саат пред да заспиеме додека телото ни е веќе преморено и не реагира. Пробајте да не размислувате многу пред спиење пошо тоа главно се случува во кризен период, барем кај мене.

    А, и ми се дешава откако заспијам еднаш, па се разбудам (имам лесен сон) вториот пат кога ќе заспијам да ми се деси парализа.

    Нема тука никакви вонземјани, демони, самовили ко што вели нашиот фоклкор тоа е веќе за нас позната појава. Е сега, тоа чувство дека е присутен некој друг не можам логично на себе да си го разјаснам, ама да не се заморуваме. :)


    Уште ова - Последните неколку месеци, летово, присуството ко да ми има добра енергија и ко да некој да ме чува и да се гриже за мене. Дали дека се чувствувам добро периодов, не знам, ама ние луѓето сакаме да придаваме на се значење и кога го нема, мистерија и непотребни анализи. :D
     
  14. esperansa777

    esperansa777 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2012
    Пораки:
    923
    Допаѓања:
    1.858
    Пол:
    Женски
    Мислам дека го доживеав повторно,ужасно е,се разбудив сабајле накај 5 часот со неубаво чувство и почнав да размислувам за некои работи и сум заспала свртена накај зидот,и некако очите ми беа отворени и го гледав зидот и светлината што паѓа на него и некако врескав во себе амо со ужасно ужасни гласови и бев свесна за тоа и знаев дека повторно е една од овие ужасни парализи,и од едно време како да видов како рака на мене ама неможев да се свртам за да видам поубаво и си го слушав ужасниот глас што излегува од мене и гледав како излегува некој чад во темна боја од мене како раката да ми влечеше некоја енергија од мене,ужас :sweat:
     
  15. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.140
    Допаѓања:
    76.529
    Пол:
    Женски
    Ми се случило неколку пати, но последно дури видов како нешто газеше по мојот кревет. Не видов никаква сенка, само вдлабнатини кои се правеа како нечии стапалки.
     
    На SelenaGomez и LadyInTheDark им се допаѓа ова.
  16. Falkon007

    Falkon007 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2014
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    21
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено и мене. Се разбудив од кошмар, но неколку минути неможев да се помрднам. Беше ужасно, многу бев исплашена..
     
    На LadyInTheDark му/ѝ се допаѓа ова.
  17. littlevampire

    littlevampire Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2015
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    699
    Пол:
    Женски
    Ова страшно бе :shake:
     
  18. Tan4ence

    Tan4ence Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    5.082
    Допаѓања:
    27.321
    Ми се има случено само еднаш и беше ептен страшно. Наеднаш се разбудив и не можев ич да мрдам освен клепките, но и кога отворив очи беше црна темница, а секогаш оставам малку светло пред да легнам. Бев свртена накај ѕидот, не можев да ја завртам главата да видам што се случува позади мене. Само срцето си го слушав како ми лупа силно. Осеќав како некој со сила да ми ги стега рацете и нозете. Слушав и како некои длабоки и бледи звуци. Сето тоа траеше помалку од минута, а потоа пак заспав. Кога се разбудив се беше во ред, ама мислам уште сум трауматизирана од тогаш..
     
  19. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Кoгa се рaзбудив, не мoжев дa се пoмрднaм стaнувaње oд кревет пaднaв, не мoжев ништo дa стoрaм сaмo лежев нa пoдoт пoслр пoлa минутa стaнaв и цел ден се мислев зa тoa
     
  20. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    585
    Допаѓања:
    1.477
    Пол:
    Женски
    Ми се случи ова точно пред еден саат, сум заспала во дневна на фотелјата во некоја искривена положба рацете ги имав скрстено нозете кренати а зад мене на троседот беше мајка ми, наеднаш како да се разбудив ја слушнав мајка ми како што прави муабет на телефон и се почувствував беспомошна и со огромен притисок врз мене како некој да ме турка и главата да ми ја држи да не можам да мрдам сакав да ја помрднам десната рака но со секој обид како некој се повеќе и повеќе да ме трукаше сакав да викнам мамо ама немав глас беше премногу реално и одеднаш разбудив се најдов во истата положба се почувствував уморно и дишев како да ме има бркано некој и тогаш викнав мамо и ми олесна кога си го слушнав гласот :sweat::o:?: Сеуште се чувствувам потресено незнам зошто:(