Sleep paralysis - Парализа во сон

Дискусија во '„Другата“ наука' започната од Offspring, 17 јануари 2011.

  1. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    46.630
    Пол:
    Женски
    Ако добро се сеќавам не е парализата таа што ме буди туку прво сама се будам некако необјасниво па потоа ја чувствувам парализата. Пред некое време чувствував како некој со рака да ми го турка лицето не дозволувајќи да се свртам, јас сета сила ја вложував да се мрднам, со раце, со нозе но не можев и само полека погледот т.е. очите ги свртев кога веќе не можев главата и успеав да видам некое сениште, беше слично на оние Дементори од Хари Потер. Дали беше стварно или халуцинација не знам. Но изгледаше реално.
    Инаку, не се плашам јас од таа појава.
     
  2. lostsoul

    lostsoul Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 јули 2011
    Пораки:
    81
    Допаѓања:
    116
    Пол:
    Женски
    Mene mi se ima sluceno 4 pati do sega. Se budam I toa e sekogas okolu 3 casot.Ocite gi otvaram a teloto nemozam da go mrdnam.Nemozam ni da prozboram,da viknam,da pisnam,nisto.Se macam da ja mrdnam rakata do tel.za da svetne gjabe e.Pocnuvam da si ja kazuvam molitvata vo sebe. Ova cuvstvo mi trae okolu 20 tina sekundi I posle naednas mi se opusta teloto. Posle od strav cela nedela se plasam da zaspijam da ne mi se povtori istoto.
     
  3. maca cvet

    maca cvet Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2014
    Пораки:
    669
    Допаѓања:
    453
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено парализа во сон неколку пати. И чувството воопшто не е пријатно. Но ве молам не мешајте парализа во сон и газење на сенка во сон
     
  4. HoneyHoney

    HoneyHoney Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 април 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    26
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи еднаш одамна,ама мислам ќе умрев од страв.Сестра ми спиеше на нејзиниот кревет на другата страна на собата,а јас до прозорецот. И така се чувствувам дека сум будна,ама не можам да мрднам,и лежев на грб. И така нозете не исправени туку какоо онака кога си лежеш да одмореш малце така ми беа. И одеднаш чувствувам како ми се дигаат нагоре нозете и останав како само на вратот да стојам..и однемувам воздух и така некое време бев...И пробувам да викам по мајка ми,и викам а глас немам...и одеднаш добив сила и се најдов на стомак како лежам,а вратот ме болеше ненормално многу.. и после две недели спиев нон стоп со сестра ми,и и ја ставав ногата нејзина врз мене од пусти страв да не ми се случи истото. :(:worried::worried::worried::worried:
     
    На Bitter-Sweet му/ѝ се допаѓа ова.
  5. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.349
    Допаѓања:
    17.247
    Пол:
    Женски
    Mene vcera vecerta mi se sluci . Se razbudiv okolu 3:30 . Ke odev do toaletot , no koga se obidov da stanam , kako da bev cimentirana za krevetot . Prvo pomisliv deka seuste sum vo polusonliva sostojba i zatoa nemozam da mrdnam . Posle nekoja minutka pak se obidov i ne uspeav . Ova traese mozebi 10 min ne povekje . Pred da uspeam da stanam osetiv kako nekoj kamen da padnal od mene i silno se streknav .
     
  6. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    289
    Допаѓања:
    12.251
    Пол:
    Женски
    Screenshot_2016-04-02-10-09-38-1.png
     
    На Lella му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.426
    Допаѓања:
    46.630
    Пол:
    Женски
    Јас па ги помешав парализата во сон и газење од сенка но за мене тоа е речиси исто. Само што едното е реално а другото само халуцинација.

    Парализата при спиење е парализа поврзана со спиењето и може да се појави кај нормални субјекти или да биде поврзано со нарколепсија, катаплексија и халуцинации. Психолошката патологија на оваа состојба е тесно поврзана со нормалната хипотонија што се појавува во РЕМ фазата. Кога се смета за болест, парализата за време на спиење се класифицира како MeSH D020188. Некои докази сугерираат дека во некои случаи тоа може да биде симптом на мигрена.
    Психолошки, парализата при спиење е тесно поврзана со РЕМ атонијата, парализа која што се појавува како природен дел од РЕМ спиењето/фазата. Парализара при спиење се појавува и при спиење и при будна состојба. Кога се случува по заспивањето, лицето останува свесно а телото е исклучено за РЕМ фазата и се нарекува хипнагошка или преддормитална парализа. Кога се случува по будењето, лицето се освестува пред РЕМ циклусот да заврши и тоа се нарекува пост-дормитална. Парализата може да трае од неколку секунди до неколку минути.во текот на кои лицето може да доживее панични симптоми. Како што покажува споредбата со РЕМ фазата, сеуште е можно да се случи мрдањето на очите за време на вакви епизоди. Кога има отсуство од нарколепсија, парализата при спиење се нарекува изолирана парализа при спиење. (ISP). Парализата може да биде придружена и од страшни халуцинации и привремено чувство на опасност. Парализата е особено застрашувачка поради реалистичноста на таквите халуцинации. Елементот на халуцинација кај парализата при спиење уште повеќе наведува лицето да го интерпретира искуството како сон затоа што замислените или објектите од сонот можат да се појават во собата во нормалниот видик на лицето. Одредени научници сметаат дека оваа состојба е објаснување за вонземските опседнувања и средби со духови. Студијата на Сузан Блекмур (Susan Blackmore) и Маркус Кокс (Marcus Cox) на универзитет во Западна Англија ја поддржува претпоставката дека изјавите за вонземски опседнувања се поврзани со парализа при спиење, а не со привремена мозочна лабилност.
    Неколку студии заклучија дека скоро сите луѓе доживуваат парализа при спиење најмалку еднаш или двапати во животот. Студијата спроведена од страна на Sedaghat F. et al. Ја истражуваше распространетоста на парализата при спиење кај иранските студенти по медицина. 24.1% од студентите доживеале парализа при спиење барем еднаш во нивниот живот. Истиот резултат се покажа и кај студентите во Јапонија, Нигерија, Кувајт, Судан и Америка. Многу луѓе кои вообичаено доживуваат парализа при спиење, исто така страдаат и од нарколепсија. Панични нарушувања заедно со парализа при спиење почесто се појавуваат ка Афро-американците отколку кај кавкаските американци. Некои извештаи велат дека одредени фактори ја зголемуваат склоноста кон парализа и халуцинации, како што се:

    • Спиење со лицето нагоре или легнати на плеќи
    • Зголемен стрес
    • Нагли промени на околината или начинот на живот
    • Луциден сон што непосредно се случил пред епизодата.
    • Претерано користење на алкохол и недостаток од соодветно спиење.

    Вака е опишано и газењето од сенка, со таа разлика што луѓето од различни краеви верувале во различни сенки, едни мислеле дека тоа е стара жена која седи на нив, други мислеле дека се тоа некои зелени суштества, додека трети дури верувале дека се тоа вомземјани кои доаѓаат да го испитаат и анализираат човекот и неговата анатомија.
     
  8. Ketchup

    Ketchup Horn of the Deer Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    4.724
    Допаѓања:
    36.156
    Пол:
    Машки
    Мене ми се имa слученo двa пaти.
    Првиoт пaт не знaм дaли беше бaш пaрaлизa вo сoн, oкoлу мене се беше сивo, сaкaв дa мрдaм и имaв чуствo кo дa мрдaм, aмa не мрдaв... ×D Чуднo нели?
    Втoриoт пaт бев премoрен, беше летo и спиев нa грб, oдеднaш oтвoрив oчи и пoгледнaв вo зaвесaтa, кoјa се нaoѓa нa спрoтивнaтa стрaнa вo сoбaтa oд мoјoт кревет, a јaс јa гледaв кo дa е пред мене, имaв чуствo кo дa мoжaм дa јa зумирaм, сaкaв дa мрдaм и збoрaм, нo не мoжев и си прoдoлжив дa спијaм. Тoгaш бев мaл и немaв чуенo зa вaкви рaбoти, мoже и зaтoa не сум гo дoживеaл тoлку стрaшнo...
     
  9. 8petre8

    8petre8 Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2015
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    581
    Пол:
    Машки
    Два пати ми се има случено.Стварно лошо искуство.Не знам поради што настанува.Многу е чудно.Не му посакувам на никој да го доживее
     
  10. Targaryen

    Targaryen Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2015
    Пораки:
    43
    Допаѓања:
    113
    Пол:
    Женски
    Мене ова скоро секоја недела ми се случува. Само еднаш се сеќавам видов нешто слично на црна сенка, стоеше до креветот и беше свртено кон мене. Не му обрнав нешто многу внимание, ама знам дека бев будна. После одма заспав, а подолго време немав парализа во сон. Ама еве сега пак, скоро секогаш еднаш во неделата |(
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  11. RainbowButterfly

    RainbowButterfly Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 април 2014
    Пораки:
    192
    Допаѓања:
    265
    Пол:
    Женски
    Мене често ми се случува ради нарушен ритам на спиење. Ко ќе ми текне тогаш спијам. Денес ќе легнам во 4 сабајле, утре во 20 часот и ете ти ја парализата. :lol: Ама ич не се плашам се навикнав веќе.. мижам и чекам да помине смирено само што ми зујат ушите понекогаш.
     
    На Vitaly му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.130
    Допаѓања:
    3.856
    Пол:
    Машки
    Една од причините поради која не спијам... Ми се смачи веќе. Освен очите ништо друго неможам да помрднам. :worried: Некогаш гледам и како некоја црна сенка лебди покрај мене, некогаш истата ја сонувам како ме носи на некои места и ме враќа во кревет.... :whew: Затоа музика во мојата соба има нон стоп и кога спијам и кога не спијам, ако ништо друго барем црните мисли ми ги оттргнува од главата. :)
     
  13. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Мене ми се случи само 1 во животот и мислам дека намногу се испашив се испаничив до бескрај , викав по мајками но немав глас коа се разбудив бев буквално во шок ...
     
  14. ушко

    ушко Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Тоа е случај кога мозокот се буди а телото е уште во сон и ниедна моторна функција не работи додека не се активира некоја од нов...нема место за страв се дешава :)
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  15. alena19

    alena19 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 март 2016
    Пораки:
    172
    Допаѓања:
    324
    Пол:
    Женски
    Али тогаш не си свесен за тоа
     
    На maca cvet му/ѝ се допаѓа ова.
  16. ушко

    ушко Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 септември 2016
    Пораки:
    253
    Допаѓања:
    731
    Пол:
    Машки
    Se budus neznaes sto se desava ne mozes ds mrdnes ni da zboruvas samo ocite ti rabotat :)
     
    На maca cvet и Vitaly им се допаѓа ова.
  17. Dark artist

    Dark artist Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 мај 2017
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    271
    Пол:
    Женски
    Кога бев трета година средно ми се деси ова и тоа повеќе пати. Во тој период бев под стрес и пред да ми се деси ова редовно гледав хорор филмови и разговарав со другарките за ненормални појави и сл. Мн. изгледаше реално и језиво. Имав чуство како некој над мене ме дави, не можев да се помрднам или викам, само можев да забележам црна силуета над мојата глава (резултат од халуцинација+страв+свесност+вкочанетост на мот. функции) . Ми викаа дека е сениште, но потоа сватив дека е соновна парализа.
    Истото му се има десено и на татко ми пред едно десет години на истиот кревет на кој што јас сега спијам, од страв ја викав сестра ми да спиеме заедно.
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Anacid

    Anacid Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 декември 2014
    Пораки:
    294
    Допаѓања:
    2.423
    Пол:
    Женски
    Ми се има случено повеќе пати , ништо страшно ги затварам очите и продолжувам да спијам ..
     
    На La.loca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. VictoriaSan

    VictoriaSan Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 април 2014
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    899
    Пол:
    Женски
    Мене често ми се случува парализа но во сон ја чувствувам не будна. Уште од мала сонувам соништа како бегам од нешто или некој ме брка и трчам а потоа наеднаш не можам нозете да ги помрднам а тоа што ме брка е се поблиску. Потоа останувам без здив, не можам да зборувам и најчесто се будам врескајќи. Страшно е чувството.
     
  20. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.806
    Допаѓања:
    5.430
    Дали некоја сенка од човек кој те дави во сон е парализа во сон?Мене тоа ми се случува.