Не е парализа во сон, обично значи дека имаш некоја ситуација во реалниот живот која се обидуваш да ја надминеш, и се чувствуваш заглавено. Може да значи дека имаш намалена самодоверба или се обидуваш да постигнеш нешто ама чувствуваш дека не ти успева.
Не, немам проблем со самодоверва. Вакви сонови веќе години наназад ми се случуваат. Можеби 10тина год. А и немам проблеми кои сакам да ги надминам. Што знам, имам нормален живот ништо посебно влијателно ми се нема случено.
Тоа што тебе ти се случило не е соновна парализа туку си имала кошмари во кои не си можела да трчаш што е мн. нормално. Најверојатно твојата потсвест сакала да ти каже дека треба да се соочиш со твојот страв. Соновна парализа е кога човек е во полузаспана состојба, значи свеста т.е. мозокот е буден ама моторните функции јок. Ти можеш само да ја мрдаш главата и да гледаш што се дешава околу тебе, како производ на оваа состојба се јавуваат разни халуцинации. Во твојот случај како халуцинација се јавила некоја сенка која те гушела. И мене првиот пат ми се причини како да е некоја сенка врз мене и не ми дава да станам, ама ништо страшно, се до нашата психа.
. Соновна парализа е кога човек е во полузаспана состојба, значи свеста т.е. мозокот е буден ама моторните функции јок. Ти можеш само да ја мрдаш главата и да гледаш што се дешава околу тебе, како производ на оваа состојба се јавуваат разни халуцинации. Во твојот случај како халуцинација се јавила некоја сенка која те гушела. И мене првиот пат ми се причини како да е некоја сенка врз мене и не ми дава да станам, ама ништо страшно, се до нашата психа.[/QUOTE]. Да така е, мене ме плаши што не ми е првпат туку почесто ми се случува и тоа ме плаши.
Луѓе.Спијам некни и се разбудив онака свесна будна си бев све,ама не можев да мрдам парализирана бев.И едно време како црн чад сенка без фигура над мене и врело ме чепкаше по вратот и по радите ме притискаше ме галеше,потоа под мене грбот ми лебдеше лебдев во воздух а главата рацете и нозете во опуштена состојба провиснати јазикот ќе си го голтнев.Потоа ме пушти и добив глас и кога се исправив чуствував жештина на местото кај што ме давеше одма ја разбудив баба ми дека со неа живеам.На вратот и градите имав прсти изгореници и сеуште имам траги од тоа...Што мислите што би можело да е,крвта ми смрзна од страв...?
Имате ли побарано лекарска помош? Многу често ми се случува, а сама не гледам како можам да си помогнам.
Така велат дека е до психата. Има ли објаснување зошто сите или повеќето кои имале парализа во сон ја виделе таа иста црна сенка или магла која ги дави или слично.. Случајност да не е хахах. Никој со сигурност не може да каже што е тоа... Пред некој ден ми се случи ова. Гадно чувство навистина но се навикнав веќе. Чудно ми е само тоа што во иста вечер и на мајками и се случи тоа.
Халуцинации се и има неколку кои се почести. Јас обично слушам како некој ми се шета низ дома, или ми влегува во соба, а сум сама. Кај мене е во денови кога сум под поголем стрес, ако чувствувам анксиозност или сум многу изморена.
Мене ми се случува баш во периоди кога многу малку спијам, по 3-4 часа и мислам дека е од тоа. Но сепак неможам со сигурност да речам дека е од тоа бидејќи ете има многу работи поради кои неможам да тврдам дкеа со сигурност е од депресија или од премалку сон како на пример црната магла..скоро сите кои имале парализа во сон ја виделе.
Тоа се халуцинации. Тактивни, визуелни и аудитивни. Мозокот е во рем фаза, а мускулите се парализирани. Тежината на градите што се чувствува за време на состојбата е поради укоченоста на мускулите, оти мозокот не ги враќа функциите во нормала. Ова е состојба меѓу сон и реалност. Ова се хипотези и за ваквата состојба се истражува и натаму. Меѓутоа е многу поверојатно, него да си нападнат од демони.
Ова е на психичка база. Прв пат ми се случи пред некоја вечер, и тоа најсимптоматично е што дента ја разгледував оваа тема на форумот. Затоа мислам дека е психа + замор. Прилегнав на кауч пред ТВ, спиев на грб, кога се разбудив, од толку трудење да се помрднам, успеав само главата да ја вртам со тешкотии (едвај). По некое време, почнав да гледам сивило, ама намерно не се фокусирав на него, ги затворив очите, се откажав од обидите, и повторно заспав. Подоцна, сосема нормално се разбудив. Темава не е за тука, треба да се премести во Психологија.
И мене ми се има тоа случено многу пати и многуу е страшно. Спиев и сонувам нешто и полека ми избледува сонот а додека сонував бев будна и се памтам само што пред очи ми стоеше сонот. И се будам, вриштам се мрдам и ништо не може. И заспав и ова неколку пати се повтори истата вечер. Кога видов во саатот поминало само 15, 20 минути а мене ми се чинеше цела вечност. Друг пат исто ми се случи да вриштам да пробувам да се мрдам и после накај 3ипол, 4 се разбудив и вратата беше подотворена а јас последна заспав таа вечер. Знам нешто слично на ова парализа во сон и тоа дека ако легнеш во мирна тивка просторија да се релаксираш подолго време, кога ќе ти биде скроз релаксирано и опуштено телото можеш да си го контролораш духот и ако замислиш да иде напред или негде да се движи тоа и ќе се случи. Не толку многу слично ама ова не сум го направила зошто ми е страв а другарка го направила и и успеало. Не ми беше толку страв ама сега кога прочитав погоре дека се разбудила со траги на вратот од прсти, не можам да да отидам у wc старв ми е.
Претходниот пат кога имав парализа на сон бев сама дома преку ден. Чуствував како некој до мене дише и ми ја помести раката. После тоа пак заспав. Друг пат кога сум имала не се сеќавам како ми било во споредба со ова. Може било халуцинација ама не знам чудно беше.
Пред точно 3 години ова време,почнав да сонувам сенки.....До тогаш тоа не ми се случило одкога почнаа,еден период ќе престанат после пак ќе почнат.Од страв не можам да се разбудам а кога ќе се разбудам сакам да викнам неможам....Знам дека на многу луѓе ова им се случува,али веќе ептен се преоптеретив со ова ми е страв и да спијам...Пред некој ден осетив тежина на грбот и дишење,сношти сонував дух,како поминувам низ него и се такви работи а не можам да си помогнам како во депресија да паѓам...Што да правам да престанат знае ли некој ?
Најверојатно минуваш низ стресен период па тоа се манифестира и на твојот сон. Барем кај мене е така. А со лошите мисли уште повеќе влошуваш ситуација. Секогаш пред да си легнеш кажи си дека си посилна од тоа. Ако не успееш сама, побарај помош од стручно лице. Јас побарав, и добив одговор што е тоа парализа во сон?! Затоа си помагам самата со менување мисли. Само не се откажувај од тоа да го најдеш вистинскиот причинител и да се избориш со проблемот. Знам колку е грдо чувството.
Да, и мене до сега неколку пати ми е десено првите две реди се исплашив и тоа многу неможам да мрдам и да ги отворам очите мрдам само со прстите од нозете и се слуашам и при свест сум,ама секогаш кога ке ми се деси размислувам како баш тој ден ми се случува тоа нешто и дојдов до заклучок дека тоа ми се случува кога сум премногу уморна и одам многу доцна во кревет барем за мене мислам дека од тоа ми се случува оваа парализа која трае нешто 10 до 15 секунди
Сношти нешто/некој ме држеше за рака, нозе и главата, неможев да се помрднам, ама почуствував чекорење, како ми се доближува, спијам како зајак, мува да помине ке ја слушнам, и ме зграпчи, почнав да викам бегај бегај, ама во сон сум викав не на глас, (мајками ми вели три пати ке речиш волкот да те јајт, волкот да те јајт, волкот да те јајт) што беше тоа?