Девојки денеска го гледав овај филм и баш ми се виде интересен онака за да се опуштиш и малце да се насмееш Се работи за 4 најдобри другарки кои не се толку популарни во училиштето и сакааат да си го подобрат нивниот социјален статус па се натпреваруваат против девојките кои се популарни во нивното училиште па дали вие сте го гледале филмов, ви се допаѓа? Спојлер а оние кои го немаат гледано ви препорачувам да го гледате за малце да се опуштите
Го имам гледано. Го начекав еднаш случајно на телевизија. Ништо посебно. Сосема обичен, како и повеќето вакви филмови кои на претек ги има. На моменти дури и досаден.
По којзнае кој пат се повторува приказната. Аутсајдерите против главните фаци и на крај хепи енд Сепак добри се за опуштање ваквите филмчиња...
го гледав на youtube филмов и интересен беше и лесен ама со многу очигледен крај , ви препорачувам да го гледате ако сте љубител на тин филмови
Оддамна го имам гледано...И многу е супер и сто пати да го глеам нема да ми се здосади...Иначе со оваа главната на овие популарните девојки има уште еден добар филм да ви го препорачам супер е гледајте го...Aquamarine...
Јак е самошто го гледав .Ме потсеќа на она што ми следи.Преодната фаза од основно кон средно и загубата на најдобрата другарка