@angelche16 Тоа е поради годините кои ги имаш внесено кога го правеше акаунтот. Внеси дека имаш пр. 20 години и ќе имаш пристап до овој да речам нормалниот. Иначе ова ми е една од најкористените апликации и полесно ми е зошто најчесто сакам да споделам нешто што сум купила или во продавница некое фустанче па да побарам мислење од другарки и сл, наместо шо ке се малтретирам да отварам фб месинџер, прикачување слика и итн вака полесно и попрактично ми е. Исто така често ме мрзи многу да пишам вака во кратки црти ке се искажам
Имам прашање, глупаво е најверojaтно Дали кога испраќаш слика се наплаќа како порака или бесплатно е се'?
Додаваш луѓе и тие тебе и дури тогаш можете да си разменувате слики. Ако додадеш некој а тој не ти возврати мислам дека не можеш да праќаш и обратно. Кога се отвара снап е наместено за сликање, сликата можеш да ја пратиш на одредена личност или да ја ставиш на мај стори и да ја видат сите. Десно од тоа се сликите кои пријателите ги ставаат на мај стори а лево се они кои ти ги праќаат тебе. На почетокот апликацијата воопшто не ја сакав, праќав многу ретко, затоа и ја деинсталирав. Повторно ја инсталирав и сега сум многу поактивна.