Дали го имате видено филмов?? јас само што го гледав и немам појма дали ми е убав или не главните улоги се Kristen Stewart, Chris Hemsworth and Charlize Theron. Charlize Theron во филмов е одлична, по мое ептен и лежи оваа улога,ама и ја бидува за секаква улога и во секој филм е пре добра,мислам ако некоја друга глумица беше на незино место цел филм ќе беше голем пропаст.Kristen Steward замрзната како и секогаш,ништо посебно не се покажа можеше друга да глуми на незиното место,а Chris Hemsworth HOT,HOT,HOT...па и со тој акцентот негов,абе нај убав ич не мора да глуми пак си е срцлест http://www.youtube.com/watch?v=DgfYBJoPFFw
ми се свиѓаше причата ,шарлиз прекрасно одглуми ( јес да не ја сакам многу многу ама шо ја бива ја бива стварно ,кој не го гледал нека го гледа Monster со нејзе филм според вистинска прича) да не забегувам од темата се на се не беше лошо филмче ама онаа кристен не ја можам напраиле голем промашај што ја стаиле да ја игра Снежанка . сума сумариум оценка за филмот 8/10 .
Филмов го гледав пред две-три недели можеби и малку повеќе време. Како што имав пишано во друга тема филмов баш ми се допадна посебно глумата на Шарлиз предобра е во филмов(како што спомнале над мене ако го немате гледано Monster веднаш да го погледнете) Кристен ми беше исто така добра, а за ловецот немам зборови. Се на се супер филмче.
ако некој има линк за спуштање нека стави ве молам многу сакам да го гледам ама не можам да го најдам
оди на The Pirate Bay,таму го има јас од таму го сметнав,сигурно знаеш да сметнуваш и гледаш филмови одThe Pirate Bay,треба да имаш uTorent
Го исчекував цела година, токму поради тоа што сакам бајки, а ја обожавам и Шерлиз, со душа чекав да го гледам и на крај се разочарав тотално. Единствено вредеше глумата на Шерлиз, која патем како негативка е одлична, ама Снежана ужас.Кристен врска нема, цело време е како препарирана во фацата, толку да се немало поим од глумење емоции, аман. Ефектите се добри, тоа да, ама приказната е некако бледа, незавршена, како да потрчаа низ целата замисла.Да беше приказната како оригиналната бајка Снежана и едумте џуџиња ќе беше милион пати подобар филм.Вака му давам 3/10 и тоа воопшто нешто му давам ради Шерлиз и оној ловецот, што е добар актер, друго ништо не вреди.
Коментар дадов во Последен филм што го гледав ама ќе се повторам и тука.. Жанрот е акција и авантура. Со тоа фактички целта не им е била да ја екранизираат приказната затоа што такви филмови ги има милион. Затоа на повеќемина не им се допадна филмот и имаше милион лоши критики на интернет. Ама не ми беше тоа муабетот.. сакав да кажам... touché.
Сакам да го гледам, и секој ден си викам ај да го симнам.. и цело време некој нов симнувам, а овој никако. Некако според критикиве, немам сега некоја преголема желба за гледање..
На листата за симнување ми е филмов. Не ме интересираат мене многу критиките, може некому ако не му се допаднал, мене ќе ми се допадне, нема врска тоа. Само што оваа Кирстен ми е тотален хаос ко актерка, нешто слично ко Вуди Ален. Ко пореметена во тоа изразите и емоциите, заникаде. Па затоа може помала оценка да има, али Шарлиз ми е прекрасна, во секоја смисла.
Искрено, многу повеќе очекував од филмов. На моменти е супер, на моменти екстра досаден. Charlize Theron вади ситуација.
Така-така е филмот. Во некои сцени е преинтересно, додека во други посакувам да си пукам во глава од досада. Но, тоа е што е.