1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Sol De Janeiro

Дискусија во 'Тело' започната од MayDiamonds, 2 јули 2023.

  1. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    2.063
    Видов дека сеуште нема ваква тема, па реков ај да отворам.. :D

    Буквално сите полудеа по брендов, ептен им се хајп спрејовите за тело Brazilian Crush Cheirosa и кремите Bum Bum.

    Дали некој ги пробал да сподели мислење? Дали вредат за цената? :)
     
  2. kat.rose

    kat.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    35
    Јас искрено сакам да си купам 68 или 71 од толку што ги фалат. Па случајно да не знаеш кај нас дали ги има?
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  3. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    2.063
    @kat.rose

    Барав на Google успеав да ја најдам странава https://gloshop.mk/index.php/product-category/sol-de-janeiro/

    исто така и на Инста открив два профили што ги продаваат beautycave.mk и skincare.goodies
    но немам сеуште купено а сум во план да го порачам 62 чисто да видам what’s the hype :D
     
    На kat.rose му/ѝ се допаѓа ова.
  4. kat.rose

    kat.rose Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2012
    Пораки:
    29
    Допаѓања:
    35
    @MayDiamonds
    Леле и јас мислев на 62, а 68 сум пишала :lol:, пошо знаеме дека околу нив е хајпот хахах
    Ако нарачам, ќе ти пишам импресии обавезно :D
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Ако сте го мириснале маслото со светки пред 2 години од Балеа што беше тоа беше како некој dupe за 62ката. И ја сакам да купам здравје оваа година ако одам надвор од Мк. Ептен ги фалат и за трајност.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    2.063
    Јас па барав по ТикТок и наидов на еден куп споредби дека Treaclemoon Brazilian Love колекцијата е dupe на 62. Кремот за тело што го имаат мириса исто како Bum Bum кремот на Sol De Janeiro. Само што Treaclemoon немаат спреј за тело.
     
    На Astrum.Obtutus му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Astrum.Obtutus

    Astrum.Obtutus Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 декември 2018
    Пораки:
    333
    Допаѓања:
    459
    Пол:
    Женски
    Да да го имам кремот за тело, епа слично мирисаше и тоа маслото од Балеа. Се надевам дека ќе излезе некој dupe или ќе го донесат конечно некогаш кај нас официјално...
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Shugarspice

    Shugarspice Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2017
    Пораки:
    160
    Допаѓања:
    1.907
    Пол:
    Женски
    Јас го земав спрејот за тело Cheirosa 62 од Берлин,275ml за 30 евра. Мириса убаво да,особено ако се прсне на облека мириса уште поинтензивно и трае повеќе на долен веш него на кожа. Исто така,bum bum кремата мириса убаво-дури повеќе трае од спрејот за тело. Малку прескапи се,убаво мирисаат ама ништо специјално. Ме потсеќа мирисот на Victoria’s secret Bare Vanilla. Ако сакате ванила и сладуњави мириси ќе ви се допадне,ама за таа цена не би го купила повторно
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  9. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    2.063
    275ml за 30 евра е баш исплатливо, по нашиве страни за таа цена се паковањата од 90ml :?:
     
  10. Luckyyy1

    Luckyyy1 Активен член

    Се зачлени на:
    6 септември 2023
    Пораки:
    15
    Допаѓања:
    16
    Jas gi imam probano 62 i 68 body mist i kremata so istiot miris. 68 (rozevoto) mirisa skroz isto kako na ariana grande cloud parfemot a ne trae dolgo. 62kata ic ne mi se svigjase.Site go falat na tiktok ali koga go mirisnav imase nekoj mn jak gorcliv miris kako eftin kokos mnogu gadno i preblago duri sto vise ne e ubavo a jas obicno sakam blagi mirisi. Plus za taa cena mnoooogu se overrated nemojte da se izlazete da kupite posto realno ne vredi bas i ne trae. A ako naracuvate od internet stranici ne vi se isplati poso plakjate skoro duplo za pomala kolicina
     
    На MayDiamonds, Astrum.Obtutus и koritsaki им се допаѓа ова.
  11. MayDiamonds

    MayDiamonds Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2013
    Пораки:
    1.756
    Допаѓања:
    2.063
    Го земав 40-ката розевиот и можам да кажам дека сум благо разочарана :wasntme:

    IMG_1584.jpeg

    Ми мириса исто како некој од оние ефтините дезодоранси што ни ги даваа за поклон на родендени кога бевме мали, Малициа, Импулс или како се викаја.. Слатко, basic, ништо посебно.
    Не вреди ни за мирисот а за цената уште помалце, ќе си се вратам на Victoria’s Secret барем имаат далеку по уникатни мириси.
     
  12. Elena878

    Elena878 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2020
    Пораки:
    208
    Допаѓања:
    368
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам кремата bum bum и на прва мириса преубаво, после некое време доаѓа до израз гуарана екстрактот што го има во неа и се чувствувам ко некој да истурил енергетски пијалок врз мене и ми е грозно :D Плус, прескапа е како за крема и еве цела година не можам да ја потрошам поради афтер ефектот :)
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Pixi5

    Pixi5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2020
    Пораки:
    322
    Допаѓања:
    317
    Пол:
    Женски
    Јас ја имам пробано бум бум кремата, буквално на квики мирисав :| воопшто не ми се допадна, би рекла дека не вреди за парите.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Mimimimi2

    Mimimimi2 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    zimi se ne lazam mene licno mn gnasno mi mirisa sol de janeiro 62 sprejot mn jako se zaebav so go kupiv bukvalno e MID.
     
    На MayDiamonds му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Mimimimi2

    Mimimimi2 Нов член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2024
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Ne znam zaso tolku e hajp
    dobro denes pak go spricnav i ubavo mirisase ama posle nekoe vreme ima nekoj gnasen miris so ne mi se svigja ne znam zaso
     
  16. koritsaki

    koritsaki Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    18.472
    Допаѓања:
    105.855
    Пол:
    Женски

    Пробај ги спрејчињата на Lush , ќе бидеш пре задоволна. Прочитај на соодветната тема , особено го фалиме сите let the good times roll
     
    На Autumn Love и Mimimimi2 им се допаѓа ова.
  17. Autumn Love

    Autumn Love Популарен член

    Се зачлени на:
    3 декември 2020
    Пораки:
    1.834
    Допаѓања:
    5.078
    Ги имам 62ката спрејот и бум бум кремата. Кремата ми е сон, преубаво мириса, убава хидратација дава, спрејот ми е онака.
    Ама не се долготрајни, во споредба со овој од Lush пример што го спомна @koritsaki , тоа е чудо од доготрајност човече, нереално нешто.
    Не вредат за парите, ама ќе ги купам уште еднаш сигурно :D.
    Башка и маж ми ептен ги бендиса :wasntme:.
     
    На koritsaki, Astrum.Obtutus и MayDiamonds им се допаѓа ова.