1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

SOPA - Stop Online Piracy Act; PIPA - Protect IP Act

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од x.Daisy.x, 20 јануари 2012.

  1. x.Daisy.x

    x.Daisy.x Популарен член

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    3.884
    Допаѓања:
    13.419
    SOPA - Stop Online Piracy Act и PIPA - Protect IP Act се организации кои имаа за цел да ја запрат интернет пиратеријата. Oва може да доведе до забрана на пребарувачите да поставуваат линкови до други web-сајтови. Доколку стапи на закон може да биде казниво со казна затвор, а максималната казна би била 5 години.

    http://www.youtube.com/watch?v=JhwuXNv8fJM

    Повеќе:
    http://en.wikipedia.org/wiki/Stop_Online_Piracy_Act

    Владата на САД започна, и е укинат еден од најголемите сајтови за споделување фајлови megaupload.com. Аnonymnous на ова одговара со хакнување на DoJ(Department of Justice), RIAA, MPAA, and UNIVERSAL MUSIC.
    [​IMG]

    Иако ова се однесува на САД, цела интернет мрежа би била засегната, зашто повеќето web сајтови се лоцирани во САД. Во горенаведеното видео се поубаво објаснети сите последици што би можеле да се случат доколку ова стапи во закон. За сега претседателот на САД - Барак Обама кажува НЕ!

    Кои се вашите гледишта на ова?
    Ова би била добра тема за дискутирање, и разбивање монотонија на форумов. Бујрум!
     
  2. MonnaSi

    MonnaSi Популарен член

    Се зачлени на:
    23 април 2011
    Пораки:
    469
    Допаѓања:
    536
    Жива глупост . Ако некој сака нешто да симне ќе не спречат нас обичните смртници, хакерите пак ќе син симнуваат. Срам да им е ! И да одлично што Обама не го подржува ова , ама како може да не може да го спречи не сфаќам :?:
     
  3. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
    Браво за темава. Заслужува и те како да се дискутира! :!:
    Сигурна сум дека голем број од нас не слушнале, не разбрале или во краен случај си рекле: "Што ми е гајле мене за Американциве?". Кога првпат слушнав за ова, мојата реакција беше истата: "Нека му ја мислат Америте." Ама со подлабоко размислување и анализирање на ситуацијата сфатив дека не се само тие засегнати туку работата е каде - каде поширока. Можеби се создава таква слика бидејќи реално се случува таму, најголемите сајтови се американски и се' тоа. Ама..ако се изгласа законов, сите ќе бидеме засегнати. Главната работа не е да се забрани пиратеријата, таа постои одамна и секогаш ќе постои. На овој или оној начин. Работата е да се воведе цензура, да се цензурираат сите сајтови или нивни делови кои содржат пиратериски материјали. А, реално огромен број на сајтови содржат "позајмени" работи: софтвер, музика, филмови.. Се' тоа бесплатно секако. Ако се воведе цензура, ќе се забранат тие сајтови, кривично ќе се гонат виновниците, а ние обичните корисници нема да можеме да дојдеме до ништо бесплатно. Барем не од интернет. Тогаш пак ќе се развие пиратеријата од рака на рака, не дека скроз ќе ја снема. Ама, не е тоа - тоа. Лошо им се пишува на студентите - кои користеа материјали за семинарски, задачи, дипломски, бесплатен софтвер и не само на нив, на сите корисници на интернет кои се едуцираа или забавуваа користејќи ги благодетите на слободниот интернет.
    SOPA и PIPA се предложени од големите корпорации, кои губат профит заради слободниот интернет и со негово цензурирање ќе станат уште поголеми..
    Не сакам да верувам дека ова ќе се усвои и дека единствениот слободен медиум ќе биде ограничен. :x :x
     
  4. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    Ако го изгласаат, куку мајко, ќе ме затворат бе, ќе ме затворат. :D ФБИ на врата ќе ми дојде, моите ќе ги испрашуваат зошто толку песни имам објавувано, дали ги препродавам. Којзнае колку песни имам објавено на фејсбук, секоја по 5 години, ојде Дузи јабана. :rofl:

    Јас сум се разбира, најмалиот проблем. Големиот проблем е што Американциве се толку алчни за пари станати, невозможно нешто.Никогаш не сум ги сакала. Сакаат да им ги купуваме сите филмови, песни, книги... Океј е тоа, фер е да се побара такво нешто, но да се казнува секој што нема да го направи тоа? Или баналности од типот, зошто сум објавила песна или слика... Боже мој. И океј е да немаат пари, како кај нас, никој не купува ЦД или филмови, ама САД вријат од пари, Холивуд од воздух не функционира, нели? :D

    Видете ги тие ВИВО и таквите слични на јутјуб, што ги купуваат авторските права и не можеме да го гледаме видеото. Е така ќе стане цел интернет. Веб портали ќе се затвораат затоа што ќе мора да цензурираат и да пазат што објавуваат, па цел интернет ќе стане... хм, ништо? Пак ќе речам, ако го изгласаат, поарно исклучете се од интернет посовреме, бескорисен ќе биде. Ќе станеме како Северна Кореја, ни филм ни ништо ќе се види. Википедија ќе ојде, фејсбук ќе ојде (затоа што ќе треба да плаќа казни ако не ги контролира корисниците, а не можеш да контролираш толку луѓе), фемина и нашите веб-страници ќе се затворат затоа што сите вести се од некаде претходно објавени а авторските права се прескапи да се купуваат за секоја новост.... :x Нешто слично како телевизиите во Македонија. Како даваат само турски серии затоа што се евтини да се купат? Така некако ќе биде на интернет. :x

    Ама ве испоплашив, ама озбилна сум. :D
    Ај сега, одете потпишете се на петицијава. :!:

    http://www.avaaz.org/en/save_the_intern ... tcb&pv=171
     
    На JuLleE, pink4ever и imelda им се допаѓа ова.
  5. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Па има шанси да се усвои, ама ако се усвои во Америка полека ќе почне да се усвојува насекаде. Ама во Америка по строго е регулирана пиратеријата, нема слободен пристап до филмови и музички албуми како кај нас, знам дека и кога влегуваат во КФОР на Косово им ги запленуваат пиратските ц-деа.
    Законот од една страна би бил добар но за авторите, додека луѓето ќе мора да плаќаат за се што ќе посакаат да симнат, нај веројатно се ќе се купува онлајн.
    И замислете колку ќе замре целиот интернет, нема гледање се што ќе посакаме на јутјуб, нема симнување филмови од рапидшеар, торент и тн., нема симнување електронски книги, нема барање информации од википедиа, енкарта итн. и мислам дека тоа и ако се изгласа ќе го уништи интернетот, а тоа ќе донесе промени на многу полиња од животот ако би земале во предвид колку луѓето во секојдневниот живот и на работа се зависни од интернетот како збир на информации.
     
  6. glow

    glow Популарен член

    Се зачлени на:
    24 декември 2009
    Пораки:
    3.023
    Допаѓања:
    1.264
  7. Belieber163

    Belieber163 Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2011
    Пораки:
    373
    Допаѓања:
    444
    [​IMG]
    ;(
     
    На Chocoholic и Doozy им се допаѓа ова.
  8. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.166
    Допаѓања:
    26.994
    На starfish му/ѝ се допаѓа ова.
  9. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Поголема глупост не можеа да смислат. Тоа е се што имам да кажам.

    Дузи таму си пишав име и меил, немој да ми дојдат да ме однесат в Азкабан директ :lol:
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.716
    Допаѓања:
    150.560
    Тешко ми е да се согласам затоа што сум апсолутно за слободно пренесување на информации,но од друга страна ми предизвикува тешка дилема. Што ако информациите се толку слободни и достапни,што ако има слободно симнување на милиони работи кои се нечиј труд,кога повеќето реално не ги ни користат за вистински цели?!
    Ми се чини дека откако започна ерата на интернетот,масовно,почна да се појавува социопатија и многу понеобразовани и информирани луѓе,отколку што тоа било претходно. А да бидеме искрени,ја отапува борбеноста за знаење. Како?! Семинарски,стручни трудови,магистерски, докторати (барем кај нас,ама и во светот не е нешто поразлично) се симнуваат,копираат,штелуваат од интернет...толку. Нема реална истражувачка дејност,освен ако не си во некој институт,па така што се калат полуписмени дипломци,магистри кои ради реда зимаат дипломи.
    Кога се работи за луѓе кои имаат потреба за информација,да бидеме искрени и ќе си платат. А друго,поквалитетен ќе биде изборот за читање на порталине,нема да можат Коко и Ким сто пати од некаде да ги преведуваат нашиве шлакнати. А и повеќето најзагрижени се оние симнувачи на филмови, игри и музика,што е ... ужасно.
    Секојдневно зависни да,ја добивам информацијата,ја употребувам,ја заборавам,затоа што реално не ми требал труд да ја стекнам,не ми требало време да ја испечам во својата глава,а утре пак ќе ми притреба можеби.
    Нејсе,начелно сум против одлуките на ПИПА и СОПА,зошто зависна сум од многу извори и медиуми кои секојдневно ги читам и се информирам. Но,сепак имам и некој заден став зошто пак е подобро,но тоа е многу маргинална добивка сепак... Повеќе се работи за нешто друго,отколку за добивка на светот.
     
    На Bright, Annath, ljubam и 3 други им се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.833
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Ма каква придобивка за светот, ова е од алчност!
    Ако имаат некои подлабоки цели, ова не е начинот да ги остварат.
    Од една страна се сложувам со Лилит, за делумно паразитските генерации, кои 90% од домашните ги препишуваат од Википедија.
    Ама од друга страна па, младината симнува и филмови, документарки, книги и остало. Зарем тоа не делува поттикнувачки на мозоците, стекнување и збогатување со нови знаења од општа култура, информирање, итн?
    Штознам...
    Фактот дека има кршење на авторски права, минимална заработувачка на одредени креативци и остало, на некој начин го оправдува ова. Ама веќе пиратеријава стана дел од современ начин на живеење, глупаво е сега да се превземе нешто кога веќе е речиси невозможно да се откорени.
    Јас се потпишав на петицијата, премногу ми е болно да се лишам од филмовите што секојдневно ги симнувам.
     
    На SuperGirl2010, CoverGirl10 и teddybear им се допаѓа ова.
  12. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    http://mashable.com/2012/01/20/sopa-is- ... ulls-bill/

    8)

    Ќе се видиме пак со дечково за некоја година, Америте не си ги даваат работите за џабе. :D
    Дотогаш, има да направам завидна колекција со сите можни филмови и серии, па нека ми бајт он мене. :wasntme:
     
    На figgiMK и Noemi им се допаѓа ова.
  13. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    1.719
    Допаѓања:
    7.085
    Само што видов на твитер SOPA is dead, објавено од Anonymous.
    Изгледа видоа колкава фама се креена, посебно кога ја затворија megaupload.com
    Браво за дечките Anonymous.

    Инаку, прочитав мислења по интернетов за реакцијата на Обама, како ова било осмислено намерно за престојната негова кампања- ако тој е против SOPA нормално дека мнозинството на граѓани ќе го подржува.
     
  14. Ashling

    Ashling Популарен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2010
    Пораки:
    1.228
    Допаѓања:
    2.577
    Секој со својот труд.
    Ако не сакаш да го објавиш на интернет не мораш и нема никој да ти го земе.
    Интернетот не треба да биде привилегија, туку потреба.
    А, ова веќе станува смешно.
     
  15. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    Еј овие се сериозни?
    Сега на бане превоз скоро сите стручни литератури се забранети, има доста што се уште слободни ама баш тие што беа подобри и корисни не се достапни. До сега симнував се што ми фати око од прва, кој знае утре може сите да ги забранат.
    Имам доста симнувано, па ако фати некоја криза може да си правиме размена, направете список што се имате па ќе си праќаме по имејл :lol:
     
  16. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.315
    Пол:
    Женски
    КОЈ Е ЧОВЕКОТ ПОРАДИ КОЈ ХАКЕРИТЕ И ОБЈАВИЈА ВОЈНА НА АМЕРИКА?

    Му се урна животот на газдата на MegaUpload

    Против Ким Дотком, сопственик на веб страницата за размена на фајлови, подигнато е обвинение во кое стои дека поголемиот дел од содржината на MegaUpload бил пиратски материјал кој неговите жртви ги чинело 500 милиони долари!

    Извор вечер
     
  17. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.796
    Допаѓања:
    65.515
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    На thepiratebay е поставено ова. Мислите ќе може да се изведе?
     
  18. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.971
    ^Море опасни се овие Анонимус, фан сум им на фејсбук. :rofl:

    Реално, што знам дали е изводливо. Ајде кај нас, многу мал процент од населението оди во кино или легално симнува музика... Весници се купуваат, да, но не дека газдите се некои мултимилионери кои имаат влијание во Македонија да донесуваат закони. Ама во Америка, се тепаат за да влезат први на некоја премиера или дремат цел ден на Амазон да го купат албумот кога ќе биде објавен, или па ова со нивните весници, сите го ценат мислењето на дневниот печат - малку во екстреми навлегуваат таму. Или ние сме екстремно ненапредни, не знам. :D
     
  19. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.037
    [СДК] Сакам да кажам...

    Ова АКТА-ва is making me insane!
    Навистина нема смисла. Па кое е тоа право, да се нема никаква слобода на интернет? За никаде. Револтирана сум, а би шизнала ако го донесат во Македонија. :@
    Не знам, најдов една петиција за потпишување која ке биде доставена во Брисел. Ако сакате потпишете се, јас веќе го сторив тоа... Еве овде:
    http://www.avaaz.org/en/eu_save_the_internet/?fp

    Нека заврши веќе ова, аман!
     
  20. figgiMK

    figgiMK Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2010
    Пораки:
    6.964
    Допаѓања:
    2.300
    Искрено јас сум за се да е слободноооо - да е „фор фреее“!!!!
    ако некој секако сака оргиналноооо филмче или музиче нака си дава
    јас сакам копија која чкрипи и која нема слика и која секако е полу
    добра појкето некој во позадина ја пее!!!

    Искрено во последно време се мислам дали АНОНИМУС и не е дело од нив?
    Зашто сега за сега само се крава голема галама а голема е можноста како и
    се што иде од УСА да е само ТИЗИНГ од стрна на АНОНИМУС - кој се некое
    владино чедо ....

    некако се ми е мнн мнн филмски и некако преоптоварено ... нереално !!
    и баш целата таа идеа за АCTA иде од ЈАПОНИЈА ... мислам ХЕЛЛОООО
    таму си прават харикири само ако каснат мили секунда а не да прават некои
    вакви нешта???!!!

    Бугарите кажаа не ... но викаат не додека цела ЕУ не прифати ...се надевам дека
    во МК нема да се истрчаат мнн мнн ...
    :fubar: :envy: :fubar: