Soufflé (топло ладно) јас имам многу убава рецепта но се пече во куглоф,рецептата ми е од куварка која што работи во хотел.
Soufflé (топло ладно) Ајде постирајте рецепта ве молам, сосе постапка и све, ова од Др Оеткер тешко се наоѓа
Soufflé (топло ладно) Па ете го имам постирано рецептот погоре. Ситсни на линкот и со слики има објаснето.
Soufflé (топло ладно) Старфиш, извини вчера не ми се покажа линкот, па си реков што е финтава, сите викате имате рецепт а никој нејќе да го издаде фала во секој случај! сега го гледам, одам да го пишам
Soufflé (топло ладно) ИЗВИНЕТЕ ШТО НЕ ЈА НАПИШАВ РЕЦ.НО ЕВЕ ЈА СЕГА 250ГР ПУТЕР,250ГР ЧОКОЛАДО ЗА ГОТВЕЊЕ СЕ РАСТОПУВА НА ПАРЕА И СЕ ДОДАВА 1ЧАША/ЗА МЛЕКО/ШЕКЕР,1ЧАШАБРАШНО,1ВАНИЛКА. БАШКА СЕ МАТАТ 8ЈАЈЦА И СЕ ДОДАВА НА СМЕСАТА ПОСТЕПЕНО. КУГЛОФОТ СЕ МАЧКА СО ПУТЕР И СЕ ПОСИПУВА СО БРАШНО СЕ ПЕЧЕ ВО ЗАГРЕАНА РЕЛНА НА 250Ц 14МИН. МОРА ДА СЕ ВНИМАВА НА ВРЕМЕТО АКО Е ПОМАЛКУ ОД 14МИН. Е ЖИВО А АКО Е ПОВЕКЕ Е ТВРДО. ПРОБАЈТЕ РЕЦ.Е СУПЕР.
Soufflé (топло ладно) Цуфи сега не те разбрав- мислев дека е во форма на куглов, ама внатре пак има чоколадо кое тече, ама според рецептот не е така ? Значи овој рецепт нема ништо заедничко со темава. Во секој случај ми изгледа добар рецептот
Soufflé (топло ладно) ИМА ЧОКОЛАДО ШТО ТЕЧЕ ЗАТОА СЕ ВНИМАВА НА МИНУТИТЕ ЗА ПЕЧЕЊЕ.ЛЕТОВО ГЕРМАНЦИТЕ НА КРИТ БИЛЕ ЛУДИ ПО ОВОЈ КОЛАЧ.
Дечки еве една варијанта на топло ладно... се надевам ќе ви се допадне Колач "за 5минути" - 4 рамни лажици брашно - 4 рамни лажици шеќер - 1/2 лажичка прашок за печиво - 2 лажици какао - 1 јајце - 3 лажици масло - 3 лажици млеко - 1 шолја за чај Во шолјата ставаме брашно, шеќер, какао и прашок за печиво и добро мешаме за да се соедини. Го додаваме јајцето и повторно мешаме. Го додаваме маслото и млекото и мешаме да не останат грутки. Шолјата ја ставаме во микробранова и печеме 4 минути - 850 вати или 3 минути - 1000 вати. Кога е готово вадиме од микробранова (внимавајте шолјата е врела!), оставаме 2-3 минути да се олади и по желба прелеваме со фил, сладолед, мармалад... Добар апетит
Јас сега си го направив. Го има на др Еткер во новото Веро Преубави се колачињава и се прави за 10 мин
Го направив суфлето по тој рецептот на Старфиш од рускиот сајт и стварно излезе мнооогу убаво, исто како од готовото од Др. Еткер (Лава колач). Само да се пази на времето на печење, да не се препече па внатре да се испече целото, да нема чоколадо (лава). Еве ви го и преводот на состојките, а таму си има со сликички се објаснето: 3 яйца --- 3 јајца 100 гр черного шоколада(70%) --100 гр. чоколадо ложка какао ------- лажица какао 3 столовых ложек муки ---------3 супени лажици брашно столовая ложка молока ------- супена лажица млеко пол стакана сахару ---- пола шоља (од 250 мл.) шеќер 100 гр масла слив.------- 100 гр. путер Излегуваат 6 колачиња.
па и мене ми ги снема, сигурно мајка ми ги однела некаде. Затоа и прашувам. Страв ми е со хартиени корпички...
Претходно ја имав купено од Др. Еткер смесата, па си ги зачував калапчињата за печење. А мислам дека се продаваат такви. На пазарчето Буњаковец имам видено на влезот една продавничка што е, гледа кон Партизанска. Само незнам која цена се. Сигурно ги има и по други продавници за пластикарии, садови... А со хартиени неможе мислам, прво смесата ќе ги намокри и распадне, а второ неможе во хартија да се пече.
Јас последна сум коментирала во темава Еве нешто што објавиле денес на стараната Гурман. http://gurman.mk/vashi-recepti/toplo-laden-kolach/ Ресепт за Суфле : Топло-ладен колач СОСТОЈКИ • 500 гр чоколадо • 10 јајца • 125 гр путер • 200 гр брашно • 10 лажици шеќер ПОДГОТОВКА Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади. Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање. На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив. Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути. Bon Apetite!
Колку време ги печеше?На 250 степени колку минути?Зошто гледам едни пишувале 14 мин едни 5...Ај кажи ми според оваа рецепта зошто ќе ги правам,колку ги печеше.
Го пробав рецептов... само наместо прашок за пециво (немав во моментот) ставив малку сода бикарбона... и излезе супер, со мармалад од шипки. Фала рејнловер!
Суфле има во Кам маркетите и мн е ефтино и мн лесно и брзо за приготвување во кутијата има и хартиени калапчиња се што е потребно пишува на самата кутија