http://www.5min.com/Video/How-to-Make-Chocolate-Lava-Cakes-38372159 Ајде сега сите во кујна и на готвење.
Слободно правете во тие хартиените. Јас правам и мафини и cuppcakes во нив нема никаков проблем. Само кга ќе ги полните не ги полните до крај. поленете само 2/3 од корпата и нема никаков проблем. Не треба ни подмачкување ни ништо зашто таа хартија не се лепи. Поздрав
Ахх.. Јас кога правам топло ладно ко од Фуфа извадени се, само што во Фуфо ми е 130 денари, а дома имам 12 топли ладни колачи за мерак А рецептот, да ми текне како е, ќе го пишам. Да не ве зезнам со грамажата. На мајка ми еден пријател од фуфо и го пиша
Уф, лани беше, не ми текнува на марката. Од Рамстор мислам дека беше. Ама оваа година пробав со еден од Алгида ако не се лажам, од ванила со вишни или такво нешто внатре. Перверзии! А ако го пише некој рецептот од кај фуфо, ќе ве викам кај мене на топло-ладно! Само да ми излезат такви!
Јас го правам овој http://www.voogan.tv/deserti/31-2011-01-28-22-54-35 Ми излегува прекрасно... многу е вкусен. Само морам да додадам нешто. Мора да се пече во вакви модли Ги има во тинекс, од на fino производите е, 10 модли се 45 ден. Се користат за повеќе употреби. Мора да се пече во вакви тенки модли затоа што се пече само 5 мин.
Ариел, ветувам ќе го пишам не мора да викаш на гости Само да го најдам глупавото ливче, да ме убиеш не ми текнува кои беа по 200 гр, кои по 150, кои по 250 гр од состојките
Значи, ветив дека ќе го пишам рецептот за топло ладно од Фуфо Верувајте нема ништо полесно од овој рецепт, сите на нет се потешки. Here it goes Потребно : -250 гр чоколадо за готвење -200 гр путер -100 гр брашно -250 гр прав шеќер -5 јајца (Прав шеќер ќе си купите од продавница точно 250 гр, околку 15 денари е) Прво се става путерот до чоколадото на најтивко да се топи, а брашното и шеќерот ги мешате во посебен сад. Јајцата ги матите(јас не ги матам искрено, ги додавам директно па во смесата се соединуваат. Според мене подобро да не ги матите.). Се додавате каде што ги топевте путерот и брашното додека не добиете хомогена смеса. Лигавка е малце, ќе видите. Калапчињата може само на дното да ги попрскате со брашно, ама не мора. Ги полните, и во веќе загреана рерна на 200 C, ги печете околу 8-10 минути. Готови се кога ќе нараснат и кога малце ќе почнат да пукаат на врвот. Никако не ја отварајте рерната додека се печат. Сервирајте ги со сладолед(ванила), и нане ако имате. Bon Appétit, фала примам откако ќе се најадете
Здраво јас еве само што излевам од кујна и одма да ви кажам што напраив.Значи го правев според овој рецепт http://www.femina.mk/out/?id=de2f7bc398 ... -kolach%2F само што јас упола доза ставив за проба.Кога ги ставив во рерна исто на 250C кога се надигнаа почнаа да пукат и ги извадив отприлика 5 минути стоеа (повеќе гледав кога ќе се надигнат и ќе почнат да пукат )и кога ги извадив цела смеса беше испечена значи не ми успееа незнам што е финтата ако зне некој нека ми каже а фтората доза што ми остана од чоколадната смеса ја чував помалку во рерна по некоја логика ама не ми испадна баш така како што треба.Ве молам кажете ако има ова некоја финта оти стварно ми е чудно тоа печењето топло-ладно,фала па пак ќе пробам а сега овие ќе си ги јадам не се лоши и вака хахах
Јас вчера ги правев и направив од старт две грешки - рерната сум ја загреала на 225, наместо на 250 степени и изгледа ставив премногу брашно, смесата ми беше бајаги густа, нели треба да биде поретка и поводлеста? Просветлете ме. Многу мразам кога ќе прочитам - половина или една шоља брашно. Колку е бе во грамажа, пресметај и напиши, да пукне човек, ти може мериш со една шоља, ја имам дома десет различни во големина. Вкусно било колачето ми рекоа, ги изедоа сите, ама не течеше одвнатре како што треба, сосем малку ... КОЛАЧЕТО, перверзни ниедни! Плус, нели е многу 7 минути печење, плус 2 во исклучена рерна? Ве молам кажете ИСПРОБАН РЕЦЕПТ со точни грамажи и мерки, не од око. Ту, што ме нервираат таквите. Јас си готвам и со мерач и до грам точност.
Oбожавам суфле, или чоколадна лава, мислам дека истото нешто е, прсти да излижеш. Имам другарка е најфан на готвење и ја бива,ја имам таксано да ми прави пакво, се и купив и донесов ама затоа си мцкав после саат време Се пријавувам за главен дегустатор , само некој нека ми направи, абе се ќе му доденесам, ќе му купам и се ќе измијам после, само ич незнам да готвам па и немам некој мерак, али затоа јадам за тројца Во фуфо е фантастична мене премногу ми се допаѓа
Трендафилке не се нервирај еве јас ќе ти кажам правев во саботата според овој рецепт и супер излегоа 3 јајца 200г шеќер во прав 2 ванили 250г брашно според рецептата е 200г чоколадо ,меѓутоа јас ставив 300 150г путер. Јајцата шеќерот и ванилите прво ги изматив потоа постепено го додавав брашното ,во мегувреме го стопив чоколадото со путерот и од кога се излади ја соединив смесата ги намачкав калапчињата убаво со маргарин и ги ставив да се печат во загреана рерна на 250 Ц 7 мин и уште 2 мин ги оставив во исклучена рерна Мене според овој рецепт ми излегоа преубави ги правам веќе 3 пати и задоволна сум
^ Фала многу. Значи ќе течат колачињата? И ќе нема проблем ако ги правам во тавчето со калапи за мафини, вчера во нив правев, лесно се вадеа. Уште го чекам дечко ми на врата со колачињата, целата среќна, а они - утка. За почеток, ги правам со половина доза, се надевам ќе бидат добри.
Јас првиот пат кога ги правев ги правев во тавчето со калапчиња ,и напраив една утка ги извадив од рерна се според рецепта и не им дадов да здишнат земав и ги превртев и пола ми се искршија ми се растекоа цели такви ,ма да брат ми беше толку воодушевен од колачињата што ги смавта и такви растурени И затоа полесно ми е да ги правам во поединечни калапчиња
Го имам пишано наједноставниот рецепт за топло-ладно или лава колач како сакате на една страна поназад. Ве уверувам дека е најдобар и највусен Сум пробала и други, ама ниту еден не се мери со тој
Ги има во маркетите готови да се купат (околу 50-60ден.=6 парчиња). Пред сервирање се ставаат во микробранова околу 10 секунди, колку да се растопи внатре чоколадото. Бидејќи не јадам јајца, не ги јадам, но сум пробала еднаш и навистина беа вкусни, слични со домашните.