А slatkichKa123 да те прашам до каде од прилика ги полнеше тие калапчињата од фино??? И мн нараснуваат или не??
Прашањево веројатно е страшно глупаво , ама јас морам да си прашам - овие модливе се ставаат веројатно на плехче, така? Не одат директно во шпорет, едно по едно. И уште нешто, во рецептот на Слаткичка пишува се печат на 200 степени загреана рерна, 8-10 минути? 8, 9 или 10? Јас имам огромен проблем, секогаш ме заебува таа една минутка, плус-минус. И дали ги подмачкувате готовите калапи со нешто или нема потреба? Инаку, му дадов уште една шанса на рецептот од ситносецкано, испаднаа многу подобро, само што многу тешко се вадат од тавчето - јас си имам специјално за мафини. И нивното е такво, одев чекор по чекор со рецептот, убаво беше подмачкано, дури моето со путер, а нивното со маргарин, и тешко се вадеа, а ги оставив и да здивнат. На крај мајка ми внимателно ги одвои, јас немам толку нерви и трпение. Мислам, видете како му излегоа на дечково, се фрустрирам па. Се тешам дека можеби е - до рерната. http://www.youtube.com/watch?v=_7CNURgIfYw
Јас ги читав рецептите, но некако сумливо ми беше па решив да си направам свој, па ако не испадне ќе се вадам на тоа дека утнав нешто и не сум следела. Но уште од прв пат ги погодив. Најпрво во 150 Грама путер, топам 200 Грама чоколадо за готвење (користам Дорина, зошто ми е највкусно). Во сад за матење ставам три јајца (не директно од фрижидер, ги оставам еден саат на собна температура-не знам кој ми има кажано така, но не ризикувам си го правам тоа), 150 грама шекер во прав и едно кесиче ванилин шеќер. Ги матам некаде околку десетина минути, потоа пополека додавам 100 грама брашно и пола кесичка прашок за пециво. Чекам да ми се подизлади чоколадото и го ставам во сместа, па го мешам се додека не се изедначи. Имам такво тавче со калапи (како и да се вика, не знам), а претходно ставам хартија за печење (од оние за бомбици што се хартивчиња, само поголеми) и ги полнам. Ги печам 8 минути на 200 степени, со само долен греач уклучен во рерната. Ги јадам за две минути.
А да не треба да се подмачкаат и набрашнат калапчињата за да може колачите да излезат?! Макар што не би биле убави со тоа брашното одозгора А што се однесува до печењето, па 8 минути мислам дека се доволни. Јас викендов ќе ја пробувам мојата muffin тава, па сега се чудам што да пробам прво, дали топло ладно, дали обични класик мафини или пак пченкарни мафини. Ако имам време де... оти надвор плаче за шетање
Јас го знам овој рецепт (голема доза): 500гр чоколада за готвење 125гр маргарин 10 јајца и 200гр брашно Од ова излегуваат околу 12 колачиња, за помалку преполовете ја количината! Гарантирам дека се вкусни другарка ги прави често, а последниот пат јас ги правев кај неа. Се матат јајцата со брашното, во меѓувреме се топат чоколадите и маргаринот на пареа. Потоа се меша чоколадото додека да стане густо (не се додава топло и течно во јајцата со брашно). Кога двете смеси ќе се соединат се полнат во калапчињата отприлика 1цм под врвот, зошто нараснуваат. За да не се залепи колачот во калапчето се премачкува со маргарин. Се пече на 220C, 8 мин. Според мене највкусни се правени со чоколадите за готвење (100гр) од кам маркет и кристал коцка маргарин, ама секој според свој вкус.
Конечно успеав да пробам од моите марифети, зашто само готвев за други, не јадев ништо, и ова топло-ладно по рецептот што го следев беше толку благо, дури одвратно, а јас имам бајаги висок праг на толеранција за благо, мене и Милка не ми е некогаш доволно заблажена. Така што мојот совет е малку да се намали количината на прав шеќер во рецептиве. Има доволно чоколадо за готвење, кога ќе му се бапне премногу прав шеќер, станувате потенцијален дијабетичар.
И од мене еден совет, немојте да се лажете да го топите чоколадото со маргарин, путер само. Незнаете колку беше гадно со маргарин кристал.
Еве јас што најдов а исто така е познат и под името Чоколадна лава...позз СОСТОЈКИ 120g чоколадо за готвење 120g путер 1 шолја шеќер во прав (100g) 2 јајца 2 жолчки од јајца 6 лажици брашно ИНСТРУКЦИИ ЗА ПРИГОТВУВАЊЕ 1. Загрејте ја рерната на 220°C. Подгответе си тава со калапи за мафини или пак форми во кои можете да печете. Премачкајте ги калапите со малку путер или маргарин. 2. Во длабок сад ставете го путерот, исечкан на парчиња, и чоколадото за готвење, искршено на коцки. Потребно е да го растопите путерот за да може во него да се растопи и чоколадото. Ако имате микробранова печка, ставете ги заедно во неа додека не се стопи путерот, а потоа со мешање постепено растопете го во него и чоколадото. Другата опција е да ги ставите во тенџере на тивок оган додека не се растопи путерот, а потоа да го тргнете тенџерето од огнот и да мешате додека не се растопи и чоколадото. 3. Во течната смеса од чоколадо и путер додајте го шеќерот и мешајте додека смесата не се изедначи. 4. Потоа, додајте ги јајцата и жолчките и матете додека не добиете хомогена смеса. На крајот постепено додајте го брашното и добро промешајте за да нема грутки. 5. Во секој калап ставете од смесата, но не ги полнете калапите догоре. Добро е да ги наполните околу ¾ од нивната висина. 6. Ставете ги колачите во рерната и печете околу 7-10 минути, така што однадвор да се цврсти, а внатре меки. Внимателно одделете ги од калапите и превртете ги во чинија. Ако со лажичка пресечете едно парче, од внатрешноста на колачот треба да истече „чоколадна лава“. 7. Послужете ги колачите топли, поросени со шеќер во прав, со топка сладолед, парче овошје и/или шлаг. Ако сакате да ги изненадите гостите со овој превкусен десерт, можете предвреме да ја приготвите смесата и да ги наполните калапите, па ќе ви остане само да ги ставите в рерна 10 минути пред да ги послужите колачите.
Еве ме мене пак на мојата омилена тема! Видов три прашања. Дали да ги намачкате калапчињата? Јас ги наросувам со малку брашно за полесно да излезат. Не изгледа грдо бидејќи ги служам со прав шеќер на нив. Дали нараснуваат? Не нараснуваат, нема печиво. Дали 8-9-10 минути? Зависи од рерната, јас се водам според моето „топло-ладно“ правило. Кога ќе пукне горната коричка готово е. Како и да е, според искуство ќе знаете колку да печете Јадете, не му ја мислете.
Според рецептот на Елчезелче, ги имам правено по сите рецепти во темава и секогаш ми излегувале успешно. Печам околу 7-8 минути, понекогаш повеќе, некогаш помалку, со поглед знам кога се готови не мерам многу време.
Јас знам рецепт за малку поинакво топло ладно, што се прави во куглов. Во средината не течи како чоколадна лава, но има прекрасен вкус на чоколаден мус. Еве го: 1 маргарин so 250 gr чоколадо се топе на пареа. Откако ќе се растопе се додава 1/2 чаша шеќер и исто толку брашно и + 1 ванилин шеќер Настрана се матат 8 jајца и после се мешаат со претходната смеса и се пече на 250 степени во загреана рерна точно 14 минути и се вади одма (многу е важно да се мери времето при печењето!) Се вади од кугловот после 1 ден (кугловот да биде намрсен со маргарин и брашно одозгора за да не се растури тестото и да не истечи филот.)
Топло ладно ми е омилено, бар еднаш неделно го правам по овој рецепт. Со рецептот се полнат 18 колапи. Само нас ни се многу затоа што е убаво дур е топло, а повеќе од две колачиња нема шанси да изедеш, па јас правам пола доза. Значи од се што е наведено пола. СОСТОЈКИ • 500 гр чоколадо • 10 јајца • 125 гр путер • 200 гр брашно • 10 лажици шеќер ПОДГОТОВКА Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади. Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање. На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив. Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути.
јас денеска направив пола доза со бело чоколадо и можам да кажам дека не беа нешто нај нај црново чоколадо ништо не го заменува
Еве го моето, според рецептот на Елчезелче. Само за другиот пат ќе си знам на калапчето да не ставам и брашно, туку само путер. Неубаво ми изгледа како испрашено одозгора. Превкусно е.
^Скар немора ни путер да ставаш, само мала количина на зејтин стави мислам и без тоа може да поминат затоа што не се лепи тестото на алуминиумските.