Значи веќе десетина пати го правиме овој рецепт со мајка ми и колачињата излегуваат прекрасни, само кога ги ставаме модлите ги премачкуваме со путер и малку брашно, и да кога ќе забележеме дека почнале да испукуваат одозгора ги вадиме РЕЦЕПТОТ Е ОД ЕМИСИЈАТА „ВО ОГАН“ во спојлер Спојлер Топло-ладен чоколаден колач Потребни состојки: 200 гр. брашно 200 гр. црно чоколадо 100 гр. бело чоколадо 5 јајца 200 гр. шеќер 100 гр. путер кора од 1 портокал Начин на приготвување: Во тавче на оган ги ставате црното чоколадо и путерот да се стопат. Го тргате садот од оган. Смесата ја оставате да се олади и во неа ги додавате јајцата и измешаниот шеќер во прав и брашното. Ја додавате и кората од портокал. Матите убаво внимавајќи да не останат грутки низ неа. Смесата ја ставате во малечки модли и ја печете во рерна на 250 степени 5 минути. Декорирате со форми од бело чоколадо и сезонско овошје. Ангеле Стојановски професионален готвач
Кај прочитав, па одма ми се пријаде, фалеше уште и рецептот да го дознаам А речиси сите состојки ги имам дома Значи не се издржува веќе без ова!
Значи, тоа вие што го кажувате и давате на слика се вика топло ладен десерт или чоколадна лава, а суфле е сосем трета работа.
Многу пати имаме размислувано за тоа, ама не. Инаку мислам дека нема да биде бидјеќи кога ќе се пресече, целото ќе се излее (за да го послужиш треба да биде пресечено и од двете страни). А ако го препечеш, ќе си имаш обичен куглоф.
Рецептот на слаткичка не ми успеа ни малку. Се придржував строго до рецептот и по печењето не беше оформена кората и беа целите течни. На крај ги бутнав пак во рерната и целосно ги испеков. За разлика од овој, рецептот на елчезелче ми успеа. Излегоа супер, вистинско топло ладно од ресторан. Е сега мене ме мачи нешто друго. Оваа смеса е многу погуста и тоа што треба да е течно е многу густо за мене. Се мислам да го намалам брашното, ама не знам дали ќе го упропастам целиот рецепт ако чепкам по состојките.
http://www.femina.mk/%D1%80%D0%B5%D1%86 ... 0%B2%D0%B0 Пробај го овој рецепт, јас го пробав и уште од прва испаѓа, супер е
По мојот рецепт и црна и бела варијанта. Двете супер ми излегоа. Иако јас сум за црно, ова белово колку за шема. Спојлер Сликите се од мобилен па малку се матни, но мислам дека се гледа
И јас имам пробано со бело, ама нема убава бела чоколада за тоа, така да и јас мислам црното си е црно
Вкусот и задоволството на ова благо нешто е преголемо СОСТОЈКИ • 500 гр чоколадо • 10 јајца • 125 гр путер • 200 гр брашно • 10 лажици шеќер ПОДГОТОВКА Чоколадото и путерот се ставаат во подлабок сад. Потоа, на умерен оган, се топи смесата. Откако ќе се растопи, садот се трга од шпоретот и се остава смесата да се излади. Јајцата се матат заедно со шеќерот. Потребно е јајцата малку да се изматат, односно да бидат пенести. Потоа, јајцата и шеќерот се додаваат на смесата со чоколадо. Сите состојки се мешаат со жица за матење, а брашното го додаваме постепено, со постојано мешање. На крајот, треба да се добие густа и хомогена чоколадна смеса. Калапите се мачкаат со путер и се попрскуваат со брашно, пред да се налее смесата во нив. Во меѓувреме, се загрева рерната на 250℃. Се пече само 5 минути. некој ако има други рецепти нека ги сподели
Го обожавам овој колач, фала за рецептов ќе го пробам и ќе кажам дали ми испаднал. До сега го имам правено 2-3 пати и не ми успеал.
Има во КАМ маркетите готова смеса од RUF + 4 калапи, се што ви треба да додадете е две јајца, мешате, печете 11 минути точно и толку. Прелесно. 100 денари е инаку - за 4 колаченца, и во споредба со онаа готовата смеса на Dr. Oetker, која ја имам претходно пробано, е дупло поефтина, а од аспект на вкус и квалитет се идентични. Спојлер :up:
Го пробав во француски ресторан, да кажеме дека беше многу вкусно. Иако мене многу чоколада на едно место не ме привлекува. Овој колач беше уживање.