Јас само знам дека се прави тесто и потоа се става во калапче и се пече 5 мин. на јака температура. И така внатре колачот останува течен а надвор фаќа кора.Ако дознаам за тестото ке ви кажам. Поздрав
Има во веро се продава смеса сосе калапчиња само да испечеш,и јас сум испробувала рецепти но ништо не било така добро како овие сто се полу готови.
Аааааахххх, шо ми зборите за топло-ладно кога пробувам да ослабам??? Не знам како се прави, знам само дека највкусно е кај Фуфо. Е сега наводно повкусно било во Казабланка (кај саем) ама не сум го пробала тоа. Е утре ќе идам да кркнам едно, па после ќе патам ако треба!
Јас ова чудо не сум го пробала. Сум јадела пржен сладолед, нешто слично е изгледа. Ама штом го фалите толку обавезно ке пробам
И мене, и тоа неколку дена интензивно мислам на топло ладно, а никако да најдам друштво за таму. Инаку работата ми е на 3 минути од Фуфо - а јас патам за топло - ладно! Утре сама ќе си одам. Туку денес разбрав дека колачот го имало како готова смеса од доктор Оеткер! Морам уште денес да го пробам (ако го најдам, брзо се трошело), па ќе ви пишам!
Го пробав ова на доктор Оеткер. Добро е и многу лесно се прави. Мириса исто како кај фуфо, само е поблаго малку. Инаку многу лесно се прави, смесата е готова, само се ставаат две јајца, се мати и се пече 8 минути. Купив и некој следолед - Чизкејк, ау како одговараа по вкус, перверзии!!! Мора да си отворам ресторан, каков гурман сум, сигурно ќе имам успех
Хахах јас го знам рецептот али тоа е тајна на секој кувар така да не можам да ја кажам....не е готов туку има состојка разни бла бла...не сум куварка туку татко ми има ресторан (ама у странство) и куварот е од мк така да он ми кажа иначе тука у Гурмет е најубав
Рецептот за Суфле го имаше во емисијата со Марија на Канал5, тој кажа во што е тајната, ама не ја гледав убаво емисијата, бев зафатена и не го запишав рецептот. А инаку и самиот кувар што готви во емисијата рече дека го критикувале што го споделил рецептот неговите колеги, но тој рече дека нема ништо лошо во тоа, и навистина зошто да постои таа себичност, па тие не го измислиле рецептот, и нив некој им го кажал. Така да медицинарче не е фер од твоја страна, како што напиша и на татко ти некој му го кажал рецептот. Поздрав до сите гурманки
Не татко ми не го знае зш не е кувар туку куварот ми кажа како се прави =] али сепак тоа со кажал не е убаво зошто мн малку луѓе го знаат рецептот во градот и ако го дознаат сите кувари нема да бидат барани.... тогаш сите ќе го праат duhh
Оф мори мајкоооо...јас мислам дека ниту една тука нема амбиција да отвори ресторан во догледно време или да стане шеф на кујна,а уште помалку пак некаде во странство за да би била конкуренција...така да не тупи,пиши го! Морееее...морал и етика по тема храна,а во дискотека да ве видам...боже,боже...
Ќе забегам малку офтопик .. ајде да ги натепаме сите што ги знаат тајните состојки на некои јадења а не би требало .. Не мора да се фалиме кој колку знае.. не е потребно ..
Го има по маркетите каде што има на доктор оеткер производи. Во сина кутија е, пишува Лава колач. Внатре има и калапи, а на самата кутија пишува што се додава. Сега не можам да се сетам точно што беше зошто ги правам сите тие, ама или јајца, или млеко, или масло... стандардни работи. Лесно се прави.
мене сестра ми ми прави едни колачиња кои се чоколадни, твради се, ама кога ќе ги пресечеш тече чоколадото. Незнам дали се тие нешто слично на суфле Во секој случај се многу вкусни, и исто во калап се прават. Знам дека таа става околу 300 ако не и повеќе грама чоколадо. деновиве кога ќе се врати, ќе ви го пишам рецептот, ако некој сака нормално.
Девојки сега кога барав слики ги најдов и ете пишува дека се суфле чоколадно. Додека не дојде сестра ми ви го оставам линков, има убаво опишано со слики со се, секој чекор. Многу е едноставно и мислам дека ќе ви помогне. http://forum.say7.info/topic5293.html