Дали некој бил во хoтeл Цар Самуил во Банско?Неверојатно изгледа на фотографиите..како да не е во Македонија...
Сакам да одам во некоја лековита бања ама да има нешто како аква парк, и тој да биде со лековита вода, има ли такво нешто кај нас или Србија.
Здраво. Јас бев во Пролом бања - Србија. Преубаво. Чисто. Водата во базен е топла и лековита за дигестивниот систем. Од чешма си тече познатата вода пролом. Си пиев си се бањав, се релаксирав. Цените им се 61е од лице на ден на база полн пансион, на база шведска маса. За дете до 7г не се плаќа, за дете од 7г се плаќа 50% од сумата. За апартман се плаќа плус 14е од лице на ден. Ние бевме во апартман зошто се беше резервирано кога се јавив кој се одлучи за таму да оди нема да погреши
Добар ден да ми препорачате добар спа со термални води во Македонија каде ќе е топло и пријатно за со деца
Кај нас нема нешто многу бањи. Дебар има дел за деца, ама мириса на сулфур прилично. Цар Самуил е нова, реновирана и убава според кажувања на други (лично не сум била) ама не знам дали е за деца забавно. Во Србија на пример Куршумлиска има топла вода, базени отворени 24 саати и дел со базени за деца.
Мене од костозглобна ми препорачаа бањи обавезно заради артрозите на зглобовоте. Ама некако и после месец дена од прегледот сеуште немаж разгледано опции за бањи во мк. Единствена која ја знам е катлановска бања. Оваа Цар Самуил која ја спомна каде се наоѓа?
Цар Самуил е во Струмица. Моите одат веќе 2 години по ред, мислам дека за деца не е многу забавно, повеќето се возрасни.