Speed Dating во Скопје

Дискусија во 'Сингл' започната од aleknovy, 21 април 2010.

  1. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    174
    Ме интересира што мислите на тематикава. Ме мрзи да објаснувам што е, па така темава е за тие што веќе виделе по американски филмови и серии за ова.

    Али питањево ми е ова... Зашто кај нас не успева организирањето на овие настани? Интересно ми е затоа што во Скопје има исто толку сингл луѓе колку во цел свет. А има и исто толку луѓе што се жалат дека е тешко да се најде нешто, нејќат да бидат сингл итн... Јас пред неколку години организирав неколку настани, а имам слушнато дека и едно 3-4 други луѓе ги имаат пробано...

    Ама кога се организираа вакви настани кај нас, сите им беше срам да отидат. Дали кај нас постои некој срам да се признае дека си сингл? Зборам особено за помладите девојки и момци. Најхрабри пример се покажаа постари, успешни жени, тие одма покажаа интерес.

    Повеќе 20 годишни момци и девојки меѓутоа, иако сингл, и иако се жалат дека нејќат да бидат... Кога ќе се појави ваков сервис, нејќат да го употребат. Ваше мислење?

    Друга работа...

    Во Белград пример се организираат т.н. семафор забави. Тоа е каде што буквално сите на врата си земаат ливче у боја... У смисла, сингл сум и сакам да запознаам некого/некоја... Не сум... или можда. Као финта, црвено, жолто, зелено. И овие забави се екстремно популарни во Белград.

    Кај нас меѓутоа на никого му немаат успеано... Зашто кај нас постои страв/страм да луѓе се декларираат сингл? Од каде е тој страв?
     
    На si.exs и LadyLibra им се допаѓа ова.
  2. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Како прво другар Македонија не е Германија па да се потребни вакви сервиси ;) .Кај нас луѓето имаат и премногу слободно време за социјализација отколку еден просечен Германец или западно европеец.
     
  3. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    31
    Druze ubava ti e idejata,samo ne sum siguren deka tuka ke uspee,ni fali otvorenost,iskrenost,a ne glumenje ludilo,tuka site ubavo kazuvaat,no vo realnost e drugo,zboram i za devojkite i za maskite.
     
  4. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Сметам дека не сме стигнале до тука па за да се срамиме и дека сме сингл! АМАН! Има многу други работи од кои навистина треба да се срамиме.
    А за ова спид дејтинг - јас лично сум против местените работи - од нигде никаде ќе направиме пар. Првиот впечаток сепак и не е баш реален. А што ако се пријават манијаци?
    Бојфромтаун - се согласувам со тебе дека начинот на живеење на Македонецот е сосема различен од оној на Германецот, воопшто можам да кажам на Европејците. Тие немаат време! Zeit ist Gelt - Gelt ist Teuer! (Времето е злато - златото е скапо!) И ете одма проблем. Тие стапуваат во брак колку само за да егзистираат. Барем јас така мислам.
     
    На Matiz и Magnolija им се допаѓа ова.
  5. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    174
    Добивам претстава дека некои луѓе читаат наслов само и на тоа одговараат :lol:

    Белград не е во западна европа, па сепак е во Белград сосема нормално... И не зборувам само за спид-дејтинг. Спид-дејтинг е еден пример, друг пример се семафор забави што немаат никаква врска со местење, зафатеност, западен стил на работа и немање време...

    Впрочем овие семафор забави веќе со години се нешто најпопуларно во белград... баш се онака кул и тренди. Единствена разлика на семафор забава од обична е што сите се декларираат сингл и се отворени и искрени. А сепак сегде на балкан ги има овие забави освен во македонија.

    Мислам дека имаш добра поента Суперишка за ова глумењето лудило. И ја мислам дека на тоа се сведува. Кај нас има најголемо ниво на глумење лудило на балканот, барем така мислам. Може само мене така ми се чини, али мислам дека срби, босанци итн се далеку по-отворени и по-искрени... Додека кај нас шемата е кој може поголемо лудило да изглуми... и мажи и жени.
     
  6. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    91
    Другар пола роднини ми се од Србија(Ниш),пола род имам во Бугарија(Софија и Пловдив) и така да овие приказни за мали деца се далеку од точни.Тоа што денес Белграѓани со сила сакаат да се прават Парижани или Лондончани тоа е веќе друга работа.И ти како секогаш земаш репер голем град,земи мало место да видиме дали овие состаноци ќе успеат кај што сите со секого се знаат.Ти земаш пример град со 1,5 милиони жители.
     
  7. Bright

    Bright Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.547
    Допаѓања:
    5.464
    Го прочитав целиот твој пост, и знам дека не одговорив конкретно на темата, ама прашањето за тоа дали на народот му е страм/страв да се декларираат како сингл.. хаха смешно е.
     
  8. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.962
    ај сега јас незнам како е во други градови и држави....ама да си прокоментирам....ова за семафор забавите мислам се имаат случувано кај нас и мене лично ми се интересни, имаше последно нешто во Бариста и кога отодов забавата не беше семафор туку виножито :rofl: , односно дали пола од луѓето беа облечени во трите бои (а требаше да се носи боја соодветна боја на љубовниот статус)
    а за ова другово спид дејтинг, е тоа баш и незнам што е :$ па така и неможам да го коментирам :lol:

    ама менталитетот ни е таков што побрзо би фаќале сеир од страна отколку да се вклучиме во нешто ново,интересно и забавно од кое може да имаме корист или едноставно да се забавуваме :D поубаво е да се гледа од страна и да се осудува,коментира и критикува, отколку да бидеш ти тој кој ќе ризикува да биде осуден или пак на кој ќе му се восхитуваат на храброста ;)
     
  9. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    174
    Епа Брајт, имаш некоја друга опција? Ниедно од тие објаснувања не може да ги објасни семафор забавите.

    Единствена разлика меѓу семафор клуб и обичен клуб е шо на врата се декларираш сингл. Во македонија луѓе одбиваат идеја за такви забави. Разлог? По цел балкан се шират, има и во поголеми и во помали градови... Колку што знам во Скопје немаат толку многу успеано.
     
  10. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    174
    Go-Girl I love you :lol: :inlove:

    На ова некако целев, али не можев да се изразам. Добивам перцепција дека кај нас постои поголем страв/страм од тоа да се биде различен. Сите се плашат да направат нешто нестандардно, сите се зафатени со мавање сеир, а при тоа нејќат некој нив да им мавне сеир.

    Можда не е "страв од кажување сингл", али дефинитивно има некој страв од осуда и сеир ако се отиде на нешто ко спид-дејтинг. Моја перцепција е тоа, али мислам дека држи, дефинитивно гледам кај луѓево такво нешто.
     
  11. Superiska

    Superiska Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    31
    Ovde sekogas nesto sto e nepoznato toest malku cudno ne se prifaka,no poleka so tek na vreme ke bide ok,takov narod sme,za sve sme kriticki nastroeni.
     
  12. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.366
    Допаѓања:
    36.988
    Спид дејтинг во Мкд. Леле искрено се изнасмеав на помислава. И да отидеш гарант пола од луѓето ќе ги знаеш. И затоа мислам дека никој не би се ни осмелил да отиде. За семафор журките мислам дека имам слушнато за некоја таква и тука и не гледам зашто ваков тип на журки не би успеал. Баш имаат интересна тема.
     
    На slobodka му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.902
    Допаѓања:
    75.887
    Пол:
    Женски
    Сеуште не сме дојдени до тоа ниво, да има потреба од спид дејтинг во државава... ама искрено, колку би можел првиот впечаток за некого стекнат преку спид дејт од 5-10 минути да биде веродостоен? Додуша и според старомодниот начин на дејтување никогаш не можеш да бидеш 100% на чисто со каков човек си имаш работа... ама ај тоа настрана, веројатно не глумат сите, можеби и може да успее - како и да е, може да биде добра идеја, ама дури за некои 20 години, а можеби и повеќе. Сепак, ние сме сеирџиски народ, и вакво нешто не е за нас. Арно рече Реинбоу, и да отидеш, барем половина од луѓето ќе ги знаеш. А така не е интересно.
     
  14. Nina24

    Nina24 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    330
    Имаше лани семафор журка во Бариста. Не бев јас, беа мои познати и ми рекоа дека била успешна. Само мислам дека од тогаш се нема повторено. А спид дејтингот кај нас малку тешко би успеал според мене. А искрено и може е практично и ефективно. Ама такво запознавање нема шарм, нема убавина. Можеби некој со пореалистични сваќања од мене го поддржува. Јас и кога би била сингл и би се одржало вавкво нешто кај нас, не би отишла. Не затоа што би ми било срам или нешто слично, туку заради тоа што несакам мојата приказна да почнува со договорено исфорсирано запознавање.
     
  15. trapalce

    trapalce Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 април 2010
    Пораки:
    66
    Допаѓања:
    1
    Ги поддржувам таквите семафор забави,но не и спид дејтинг,затоа што на спид дејтинг треба да правиш муабет со сите кандидати,а со секој кандидат имаш по 5 минути време,поради таа причина е многу заморно.
    А додека семафор забава :) не се замараш многу со муабет,едноставно се забавуваш.
     
  16. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    174
    Самиот факт што тие забави се немаат повторено е мислам доказ не успеваат во Македонија. Да беше успешно, немаше да се откажат после само 1-2 обиди. Во Србија се веќе стандард и дел од стандардниот репертоар на ноќниот живот.
     
  17. barbiegirl

    barbiegirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    129
    Допаѓања:
    47
    Хехе колку сме назад ние со размислувањата. Ова во скоро време сигурно нема да се појави кај нас. Повеќето би биле со мисла: која брука ќе биде ако утре го/ја видам типот/типката од Speed Dating на улица?! А секако на сите би им одговарало да запознаат некој/а интересен ама првиот чекор е страшен :)
     
  18. TuFche

    TuFche Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 ноември 2010
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    23
    Да, знам што е Speed dating и баш би било забавно....... немам пробано таква игра, но од филмови знам која е поентата. Плус ова е како забава, а често од забава излегува и нешто сериозно!
    Ова за семафор забави што напоменавте........ кај мене во град се направи една забава и замислете пошо мал град нели......... јас и другарка ми се облековме во зелени рамбовки и луѓе од страна не гледаа и ни се смееја......... као што им е на овие бе :rofl: не можам да сфатам што имаше толку чудно ама познавајќи го народот само од сеир им се стои!!! А кога ќе подразмислам сите кукаат како се сами и како не можат дечко да си најдат, а успат глумат лудило и пол!
     
  19. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.396
    Па да бидам искрена, дали би ме виделе на Спид дејтинг сингл или како стојам во дискотека со другарките - сингл, исто ми се фаќа.
    Сингл си е сингл, не е некоја болест Бог да чува, ништо срамно не гледам тука, а ваквите изуми од западниот свет плус семафор журките се сосем ок начин да запознаеш некој и да прошириш некое познанство.
    Кратко и јасно, би отишла ако имам потреба, прво од љубопитност, второ од вистинската намена, трето за забава...
    Зошто да не, има далеку поглупави работи од ова.
     
    На tpandevska, skinny и sesilija им се допаѓа ова.
  20. GeorGinnA

    GeorGinnA Популарен член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    667
    Допаѓања:
    1.990
    Не за џабе сме биле со векови под турско....дремење на прозори и фаќање записници како професија сеуште опстојува |(

    Speed dating, Семафор забави итн. ако ме прашуваш мене,пред се, се одлични за дружба и убаво поминато време, па на крај краева одиш да запознаеш некој што ќе ти го привлече вниманието,не одиш на Конгрес да одлучуваш кој ќе ги пали куќите во Арачиново мислам аман |( зошто би било лошо тоа?

    И после сите сме биле либерални,вакви,онакви.....така де,такви сме се додека не се деси нешто што ќе не начучули на фаќање сеир и тоа од први редови.Катастрофа!!!