1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Speed Dating во Скопје

Дискусија во 'Сингл' започната од aleknovy, 21 април 2010.

  1. LilMissBossy

    LilMissBossy Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2010
    Пораки:
    517
    Допаѓања:
    203
    Семафор журки,па не знам Лолипоп журки (понуди и го лижавчето на некоја девојка ако го земе си ја ќарил) итн итн..На нив одат деца 8 одд 1 год средно (знам од брат ми што ми има кажувано он е таа возраст) и забавите биле убави е сега колку спојки имало не знам,но чим дошло време по ФЕЈСБУК :fubar: :@ :swear: да се флертува,никаков спид дејтинг нема да помогне кај нас.Народов заборави 2 реда муабет да сврзе,а не па да се додворува! :!: Само комуникација дружење излегување и спонтаност во реален свет може да промени статус сингл,а не социјалниве мрежи и нивните pokes & like!
     
    На Rubiii, TuFche и sesilija им се допаѓа ова.
  2. sonuvacka

    sonuvacka Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2010
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    34
    јас сум за :) но ете во мојот град еднаш имаше таква "семафор" забава но не беше успешна ....
    ....мене не ми е важно како некој ќе запозаам , важно ми е после тој како ке се покажи и како ке ми биде со него...
     
    На Mr.Lover му/ѝ се допаѓа ова.
  3. HeidiDiWalt

    HeidiDiWalt Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2010
    Пораки:
    1.163
    Допаѓања:
    1.513
    Океј е тоа што го пиша Тренди 100% се сложувам. На крај краева ако может да парадираат `гордо` во Геј парадата кај нас, и притоа `да им чуе` дали некој им фаќа сеир или не, зошто јас да се срамам да се декларирам синл? Енинствено нешто што ме колеба е, што искрено се сомневам дека на такво место ќе си го најдам партнерот :) Претпоставувам веќе какви фацки ќе има... јез да би отишла ради зезање можда :D
     
  4. aleknovy

    aleknovy Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    140
    Допаѓања:
    194
    Таквото размислување е причината што луѓе се срамат да се декларираат сингл. Демек, ако е сингл, и дури отишол/отишла на журка за сингл особи, онда сигурно е очаен/очајна и сигурно нема никој да ми се свиѓа на сингл журката :rofl:

    Тие предрасуди се доста чудни, особено кога доаѓаат од други сингл особи. Пример тип шо е сингл вика... "Хммм, типкава нема дечко, шо и фали?"... :geek:
     
  5. slobodka

    slobodka Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.114
    Допаѓања:
    2.705
    Пол:
    Женски
    Така е!!!!Тетка ми се омажи на 40 год. и кога сакавме да ја запознаеме со еден нејзин врсник знаете што и беше првиот одговор-,,Гарант нешто му фали штом на овие години не е женет,,, а она не се гледа дека и таа има исто толку години!!!Кај нас сеуште важи девизата дека тие што се ,,останати,, на покасни години демек нешто не е во ред со нив, демек неспособни се или не се нормални.Па најверојатно и луѓето не се осмелуваат да појдат на тие журки плашејки се од некоја си осуда со оглед на тоа дека гарант ќе сретнеш пола познати на журката.Нема врска дека и онака тие исти луѓе знаат дека си сингл ама барањето на партнер е тоа што луѓето несакаат да го покажат јавно.
     
    На lebarka, marama, sesilija и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Yipman2

    Yipman2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2010
    Пораки:
    4.029
    Допаѓања:
    25.020

    1 Затоа што ке сретнеш некој тамо и после ке те јаде совест што ке мисли за тебе
    дали си толку очајна или очаен па мораш да идеш на speed date и остало

    2 срам срам срам срам и само срам

    3 оти страв и срам ти е .
     
  7. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.276
    Јипман, зошто така размислуваш? :^)

    Па баш на таква журка нема потреба да ти биде срам бидејќи знаеш кој е сингл и дека и тој/таа е дојден/а да запознае некоја интересна личност, за разлика од обично излегување каде што можеш да налеташ на повеќе нерасположени позери и да добиеш повеќе корпи :yawn:

    Во секој случај, јас сум ЗА и со задовоство би одела на таква забава :) 8)
     
    На sj *O* му/ѝ се допаѓа ова.
  8. bubemconia

    bubemconia Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2010
    Пораки:
    79
    Допаѓања:
    338
    Мислам дека ние во Македонија сме доволно комуникативни и дружељубиви па нема потреба од такви забави. Ако сакаш да запознаеш дечко/девојка можеш да го направиш тоа и во дискотека во кафуле на интернет и др... А точно е дека за ваквите забави многу влијае срамот. И да се запознаат дечко и девојка таму замислете каква ке биде реакцијата на нивните пријатели кога ке дознаат каде тие се запознале :)

    Јас би отишла на таква забава само од љубопитност
     
  9. LadyStyle

    LadyStyle Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 јуни 2010
    Пораки:
    166
    Допаѓања:
    121
    Интересни идеи се и семафор парти и speed dating.

    Искрено-овие семафор парти и слични на нив(Лолипоп парти,Flower Party..) се одамна веќе распространети низ клубовите.
    Знам дека за помладите редовно има во клуб Вулкан.
    Знам имаше во клуб 69...
    Speed dating е интересна работа и мислам дека ако се организира слично нешто во земјава ќе биде ок.
     
    На felisitas му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Жалосно е што се изгуби времето кога едвај чекаш да го начекаш за да го видиш,па дали ке те погледне,а пак ако ти прозбори во несвест пагаш :D Жалосно,зошто тоа си ти реално,нема фотошопи,професионални фотосесии и сл глупости...Денес секоја е лепотица на фб,фотогенична,со професионални фотки,фраерка со вкус и сл исфрустриани работи :puke: Изгледа добро ми викаат дека нема дечко да фатам додека не си отворам пак фб :fubar:
    Извинете што бев офф,ама барав каде да пишам мој став за оваа тема,а не најдов,па затоа тука,извинете уште еднас :)
     
    На babaDara му/ѝ се допаѓа ова.
  11. milky-candy

    milky-candy Нов член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    713
    Не би отишла на ваква забава никогаш, ми делува очајнички многу!
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  12. zandra

    zandra Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    12
    [mod-reklama:b4egmxf1][/mod-reklama:b4egmxf1]
     
  13. kolovoz

    kolovoz Популарен член

    Се зачлени на:
    9 мај 2011
    Пораки:
    1.648
    Допаѓања:
    6.152
    е сега може ќе разочарам со одговорот но јас навистина и така мислам
    мислам дека во нашата ни убава земја освен девојките што не сакаат да се сигал, (мислам само ние трагаме по нашата друга посилна половина)-на нашите мажиња им одговара таа ситуација и сметам дека тие и воопшто не се во потрага по својата друга половина која би требало да ги надополни, мислам дека тие моментално уживаат во фактот што имаат толку многу девојки за избор и можноста секоја вечер да ја поминат со различна цура, па затоа и нема вакви забави , затоа што на тие забави ке отидат само жени и чатпат некој љубопитен маж и пак се ке се сведи на ништо, а да , и да не ги заборавам оние кои ке дојдат за да фаќаат сеир
    тоа ти е македонче
     
  14. skinny

    skinny Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2011
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Пол:
    Машки
    Семафор забави се одлична идеја, од кај да знам во друштво од 4 машки и 5 женски која е сингл која е во врска. Од кај да знам дека едниот од нив не и е дечко и дека не е голема битанга па ќе почне со физичка кофронтација оти сум направил муабет со женска му. Нема ништо страшно да кажеш дека си сингл и дека бараш партнер/ка. Ова е одлична идеја и треба да се применува во Македонија.
     
  15. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    За мене ова е мизерно и очајнички , никогаш не би отишла на семафор забава , не е важно дали сум во малата Македонија или во некоја западна метропола , едноставно мизерно ми е
     
  16. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    Имав некаде погоре напишано еден пост за македонскиот менталитет....дека ќе има многу предрасуди за ваквите забави :|

    Неможам да разберам зошто би била мизерна забава во која ќе има некаква поента, некаков момент за да биде НЕобична.....исто како црно-бело забавите, како забавите со маски.....се е тоа за подобра забава. Работите кои се во граници на нормалното, етичкото и моралното (да не се тоа свингери, групњаци, руски рулет и сл.) мене ми се ОК и ги прифаќам со ентузијазам.

    На ваква семафор забава не ми пречи да се декларирам како сингл бе, ако треба и табличка ќе си закачам и цела во зелено како жаба ќе се облечам и ќе се забавувам :rofl: Затоа што тоа е забава, тоа незначи дека јас вечерта ќе морам да се "здружам" со некој(читај:да си најдам партнер).
    Тоа е мојот став за забавиве со тематика :)

    Понекогаш (многу често) ме загушува овој балкански менталитет, предрасуди за се и сешто и малограѓанштина |(
     
    На Waverly Raven, sj *O*, XMaN и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. softqueen

    softqueen Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 август 2011
    Пораки:
    206
    Допаѓања:
    123
    Вака сега , јас да го објаснам својот став . Тоа нема врска со македонскиот менталитет , јас лично со македонскиот менталитет воопшто не се поистоветувам , тоа дека спид - дејтингот е мизерен и изгледа очајнички е лично мој став и лично мое мислење кое не ми е наметнато од малограѓанската околина :)
     
    На Antonija123 и Go-Girl им се допаѓа ова.
  18. Go-Girl

    Go-Girl Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2009
    Пораки:
    3.712
    Допаѓања:
    3.988
    ^Тоа е твој став и го почитувам, не ги сакаш и ОК е ;) , јас го сакам и тоа е мојот став :)

    Иначе генерално пишував за скептицизмот на македонциве за нешто поразлично, за прифаќање на нешто ново :)
     
    На softqueen му/ѝ се допаѓа ова.
  19. HardSex

    HardSex Популарен член

    Се зачлени на:
    25 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.422
    Пол:
    Машки
    Ма,секоја забава и дружење од овој тип е ОК.За тие што мислат дека е очајно да се декларираат како сингл,можам да им посочам само да ги погледнат статистиките за разводи у L.A. Стапка на разводи 50%,fifty-fifty.Нема, повикај помош од пријател :).А,да не правиме муабет за врски,ако го извадам spread-шитов у Excel,сликата ќе биде прилично јасна.Плус,ако на таа статистика ги додадеме сите оние врски,кои функционираат на принцип,еве да бидеме у врска,само колку да не бидеме сингл,тогаш сликата станува уште појасна.Реалноста е дека ебено тешко е да си се погодат партнерите.

    Мене лично,овој тип на забави повеќе ми се допаѓаат од повеќе причини.

    Прво,има многу поинтимна атмосфера,а тоа значи со девојката ќе можам да направам муабет,без притоа некој DJ у позадина,самоволно и неконтролирано да го појачува volume-от,и да прави обструкции.

    Второ,поинтимната атмосфера и помалце присутните луѓе се порелаксирачки за девојките,од проста причина што повеќето девојки се поопуштени кога никој не зјапа од страна,или зјапаат 4-5 луѓе,наместо 400-500 зјапачи.Сето тоа создава по мене основа,за поголема отвореност и девојката
    да зрачи во право светло.

    Трето,на класичниот тип на забави кај нас во Македонија концептот е дружината братско стебло.Ма,се собираат сите другарки,и најдобри,и добри и неутрални на купче,едно 10-15.Ма, имаш бедем,особено ако девојката што ти се допаѓа е у средина.

    Четврто,ако добар дел од девојките во групата се сингл,ќе направат 101 маневар,и девојката со која
    сум почнал разговор,да остане сингл.Не велам дека сите девојки се такви,но повеќе од сигурно е дека
    неколку љубоморни "другарки" ќе се најдат во таа група.

    Факт е дека за да запознаеш некого,најдобро е еден на еден,без придружби,без фанфари,без фолирантски бламирања,без заштитнички штитови од дружината братско стебло. :)
     
    На Annath, zhap4e и XMaN им се допаѓа ова.
  20. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.616
    Допаѓања:
    5.416
    Пол:
    Женски
    Овој тип на забави воопшто не го гледам како место на спарување парови,иако е таа намената,туку сметам дека во ова наше општество,со напнати,вештачки и исфрустрирани фаци,забава од овој тип би дошла одлично,барем колку да ги опушти лугето,самата идеја за несекојдневна журка и самиот наслов на забавава,мислам дека,пред се ке допринесе за опуштен пристап и старт на журкава,што и немора да значи. :) Сепак,јас сум за да се нафати некој од менаџерскиве тимови низ градов,од кои глава не се крева,бидејки ги има премногу,и да смислат нешто интересно,со бои,симболи,некои игри,со кои би се развила социјализацијата во градов,ако ништо друго.
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.