Ќе додадам нешто но сакам и да полудемантирам некого околу нешто (и со други постови) Спид дејтинг е начин како би се сретнале луѓе кои не можат да најдат/сретнат партнер . Тоа не нешто што е животен стил, не е каприц, не е болест, не е неспосбност . Тоа е настан за луѓе како и сите други, дури и подобри од „неочајните и немизерните“, луѓе кои едноставно се нашле во ситуација кои очигледно некои не ја разбираат и немаат капацитет да им текне. Дефинитивно треба да постои такво нешто бидејќи на некои луѓе им е потребна таква можност а се додека има лицемери и балканска малограѓанштина ќе има и коментари кои не служат никому и за ништо.
Еееј да не бев мажена ќе дојдев во Ск обавезно за ова... Баш ми е интересно и би сакала да пробам...за жал касно е
Секоја можност да запознаеш некого од спротивниот пол која може да заврши во дружење или врска мене ми е супер и ја поддржувам. И онака се луѓево главно отуѓени и баш добро да има што повеќе дружења и средби (и надвор од класичното диско) без обврска дека нешто мора да бидне. Како и за се друго и двете страни треба да сакаат . Кај нас се што не е конвенционално се смета за лузерство што е според мене многу погрешен став. Ако си најдам женска со која ќе ми биде супер, начинот на кој сум дознал или дошол до неа секако не ми игра никаква улога, ефектот ми е битен .
Убаво би било кога би се појавиле решителни луѓе и би организирале вакви настани, верувам ќе има заинтересирани ама времето ќе покаже дали и ќе се случи тоа, пуст Балкан. Луѓето се се поотуѓени, се поосамени, се помалку веруваат на оние во нивната околина а такви соочувања со некого од неколку минути се сосема доволни да се погледне во очите на тој од другата страна, да се чуе неговиот глас, да се забележи дали е „превара“ или шарлатан или пак искрен и нормален човек и секако дали ти се допаѓа. Добродојдени се сите конструктивни предлози и размислувања па и оние спротивните , нив ги запознавме
Ова спид-дејтинг состанување, излегување е банално за мене. Некако е префорсирано и неспонтано а мене тоа не ми се допаѓа воопшто. И кога веќе плукаме по балканскиот менталитет, не би било лошо некој да излезе и од американските филмчиња, очигледно ако се продолжи вака ќе си имаме работа со многу испрани мозоци. Секој што сака нека прави, нека си бара партнер каде сака ама нека не плука по другите на кои не им се допаѓа ова. И доста плукаме по балканштината и по македонштината ако нешто не ни чини. На крајот на краиштата ние сме тие кои ја правиме средината ваква каква што е, а не таа нас.
Се нешто бев убедена дека во оваа тема единствено важно е што мислат тие на кои им се допаѓа идејата и се надеваат дека може да се случи тоа кај нас бидејќи некому ако не му е јасно, тоа им е потребно на луѓето, затоа вистина не е важно дали на некои пак други не им се допаѓа. Што е пораката, навиваат да не бидне, ќе го запалат локалот ?! Ајде уште еднаш, п о п о л е к а , има потреба од тоа, некои ваши другарки и другари ќе бидат посреќни со тоа. А дали некој плука или не по балканштината, зошто да не ?! Не видовме доволно од балканот, геноцид, војни, колења, незапаметени гадотии, некој смета дека има нешто добро да се научи ?! Да, американски филмчиња, прагматични се луѓето, смислиле идеален начин, брзо и безболно да се запознааваат луѓето. И ако некој си ги тгрне предрасудите ќе разбере дека тоа е за луѓе и никому никакви зло нема да се случи, кој не сака нека организира протести надвор, локалот не го палете , екстремно балкански би било .
Не палиме локали не грижи се, хм, се извинувам за оф топикот, но малку смешно ми е за геноцидите и за војните, колењата, само Балканците ги прават, а? Пушти вести па ќе видиш кој напаѓа земји. Можда татковината на филмчињата од кои ти го учиш начинот на живот, а ? Нека се избрише мислењето после, само нека го прочита тој што треба. Инаку не сум нетолерантна за ова прашање, реков само дека мене ми е банално и префорсирано, нели имам право да си кажам мислење, нема потреба да се грижиш дека ќе палиме локали и дека ќе го викаме НАТО на помош за тоа.
Пошто долго време сум зивеел странство за наш менталитет не е ова , мегутоа на никој не му текнало како што има забави во Англија... МАСК датинг тоа е кога сте повикани и имате специјална маска и никој никого не мозе да препознае и да го оговара... додуше тие на запад се повеке секс датинг но ние мозе да го модифицираме обицна забава под маски... па да видите после неколку пија4ки како се опуштаат сите. зна4и влегувас со маска излегуваш со маска и кој кого фати Ч)
Скоро гледав документарец како ова функционира, мислам дека беше Британија. Сите посетители добиваат бројче и само си ги менуваат местата на масите на 10-тина мин. Ќе го запишат бројот кој потенцијалниот партнер кој им се допаднал и ако броевите се поклопат од двете страни, а тоа го проверува организаторот на крај, ете ти можност за нова средба.
Нема доволен маркетинг за да успее мислат ајде журка и сама од себе се рекламира, јас дури сега гледам а ќе отидев.
Дали би присуствувале на ваков настан доколку се организира во Скопје и дали мислите дека би имало заинтересираност од општата СНГЛ популација?
Да сум сингл, би одела.. Најмногу заради искуството.. сакам нови работи да доживувам. Ако организираат за такви во брак, кои бараат на страна, прва ќе се пријавам
Немора стрикно за Снгл, кој што сака таков вид на забава може да присуствува. Друго прашање ; Дали е прифатливо 500/600 (10 EU ) денари влез ? Организација на ниво: селекција на фини луѓе, добри пијачки, музика.локал, атмосфера итн. *
Ти бе бизнис план прајш? Не е скапо, ама да има една безалкохолна пијачка во цената. Може и кока-кола во чаша да биде. Ааахх.. во исто време и двата