Проверувам каква е трасата... Пијачки алкохолни и безалкохолни, кафе и секако вода. Ако би правел би било на високо ниво, без заебанции и затуцани синдроми.
Немам ништо против ако има би отишол. Инаку запознавањето во мк е стварно доста покомплицирано. Пример ако идеш кај девојка и ја прашаш сакаш да се запознаеме 90% одговорот е не. Додека Бугарија, Србија е многу поопуштено да не пишувам за други земји.
Можеби тоа се должи на фактот што „Здраво, сакаш да се запознаеме?“ е крајно досадна и неоригинална фраза. Доколку го смениш пристапот, можеби ќе имаш среќа и тука.
Оти 'крајно досадна и неоригинална фраза'? Шо треба да ти речи? Некоја од оние унапред спремни изјави ко: 'Небото изгубило ѕвезда, еве ја пред мене'.
Ако нешто некој неќи, е тие кринџ фрази. Шо најмногу функционира во дејтинг свет ти е благо „соголување“. Да видиме дека чоекот пред нас е чоек, а не робот. „Сакаш да се запознаеме“ е крајно пластично и да ... досадно. Не функционира од поќе причини: 1) голем дел од луѓето се збунети и во момент не знаат како да изреагираат и инстикт можи да е бегање 2) се крајно интровертни и едноставно не шират познанства освен ако не увидат дека можеби сепак ги интересира. Поќе би ми значело дур седам на маса некој да дојди и да ми кажи дека ме забележал и му се допаѓам, него да дојди и да ми речи „сакаш да се запознаеме“. Пошто со првото се соголва личноста и гледаш дека има „душа“ и многу често се осеќа потреба на ист начин да се возврати. И треба премногу храброст за првото, не дека не треба за второто ама реално потешко ќе ми биди да кажам на некој дека сум го забележала и е симпатичен него да прашам дал сака да се запознајме. Ова видео збора за профили на дејтинг сајтови и пропратно врската на Шејн со дечко му. И под профили за дејтинг сајтови е како да го средиш и каков пристап е попривлечен и со поголем успех. Не кринџ фрази, туку автентичност и можност за искреност и соголување за ете некој да има подлабок интерес во тебе. Disclaimer: Ова го пишам од аспект на човек кој на прашање „дали сакаш да се запознаеме?“, одговорот ќе му биди и му е „не“. Не велам дека е апсолутна вистина, туку моја вистина. Толку е се сензитивно во последно шо морам дисклејмерс да пишам на секое мислење.
Зависи од ситуацијата, оној кој ми пришол и моменталното расположение. Ова со психолошката анализа на профили на дејтинг сајтови, ми е комплексно и нема да го мислам, оти е свет во кој вие растевте, а не на мојата генерација.
А што има страшно ако те праша некој дали сакаш да се запознаеме да речеш да? Кај прочитав ова, кај се запустив сега само тоа ми е во мисла
Ма ни јас немам профил ахаххаах ама сепак е релевантно на начинот на шо се презентираш. Дали бараш партнер само за секс или бараш за врска - како се поставуваш во двете ситуации? Во кое е важно каква слика ставаш или шо збораш. Од видеово научив нешто шо уствари го прам со другарка ми и ваљда зато ни е океј пријателството. А то беше „заедничка“ фантазија Шејн шо го праел со дечко му кога почнале да пишат во пораките. Заедно фантазираат и буквално кажват уз мајтап и заедничка фантазија шо сакат од животот и како си ја гледат иднината и така им се отвораат теми за разговор и гледаат дали пред се се океј пријатели, а ако веќе постои и атракција дали нели се ова има потенцијал. Ова можи и во пријателски односи да се применва. Од тој аспект го ставив видеото, не дека е за дејтинг апс, додуша јутуберот шо го ставив ептен добри дејтинг и харизма видеа прај.
како почна докторат ќе напишеш на темава и сепак ќе нема никаква смисла и практична употреба, поради тоа што сите 7 милијарди луѓе различно ќе реагираат, но ако напишеш автобиографија за тоа како ти приоѓаат машките може и некој ќе ја прочита..