Не знам дали поентата Демонка не ја разбра, или нешто фали во фразата "Сакаш да се запознаеме?" одма да ја исплукаш пред некој непознат, за да не игледа нападна и да не те натера да погледнеш во другата насока... Конкретно не по ова прашање, бидејќи нели, на ваков тип настан се знае која е причината да отидеш, па некој да ти се приближи со фразава не е толку кринџ. Во секое друго опкружување е ту мач, ту сун. Настрана што навистина е досадна, ама тоа повеќе е до вкусот на персоната од другата страна. Мене некој да ми се приближи со фразава додека сум надвор излезена некаде, и прв пат ја гледам личноста, одма кажувам јасно и гласно- НЕ, и бегам настрана. Директност, сум за, ама ова е пре пренападно. Подобро најнормален разговор да се почне уз 2-3 реченици конверзација, па после да ме праша дали сакам да излеземе, отколку вака. Наплив на паника е реакцијата и инстиктивно доаѓа. Еве ова не е докторат, само најобично мислење.
Кај мене лично многу зависи како сум расположена и како ми пристапил некој, ама не гледам ништо заплашувачко во тоа ''Дали сакаш да се запознаеме?'' Повеќе ми делува дека има почит кон моето време и кон мене како личност и ме прашува дали ТИ сакаш? А да ми врти некој без везе или еве и фини муабети па да ме праша еј сакаш да се запознаеме ми е промашено прашање, не ми делува нападно, туку без врска наеднаш уз муабет да ме праша
^Како и да сум расположена, на личност што прв пат ја гледам во животот до тогаш, ниту ја знам лично, ниту сме разговарале некогаш, првиот контакт да биде со "Дали сакаш да се запознаеме?" ми е нон сенс. Личноста може да биде било што. Исто како што ми е нон сенс некој да каже дека конверзација за секојдневие пред горе наведеното прашање е без врска. Што, одма ќе кажете име, презиме, што сте и кои сте? На скроз не позната личност? Затоа што ви поставува такво прашање? Место, сакаш да излеземе? Уау... Не се трудам да наметнам мислење, само би рекла да внимавате повеќе за ваша сигурност.
Означи ме случајно го видов ова, ти благодарам за грижата ама доволно сум сигурна во себе си дека можам да се снајдам сама во ваква ситуација без да се осеќам загрозена, исплашена или небезбедна. Сите сме различни, на сите не ни пријаат исти пристапи на запознавања
Не те означив, бидејќи и претходно имаше членови кои пишаа дека зависи во кое расположение се, каков одговор би дале на прашањето. Одговорот беше по општ од твоето мислење. Инаку, нема зошто да се заблагодаруваш, јас воопшто не можам да бидам загрижена за тебе, тоа е веќе твоја должност. Како ќе се грижиш ти за тебе е твоја работа.
Леле дај што се праите толку недодирливи жити се. Ако ви изгледа дечкото океј зашто да не? сепак нема цела биографија да давате едноставно може инста или фб да размените и тоа е тоа Искрено боље ми е некој во живо да ми пријде него ли да ми пишува на инстаграм а не го знам ни кој е ни што е. Нели е тоа повеќе опасно?
Не се правам недостижна, едноставно не се доверувам на непознати. И тоа е сосем нормално. Фб користам ретко за објави, и објавувам само нешто што ми е интересно и сакам да го споделам, а пријателите ми се сите познати горе-доле поради тоа што не додавам секој, не е тоа поентата. Плус, нема секој достап до информациите. Како се користи денес, е друго... и баш поради тоа не го користам многу, туку само како неопходност во денешно време да ме олесни во комуникацијата. Ако сакам онлаин состаноци, претходно ќе симнам таква апликација, отколку да користам личен профил на друга платформа. И не е проблем доближувањето, освен ако не ми е во персонален простор, али тоа се однесува и за познати, неважно, туку како ќе го направи тоа. Пренападно е ноу гоу лично за мене. А и за секој друг кој се грижи малку повеќе за сопствената безбедност. Оти не само што нема да споделам биографија, ноут д сарказам, туку ќе дадам грешно име и лажно инфо, ако сум расположена јас у случајов за глупости или нема откачување.
https://m.facebook.com/Прв-Поглед-110336030755019/ Момци и девојки, еве ви настан за speed dating во Скопје, ако некој оди споделете импресии. Искрено мислам шансите да најдеш понормални и покул луѓе тука се поголеми отколку во дискотека, ама што знам, од друга страна Скопје е некако премало и