1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Spencer (2021)

Дискусија во 'Филмови' започната од RainBow, 3 октомври 2021.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.937
    Допаѓања:
    66.101
    Пол:
    Женски
    [​IMG]

    https://www.imdb.com/title/tt12536294/
    Новиот филм за принцезата Дајана околу кој се крева огромна прашина, а се очекува премиерата на 5ти ноември. Она за коешто најмногу се зборува е Кристен Стјуарт, која ја толкува улогата на Дајана.

    Медиумите на големо ја форсираат за номинација за Оскар, додека поголемиот дел од публиката не се согласува и смета дека ова е уште една промашена улога на Кристен.

    Го погледнавте ли трејлерот? Ќе го гледате ли филмот кога ќе излезе? Што мислите за Кристен како избор за улогата?
     
    На sia.bella, IamSexyAndIKnowIt и Ketchup им се допаѓа ова.
  2. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Актеркава некако ми е што знам...не знам дали улогите досега ѝ биле промашени и не ѝ оставиле простор да покаже дека знае да глуми, или пак едноставно таква си е. Филмов секако ќе го гледам, ме интересира каков ќе испадне.

    А по Интернет има секакви претпоставки - дека тоа била нејзина култна улога, па дека ќе земе Оскар, ќе биде номинирана за најдобра актерка во главна улога и ред други теории. Веројатно и ќе добие некоја номинација, а дали ќе вреди ќе видиме.

    Обично позади ваквите филмови кои обработуваат биографски елементи за некој култен лик се крева баш голема фама, но не секогаш проаѓаат на Оскари. Еве на пример Jackie со Натали Портман си остана без награда, а истите претпоставки се вртеа и тогаш. Дека тоа е најдобрата улога на Натали, дека не знам каков бум ќе направи, ама на крај си остана само на неколку номинации колку што се сеќавам.
    Иако воопшто нема споредба помеѓу овие две актерки, целиот муабет околу филмов за принцезата ме потсети на овој од пред неколку години за филмот за Џеки Кенеди. Јас сум љубопитна и некако навивам филмов да биде добар без оглед на другиве работи. Нека изненади позитивно, како за промена.

    Мене најмногу ме изненади трансформацијата. Всушност, не сум сигурна дека ѝ требала некоја преголема трансформација на Кристен. Некако истите фацијални експресии ги има како принцезата Дајана, меланхолична, со некоја тага во погледот, бар така ја доживувам неа како актерка.
     
    На sia.bella, Kasiopaja221, Fraxinus и 2 други им се допаѓа ова.
  3. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.937
    Допаѓања:
    66.101
    Пол:
    Женски
    Не знам, мене Кристен некако воопшто ми нема емоции, бледа е целата. Со некои отсечни движења...
    Многу се сомневам дека добро ќе ја одглуми Дајана, но можеби има нешто штом има толку пофалби од медиумите и критичарите.
    Мене во Круната премногу ми се допадна актерката, одлична беше како Дајана.
    Ама ајде, ќе видиме, можеби и ќе изненади пријатно.
     
    На sia.bella, Fraxinus и Mishela им се допаѓа ова.
  4. Mishela

    Mishela Модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    19 август 2010
    Пораки:
    18.699
    Допаѓања:
    80.850
    Пол:
    Женски
    Излезе филмов. :party:
    Многу сакам да го гледам, па ве молам ако најдете добра снимка макар и за онлајн, тагирајте, споделете во темава. Итно е, битно е, Кристен да се гледа. :D

    Се мислев дали да одам во кино, ама порадо би гледала од дома отколку да се туткам меѓу луѓе периодов. Се надевам ќе излезе некоја добра снимка што поскоро. :doh:
     
    На sia.bella му/ѝ се допаѓа ова.
  5. sia.bella

    sia.bella Популарен член

    Се зачлени на:
    29 мај 2014
    Пораки:
    965
    Допаѓања:
    17.157
    Пол:
    Женски
    Го гледав синоќа во кино, мене во глобала ми се допадна.

    Пред да го гледам, читав и јас негативни критики, сега откако го погледнав сфатив и зошто. Јас не отидов со очекување да гледам драма или документарец која на реалистичен начин ги прикажува односите на Дајана со Кралското семејство, ниту пак филмот го споредувам со Круната. Уште од самиот наслов на филмот, т.е. нејзиното моминско презиме, режисерот наведува во кој правец ќе се движи приказната, далеку од нејзината титула, ова е приказна за внатрешната борба на една жена заглавена во лош брак, нарушени семејни односи, притисоци од сите страни да биде совршена. Всушност и на почеток режисерот нагласува дека се работи за бајка произлезена од вистинска трагедија (A fable from a true tragedy), што всушност и е.

    Целото дејствие во филмот прати 3 дена (Божиќните празници) во замокот Сандригам, пропратено со кралските празнични традиции. Дајана и Чарлс се на чекор до развод, одвоено доаѓаат и спијат, Чарлс веќе не ја крие врската со Камила, новинарите ги пратат во чекор.

    Ми се допадна како е прикажан односот на Дајана со Вилијам и Хари, споредбата со Ен Болејн, психоделичните сцени, Кристен ми беше баш соодветна за улогата. Можеби нема да добие Оскар, но несомнено заслужува номинација. Прекрасна костимографија, одлична музика која ја надополнува целата приказна, затоа @Mishela би ти препорачала да го гледаш во кино. :) Ми се допадна и крајот, знаеме сите како завршува приказната, но барем во филмот, режисерот дава среќен крај.

    И за крај, она што најмногу ми остави впечаток е еден дијалог меѓу Дајана и Вилијам, во кој всушност е опишан целиот тој кралски живот, сјаен но и тажен во исто време.

    W: “Mommy, why do we have to open our presents on Christmas Eve? Why not Christmas Day like everybody else?”
    D: “You know in school you do tenses? There’s past, present, and future. Well here, there’s only one tense. There is no future. The past and the present are the same thing.”
     
    На RainBow и Mishela им се допаѓа ова.
  6. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.937
    Допаѓања:
    66.101
    Пол:
    Женски
  7. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Есента едвај чекав да излезе, но дури вчера го изгледав, така испадна. Не е некој wow филм, ремек-дело, ама е солиден. Се работи за последниот Божиќ кој Дијана го поминува со кралското семејство, пред да ја донесе одлуката за развод.

    Кристен Стјуарт изглуми добро, но јас Дијана ја доживувам како похаризматична личност која емитирала топлина, додека актеркава си е позната по тој air of coolness што го задржува и во овој филм.
     
    На elimkd му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Puellapulchra

    Puellapulchra Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 август 2022
    Пораки:
    2.021
    Допаѓања:
    6.033
    Пол:
    Женски
    Кристен воопшто не личи на Дајана. Требало да најдат актерка која сличи. И некако премногу е "здрвена" во филмот. Дајана е мила и нежна. Нема збор дека Кристен е фантастична глумица, но едноставно не се вклопува со карактерот на Дајана.
     
  9. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    9.194
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна замислата зад сцените кога Дијана ги кине бисерите од вратот и тие се растураат. Симболички е претставена нејзината судбина штом ќе се оттргне од кралското семејство.
    Инаку, лани кога го гледав трејлерот ми доаѓаше на плачење :( и тоа многу... ама филмот не беше толку моќен, очекував повеќе. Но, добар е. Не се работи за големо ремек-дело, но сепак е малечко.