Ги користите ли апликацииве и која повеќе ја преферирате за слушање музика? Јас ги имам користено и двете,мене ми се слични ама некако на Spotify сум поголем фан и корисник.
Мислам дека имаат (скоро) ист избор на музика, меѓутоа за мене Spotify е некако естетски повеќе среден и подобро изгледа, по практичен ми е. Исто не знам дали на Deezer има Podcats, ама на Spotify има и се супер Веројатно најголемата разлика е во вкусови, што, како, кому повеќе одговара
iTunes Го користев Deezer пред да ги пуштат Spotify и iTunes во МК. Ама од сите три се задржав најмногу на iTunes... не знам зошто.
Deezer само ја пробав пред доста години и се откажав од неа, па немам многу што да кажам. На Spotify исто не и наоѓав примена и долго време одолевав да ја инсталирам. Некако бев навикнат на Јутјуб каде си имав свои плејлисти и ми е исто поврзан и со тв. Но, ете пред скоро година дена се решив да ја пробам Spotify, и тоа посебно ја барав премиум верзијата пиратски (уште не беше достапна во мк), но поради сплет околности завршив со апк фајл од обичната верзија. Така ми стоеше во телефон и еден ден се решив да седнам и да ја сетирам. Може потрошив повеќе од два часа внесувајќи ги сите бендови, артисти и жанрови што ги слушам и конечно ја имам. На почетокот, можам да кажам дека не ме импресионираше нешто посебно, но, како почна да ми го учи вкусот за музика се повеќе ми даваше слични песни кои не ги знам, па ми се виде како одлична идеја за откривање на нова слична музика. Од таму, некако и одлично дојде бејзик верзијата која ти дава само шафл плеј и 6 skips per hour. Ја сум иначе таков човек што чим е некоја непозната песна, ако не ми фати кејфот за 5 секунди, сум ја вртел. Вака не можам, и тоа ме тера да ја ислушам до крај и да откријам песни кои се стварно добри, а иначе би ги пропуштил. Инаку, доколку не користите платена (или пиратска премиум верзија), би рекол дека апликацијата е многу лимитирана, а понекогаш и крајно иритирачка со репетитивните реклами за да направите апгрејт. Но, освен тоа, овака ми е далеку подобра поради горе пишаното. Буквално си ја користам како радио. Ете, нешто ако ми фали, тоа е што не е овака можно да се слуша офлајн. Подкастите се од друга страна плус, но, исто не можат да се слушаат офлајн for free и морам да користам друга апп за нив. Како и да е, ако не планирате да плаќате, што по мене не ни треба да се плаќа за нешто што може да се најде и бесплатно, доста сте лимитирани и може да ја користите само за предлози на нови песни, и како радио.
Јас имам навика да слушам музика на многу гласно со слушалки и имам приметено дека квалитетот на музиката на Spotify е малку поквалитетен од Deezer. Spotify со години користам.
Spotify, во другата ич не се пронајдов. Ја користам преку година, година и пол и многу почесто од пц него од телефон. Веќе ми знај вкусот на песни, знај шо ме бендисва и последнава година ептен песни пронајдов ради Spotify. Сега со Your Top Songs 2020 сум се прерадвала, една песна немаше шо не е погодок на листата.
Spotify! Освен организацијата, многу ми се допаѓа и “мозокот” на апликацијата, предобри suggestions и доста простор за персонализација. Deezer некако не ми ги годеше песните како шо треба, па цело време кликав и прекинував. Плус, од кога стана достапен Spotify во МК, со студентски попуст ептен се исплаќа.
Значи ако веќе пробувам нешто, да пробам со Spotify. А во споредба со Youtube, што е разликата? Како што гледам и таму ги има сите песни, се прават плејлисти, има suggestions итн.
На јутјуб квалитетот на музиката е полош од Deezer. Плус, апликацијата уште е нова, не е баш најпрактична, плус ги нема сите албуми.
Да да, Bearshare го користев и јас, но тоа беше за симнување музика како што се сеќавам. Убави спомени!