Squid Game е јужнокорејска драма напишана и режирана од Хванг Донг-Хјук. Серијата има една сезона, 9 епизоди. Се раскажува приказната за група сиромашни луѓе (556 луѓе вкупно, на почеток) кои го ризикуваат сопствениот живот во мистериозна игра за преживување со тоа што победникот добива награда од ₩45,6 милијарди (скоро 33 милиони евра). Секој ден станува се попопуларна серијава во светот, и со право. Во моментов е меѓу најпопуларните корејски драми на Нетфликс. Јас вчера ја почнав со гледање, денес ја завршив од што толку се навлеков. Достапна е на Netflix но верувам дека ја има и на PopcornTime. Дали вие би прифатиле да играте животозагрозувачки игри со цел да добиете многу пари доколку победите?
Серииште! Секој треба да ја изгледа! Се надевам ќе има втора сезона. Јас не би можела да учествувам во ваква игра за сите пари на светов!
Спојлер Исто. После ова предавство, ме погоди тоа што Ji Yeong не ни играше воопшто, директно ја предаде победата на Sae Byeok
Пред да почнам барам совет Слушам другари гледале на англиска даб верзија викаат подобро било од оригиналната верзија на корејски Во дилема сум вие како гледате ?
Пола пола гледав. На почетокот почнав на корејски па ми беше тешко да следам и сменив на англиски. Па на крај пак префрлив на корејски Подобро е на оригиналното, на корејски, поавтентично е, а полесно за следење е на англиски
Ја пуштив серијава без некои големи очекувања, но бев навистина пријатно изненадена. Единствено имам замерка за глумата, не е на ниво баш. И тоа да беше како шо треба, одлична ќе беше. Како и да е, дефинитивно вреди да се гледа. Спојлер Крајот ме изнервира. Како го сфативте? Главниот лик покажа дека е навистина добар карактер и на крај сепак ја изневери повторно ќерка му. Дури и да појде со намера да го прекине целото лудило, требаше да си го оставри прво ветувањето кон ќерка му.
И јас почнав да ја гледам, одлична е.Не само содржина, туку и продукција и глума, како и целиот амбиент што влева страв и непријатност.5 епизоди изгледав, се надевам дека крајот ќе биде добар и нема да разочара. Инаку баш ме интересира, зошто ви е тешко да гледате на корејски кога секако има превод?
Спојлер Многу ме разочара смртта на полицаецот, многу навивав за него да успее во тоа што го правеше. Не ми се верува дека брат му го уби, брат му, за кого овој помина толкав пат и влезе во ненормалнава секта за да го спаси.Скроз психопатско, како и сѐ друго, ама ова ми беше најтажно.
Баш баш ми се допадна на почеток , буквално за еден ден ја изгледав ама осетив дека ќе биде нешто лабаво и последната епизода коплетно ми ги оствари сомнежите ... ама сепак ја чекам следната сезона Спојлер Тоатален римејк на jigsaw
Спојлер Мислам дека имаше пуштено спојлер на некој сајт и најава има дека ликов повторно ќе игра во втора сезона така да не е убиен , плус во рамо го погоди ќе исплива на некое брегче лепотанот .... ептен е срцка
Баш би сакала да има втора сезона и така да испадне.А плус и крајот остана без многу одговори, така што продолжение одлично би дошло.