1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Squid Game

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од staycalm, 26 септември 2021.

  1. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    852
    Допаѓања:
    1.793
    Пол:
    Женски
    Јас дури сега ја изгледав, искрено ми се допадна и крајот ми беше очекуван. Се надевам ве има уште кои ќе сакате да споделите мислење :D

    Задоволна сум од последнава сезона, да, не е прејака како првата ама очекувана ми беше од причина што немаше никаква поента за 456 да продолжи да живее ако победеше затоа што него парите не го прават среќен, целта му беше нели да открие кој и зошто се крие зад сево ова а уште во втората сезона се знаеше дека не постигна ништо со неговата потрага и во третата остана нем братот, врзан со лисици за креветот.
    Најмногу ме погоди смртта на трансродовото лице, бабата, 222 а останатите ми беа сосем небитни, вклучувајќи го старецот кој едвај чекав да умре и тие што се бркаја цела сезона за крстот со таблетки оставен во наследство од Танос.
    Едно што не разбирам е зошто толкав акцент се стави на девојкава која го спаси 246? Зошто го спаси, имаше корист или ете само беше пристрасна ради нејзината ситуација со нејзината ќерка ама сепак стварно непотребно.
     
    На Feniksgirl му/ѝ се допаѓа ова.