Ја завршив серијава и баш ми се допадна, одлична е. Само не знам дали е вреден хајпот да стане прва на Нетфликс, но во секој случај супер е осмислена. Според крајот сигурно ќе има и втора сезона. Спојлер 6тата епизода со џамлиите баш ме растажи. Посебно пожртвуваноста на едната девојка што намерно изгуби за да може другата да се спаси. Жал ми е за Али што наивно му веруваше на противникот, не заслужуваше така да заврши. Се надевам полицаецот ќе излезе жив во следната сезона. Заради брат му си го ризикуваше животот, а тој така му возврати. И за крај не очекував дека старецот стои зад сето тоа. Не им ги научив имињата, сигурно знаете за кои зборувам.
Ако некој бара слична на Squid game за binge-ање, Alice in borderland има многу сличен концепт, јапонска е и ја има на Нетфликс
Леле англиски даб е нешто најлошо што сум видела, буквално толку без емоција го синхронизираат што се губи самата емоција што актеров пробува да ја покаже... ама ај
АУ СЕРИЈАВАААА... Без текст сум, одамна немам толку добра серија изгледано. Зад целата содржина се крие огромна поука, како што кажа членката погоре, а тоа е да никому не се верува. Иако имаше некои ситни грешки во пресметката на колку играчи остануваја на крајот од секоја игра и бројчињата им беа измепани, еднаш 069 е женско, еднаш машко ама нејсе, се на 10/10. Некаде прочитав дека во декември ќе има втора сезона, па да видиме што ќе биде понатака
Ја изгледав серијата. Ок е. Веднаш ми стана кој ќе преживее, кој ќе умре, непредвидливите моменти ми станаа предвидливи. Единствено нешто што ме изненади беше старецот и неговата улога во целата игра. Очајна глума на VIP личностите. Толку вештачки. Многу работено на сентиментални делови. Понекогаш ми стануваше патетично, но се на се добро сработена серија.
Ништо посебно. Малце детски фазон ми е. После 2 епизоди не ме тера да ја пуштам пак. Веројатно ќе ја догледам, ама не е од тие серии од кои можам без престан по 3-4 епизоди да гледам.
Јас видов дека серијава е екстрапопуларна, па ајде реков да видам што е. Ја изгледав во еден здив, секоја чест, не сум љубител на серии ама оваа ми го држеше вниманието од почеток до крај. 10/10
Многу добра серија. Една од најдобрите на сите времиња што сум ги гледал. Брљво, секоја чест како ја скоцкале. Плус згора на тоа...сценариото е направено во 2009 година и толку години поминале никој не сакал да му го купи и на крај се решил Нетфликс и испадна успешна мисија.
Ја изгледав за два дена. Многу дупки во приказната, многу се нервирам така. ВИП беа комедија, држат чаши, а од маските не можат ни да се напијат. Барем да им дадеа коктели со сламка. Црвените исти ко Ла каса де Папел. Барем розови да беа, ко панделките. Стариот уште од почеток ми беше сумљив, знаев дека нешто мати. Овој претпоследниот што остана, другарот, безмилосно ги изигра сите, за на крајот да се сожали. Плус како енергично го тепаше, го избоде со нож, и овој, нели главен лик, куцајки го совлада Се на се, 7/10 заради идејата
Ваква бев до пред некој ден, додека сфатив што е финтата со ова сквид гејм. На почеток сум, ќе видам дали ќе ми се допадне. Засега ми е само премногу крвава.
Јас почнав серијата да ја гледам до трета епизода сум. По коментарите сите сте воодушевени мене искрено не ми е ништо посебно, се мислев дали воопшто да ја гледам втората епизода, ама сепак се решив да и дадам шанса. Третата епизода повеќе ми го задржа вниманието па мислам дека ќе ја изгледам до крај. Спојлер Кој се тие што ги заведуваат луѓето и зошто ги убавиаат, тоа не ми е јасно. Зошто ги убиваат луѓево безмилосно а се работи само за игра? Нели ако си заминат пак од почеток ќе ја почнеа играта, а кога се вратија почнаа од втората игра?? И зошто таргет им се истите луѓе кои веќе биле и си заминале, пак да ги вратат назад.
Спојлер Исто, скроз исто со солзи во очите 50 минути, премногу жал ми падна за Пакистанецот, срцка беше сите епизоди и не заслужуваше таков крај каков што му следуваше, одамна не сум гледала ваква серија скроз да ме издрма Многу сцени со крв единствена замерка за серијата...
Одлично е да се види за промена нешто поразлично иако како концепт ова е веќе видено во повеќе филмови и серии. Дури и сличноста со островот е копија од други серии. Сепак, ме радува што овакви оригинални продукции успеваат да допливаат до пошироката јавност покрај цел шунд што се промовира на Нетфликс. Нека се замислат малку америте зошто се повеќе интернационални серии стануваат популарни, а они рециклираат шаблонски од нив. Ми се допадна психолошко - моралната страна во серијата. Одлично прикажано како луѓе би се снашле во еден оваков експеримент - игра и дали истата ќе го извади најдоброто, или најлошото од нив. The Standford Prison Experiment е еден од нив кој ја има откриено мрачната тајна на луѓето. Од друга страна, мене ми беше предвидлива и од старт знаев како ќе заврши, па дури и делот со старецот. На моменти го имаше и непотребното корејско емотивно драматизирање, но, навикнат сум на него. И други серии биле предвидливи и се знаел крајот, но приказната измеѓу била онаа што ги направила едни од најголемите серии на сите времиња (Breaking Bad), оваа не е на тоа ниво, но сепак е одлична серија и вреди да се изгледа. Се надевам дека нема до бесконечност да ја продолжуваат па да загуби секаков кредибилитет. Ако јас се прашувам, и една сезона е доволна, нема потреба од продолжување.
Спојлер И мене ми беше жал за пакистанецот, ама па ако овој другиов не го изиграше немаше самиот тој да преживее, така да тука никаков морал не важи, секој мора да гледа да преживее.