1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Squid Game

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од staycalm, 26 септември 2021.

  1. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    Ја изгледав одма кога ја пуштија. Толку смрт и крв наеднаш не сум видела.
    многу крв, не можев да спијам. Ми беше тешко за сите игри нивни, за секој од нив. Не те остава да сме ја догледаш, ама и ќе те полуди. Не можам да фатам дека секој би прифатил да умре или да умрат стотици за едни пари. На крај излезе наместено се.
     
    На Srckata28 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Iguanaboy

    Iguanaboy Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 февруари 2017
    Пораки:
    69
    Допаѓања:
    59
    Пол:
    Машки
    Три епизоди изгледав до сега. 8/10 според мене. Интересна е и возбудлива но со хајпот што го има по интернет отчекував повеќе.
     
    На Bozica1980 и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  3. Kitten

    Kitten Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    9.375
    Допаѓања:
    42.190
    Пол:
    Женски
    Изгледа "Пила" не си го гледала :D

    Ја изгледав денес до крај, ми држеше внимание но крајот многу глуп. По сѐ изгледа ќе има втора сезона.

    Крвоите нешто не ме потресоа, ниту пак емотивната 7ма епизода.
    Сѐ на сѐ 6/10 од мене. До догодина ова време веќе нема ни да се сеќавам на серијава.
     
  4. Cka

    Cka Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 септември 2010
    Пораки:
    10.224
    Допаѓања:
    124.279
    го гледав Тарантино, он е погоден, ама ова е постресно.
     
  5. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Ја изгледав првата сезона, според тоа како заврши најверојатно ќе има и втора, се надевам затоа што многу работи останаа нејасни.

    На крај испадна дека стариот е од випот. Сепак фактот дека поради забава убиваат толку невини луѓе ми е морбиден и како се забавуваат тие додека луѓето страдаат и умираат како да се играчки. Од друга страна пак луѓе кои парите ги ставаат пред својот живот и пред сите. Вип особите многу смешно ги прикажале, можеле тој дел некако поубаво да го доловат.
     
  6. f.girl

    f.girl Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 октомври 2015
    Пораки:
    2.157
    Допаѓања:
    32.460
    Пол:
    Женски
    Ќе испадне само тебе те цитирам :wasntme: Но, има добра порака позади игрите, барем јас така ги разбирам. Тоа што ВИП им го правеа на луѓе кои се сиромашни, во долгови, бивши затвореници, криминалци, убијци, со еден збор отпадокот на општеството, ние им го правиме на животните. И самиот старец даде аналогија со трката со коњи. Таму можеби нема убивања, но знаеме дека луѓе се обложуваат во борби со кучиња и без око да им трепне гледаат како крвнички се убиваат. Слично е и со зоолошките, циркузите... Тоа што сме попаметни и класа погоре од животните нам ни дава право да им ги правиме тие работи. Е така јас ги сфаќам овие ВИП личностите, далеку се побогати и имаат повисок општествен статус од останатите, не ги сметаат за луѓе и немаат емпатија за било кој друг кој не е нивна класа. Морбидно е да, но изгледа не сме нешто поразлични од нив за жал.
     
    На day, violetblue, L.i.n.a.a и 12 други им се допаѓа ова.
  7. Campari

    Campari Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    да ама последната сцена беше базирана на една претходма реченица, без разлика дали си богат или сиромав во авионска несреќа сите сме исти.. и има теории дека крајот беше местен за тој да умри. (Се извинувам ако е спојлер, не знам како да напрам да биди спојлер)
     
    Последна измена од модератор: 10 октомври 2021
    На MarijaMi90 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Campari

    Campari Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 март 2020
    Пораки:
    4
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Глумец можи да биди умрен само ко ќе видиме ние, тој викна полиција и се а беше пукнат во рамото така да да навиваме за 2 сезона и голем пресврт!
     
    Последна измена од модератор: 10 октомври 2021
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    1.476
    Пол:
    Женски
    Серијава е врв, одамна не сум гледала серија што ќе ми го држи вниманието како оваа. Морам да признам после првата игра кога почнаа да убиваат се шокирав и буквално бев потресена за секоја наредна игра.
    Старчето изигра добра игра, не можев да претпоставам дека нешто мати иако ми беше сумливо кога го "убиваа", затоа што речиси сите убиства ги покажуваа а за неговото камерата помина зад стуб и се слушна само истрел а не и каде оди истрелот.
    Според мене а и според последната сцена, може да има втора сезона а и не мора. Макар што за пари и гледаност ќе измислат свашта.
    Многу добра серија, и глума и сцена и се
    10/10
     
    На f.girl, Guns N` Roses и MarijaMi90 им се допаѓа ова.
  10. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Само што ја изгледав последната епизода и можам да кажам дека е една од подобрите серии кои некогаш сум ги гледала.
    Од глума преку сценографија до содржина. Најмногу ми се допадна тоа што е премногу поучна серијава.
    Серијата доловува една прекрасна рефлексија на реални карактери кои ги среќаваме во секојдневието.
    Препорака до сите кои не ја гледале!

    Сите во животот сме се разочарале од некој на кој целосно сме му верувале, исто како Али. Исто така, знаеме за доста луѓе кои со нечесност, каприциозност но доза на острумност успеале далеку во животот но не и до целта, на некој начин на крај грижата на совест изгледа на крајот ги убива, како Санг-Ву. Главниот лик па е окарактеризиран со тоа што среќата беше на негова страна само затоа што беше добар спрема сите и чесен (има вистина и во ова) но на крај се сноси со последиците од тоа што го доживеал таму.

    Неверојатно добро е доловен моментот на се што сме спремни да направиме за пари. Мислам дека тоа беше и главниот мотив на приказната. Прекрасно доловено. Исто, така и моментот со стариот на крајот, кога објаснува дека правиш се во животот за да се збогатиш а на крај гледаш дека најдобрите моменти во животот, најмногу си бил благодарен и си уживал во моментот, си ја ценел секоја секунда - кога си немал ништо.

    Муабетот со фризурата не го разбрав.
    Ќе има сигурно уште сезони ама мислам дека нема простор за такво нешто.
    Сигурно ќе се случува нешто со полицаецот, ќе биде жив па заедно со главниот лик ќе се борат против новата сезона на игрите.
    Само може да ја упропастат али океј за пари скоро секоја продукција го прави тоа.
    Се на се 10/10:l:
     
    На Glowy, f.girl, Guns N` Roses и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.594
    Допаѓања:
    36.826
    Пол:
    Машки
    Според мене, нели старецот рече кога ги имаш сите пари на светот, ги трошиш на сите можни работи кои може да ги имаш, допушташ се да имаш и бараш нешто што ќе ти причини задоволство, но пак чувствуваш празнина.
    Можеби и затоа главниот лик проба нешто поразлично, нешто лудо, нешто што го немал претходно барајќи да ја пополни таа празнина во себе - црвена, откачена коса, но сепак не успеа.
    Од друга страна, во Кореа се многу битни боите, посебно црвената и плавата. Не за џабе низ цела серија тие бои се наоѓаа на спротивставена страна.
    За нив, црвената значи еднаквост и чесност, па од таму можеби ја одбра таа боја како борба против системот, т.е. против богатите.
     
    На buba4e89, Glowy, Luminary и 2 други им се допаѓа ова.
  12. Bridget

    Bridget Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 декември 2013
    Пораки:
    9.689
    Допаѓања:
    134.892
    Огромен потенцијал но дијалозите ко да ги пишувале деца аматери. Посебно кога се караа онаа грдата и грдиот
    што умреа заедно на мостот :D
    Не им знам имиња, не се ни трудам да запамтам. Вип-от беше Боже сачувај, ко лоша театарска претстава да гледам.
    Сепак, задржува внимание и буди интерес за наредна епизода, башка некои Корејци се :inlove::inlove: на пример полицаецот и оној на крај што се бореше со главниот :l: :D Па и Дарт Ведер не беше лош :!:
    А главниот глумец ми беше ептен срцка, од клошар на почеток до главна ѕвезда ко што доликува, одлична глума од негова страна.
     
    На Monny05, Adi888, Bozica1980 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    И во реалниот живот кај луѓето е така не ништо поразлично само прикажано по сликовито во серијата.
     
    На f.girl му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    На почетокот ми беше онака ептен млака првите две епизоди ама сепак сакав да ја гледам да видам што ќе се случува. Вредеше да се изгледа до крај, на крајот се добива смисла. Ако кажам дека не ми се допадна серијата ќе излажам, очекувам втора сезона затоа што сепак мислам дека доста работи останаа неразјаснети. Глумата исклучително добра, освен делот со вип особите.
     
    На f.girl и Billy Idol им се допаѓа ова.
  15. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.594
    Допаѓања:
    36.826
    Пол:
    Машки
    Иначе, ова е една од ретките серии на Нетфликс, а и посебно денес со тематика која е директна критика на капитализмот. Слична порака носеше и филмот Паразит кој доби оскар. Корејците, за чудо, кои имале најголеми бенифити од капитализмот и САД (нека си ги погледнат браќата на север) во последно време се директни критичари на тој систем портретирајќи ја алчноста по пари, општествениот јаз, и трулоста на денешниот систем каде секој живее на кредити.
    Може, баш тоа ја прави оваа серија популарна во светот, затоа што портретира проблем со кој се соочуваме сите, а малку зборуваме за него.
     
    На Peanut Butter, Bozica1980, Angie1432 и 5 други им се допаѓа ова.
  16. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.398
    Според мој вкус беше интересна, но сметам дека повеќе е оверејтед. Глумата на одредени ликови ми беше очајна, што се прашував на моменти како воопшто ја добиле улогата. Мислам дека знаете на кого се однесува. Меѓутоа ја изгледав во еден здив и би рекла една од подобрите серии на Нетфликс, но не и најдобра.
    Нешто како Hunger Games со екстра крв.
    Со оглед дека го гледав The Platform ( кој не го препорачувам на никој, освен ако има желба за самоуништување ) сите филмови и серии од ваков ранг или жанр не ми будат никакви емоции, бидејќи ме поремети за навек. Можеби да не го гледав, ќе имав поинакво мислење.
    Сум сумарум, вреди да се изгледа ако шпанските серии се веќе изгледани.
     
    На naturallmess и Oneo им се допаѓа ова.
  17. Принцезичка1

    Принцезичка1 Популарен член

    Се зачлени на:
    5 август 2016
    Пораки:
    1.064
    Допаѓања:
    5.394
    Пол:
    Женски
    Забележав сите ја објавуваат на инста серијава и вие тука ја фалите по форумов па решив да ја гледам.
    Кога ја пуштив на почетокот не ми беше интересна, ама после се навлеков на неа.Обично не следам ваков тип серии, страшни ми се, ама оваа ми е нерална, па затоа не ми изгледа страшно.Немам замисла дека би ми се случило мене.
    Изгледав 7 епизоди денес ии единствен тажен момент на кој плачев ми беше играта со џамлии.;(
    Утре планирам да ја завршам па ќе споделам импресии.
     
    На Rioers му/ѝ се допаѓа ова.
  18. x-MajaEsposito-x

    x-MajaEsposito-x Популарен член

    Се зачлени на:
    8 март 2013
    Пораки:
    1.731
    Допаѓања:
    3.498
    Пол:
    Женски
    Еве линкче :)
     
    На Billy Idol и Guns N` Roses им се допаѓа ова.
  19. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.083
    Пол:
    Женски
    Во право си, јас при гледање го промашив тој детал, ама после прочитав и други вакви мислења, можно е да е така.
     
    На Campari му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Bozica1980

    Bozica1980 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 август 2010
    Пораки:
    6.628
    Допаѓања:
    251.211
    Пол:
    Женски
    Немаа маска кај устата ама секако твојава идеја со сламка е боља. И ја чекав да се потурат дур пијат :D
     
    На malerozna му/ѝ се допаѓа ова.