Јас па баш напротив мислам дека така им е напишана улогата на ВИП ликовите. Не требаше да бидат паметни и хумористични, туку смотани, гадни, богати, што и беа. Ама добро, секој со свое.
И смотан, гаден и богат да бидеш, треба да знаеш да се носиш со улогата. Не за друго, премногу аматерско делува. Инаку главниот лик и старецот беа одлични. Барем тоа е моето гледање.
Спојлер Изгледав еден куп теории за серијава и испаѓа дека има смисла стариот да му беше татко на ГиУн. Имаше една сцена каде стариот го прашува ГиУн кој датум е и овој му вика 24ти а стариот му вели за кратко му е роденден на син ми, а на крајот од серијата кога се пријавува повторно во игрите ГиУн вика дека е роден на 30ти Окт. Исто во сцената каде што земаат млеко и колачиња овој му бара чоколадно млеко а стариот му вика 'сигурно си бил малтретиран како мал' и овој му вика да, од кај знаеш? а стариот му вели 'и син ми така'. Кога ја играат првата игра стариот носи 001 облека и куклата воопшто не го скенира него дали се помрднал и затоа можеби на сцената каде што стариот се измокрил во тренерките (до него има шише празно од вода) му вика 'земи ја мојата тренерка' и дава некој глуп изговор зошто.
Да очигледно беше тоа поентата да се долови, ама тој дел некако воопшто не ми се совпадна со остатокот од филмот. Спојлер Има логика ова, јас па на крајот си помислив зошто му кажува за синот кога му е роденден,ама не си ги поврзав работите, не ги следев сцените до толку детално.
Ја завршив серијава за два дена. Навистина не сакам да гледам крв и убиства, ама оваа ми изгледаше многу филмски, нереално, затоа и немав страв дека е можно мене да ми се случи такво нешто па ја гледав.Крајот беше многу збунувачки и според тоа сигурна сум дека ќе има и втора сезона. Поука од серијава: не верувај никому и не позајмувај милиони и милијарди кои никогаш нема да можеш да ги вратиш, само ќе те заглават во проблеми.
Ги догледав Луцифер и Money heist, се преразочарав. На watch list ми е уште 4та и тоа шо е излезено од 5та сезона на The good doctor, па после тоа уште се двоумам дали да почнам да ја гледам оваа или не. Од една страна ме интересира зошто е толку популарна, од друга страна скептична сум ради корејскиот. Паразит ми беше ептен патетичен.
Немојте само да постирате слики од нив надвор од серијата, од инстаграми и слично оти сите ко 15 годишни дечки се, скоро па девојчиЦи. Или геј. Не рушете филм
Колку лошо само од твоја страна одма да ги категоризираш луѓето од една нивна слика. Дечкото баш изгледа manly на сликата, колку погрешно да пишуваш- геј, девојчици или како и да е, срамота. Колку само погрешно е да ја претпоставуваш нечија сексуалност.
Просечна серија по мене. Ништо не ми беше оргинално. Оделцата на staff слични со La Casa, сценариото тук там, Jigsaw, Escape room, Hunger games, дури и ходниците,такви шарени, ги имам гледано во Spy kids. ВИПот ми беа ко ликови од филмови за возрасни, таква аматерска глума. Имав повисоки очекувања.
Стандард к-срања, викни некои рандом белци да глумат американци, што врска си немаат од глумење. Можеле Кинези випот да ги направат, северно-корејци, јапонци ватевр, сигурно ќе најделе подобри актери во секој случај. Очајни се малце со белциве во филмовиве, не им е прв пат. Серијава интересна, и тоа. Обично треба да ти е симпатичен главниот лик за да навиваш за него, мене ми беше одвратен. Не работеше, крадеше од мајка му, ја лажеше ќерка му... и до крај не се смени. Као наеднаш во игрите требаше да биде д гуд гај Требаше девојката да победи. Сфаќам дека сите ликови беа со мани, затоа и се најдоа каде се најдоа, ама неговата "добрина" ми беше неуверлива. Најинтересни ми беа игрите во серијава, и ме интересираше што ќе се случи следно, која игра, многу интересна сценографија и што ќе се случи со некои ликови. Ама тоа е тоа. Интересна, како и многу други филмови и серии. Мислам Sweet home ми беше поинтересна, зашто таму барем сакав да откријам зошто некој се претворил во баш такво чудовиште, а и дејствието на оваа ми беше некако поинтересно, чудно, испреплетено.
Многу интересна серија. Му препорачувам на секој и секоја да ја погледне. Штом ја изгледате првата епизода, другите ќе си дојдат сами по себе.
Не можам да ја разберам еуфоријата за серијава. Се е лошо во неа. Се. Обид за длабока порака која реално - не ја постигнува. Лоша глума, еве ај ќе оставам резерва, може ради јазикот така ја доживувам. Ама не. Лоша е. Непотребно тензична и непотребно сурова. Повеќе фама, отколку квалитет.
Значен дел, кој сметам дека е потценет а сепак многу придонесува за серијата е музиката и звучните ефекти. Доста необична, интересна и квалитетна. Го подобрува целокупниот ефект.