1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Squid Game

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од staycalm, 26 септември 2021.

  1. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Исто ме нервираше главниот лик, го направија светец демек, а тој коцкар што си ја остави мајка му да умре сама. И јас исто бев за девојката да победи, имаше најдобра причина зошто е во играта, а не како овие другите сите коцкари со долгови. Главниот лик ме нервираше цела серија, се однесуваше како во школо да се или во камп а не дека ќе бидат убиени во следната игра. И не држи неговата демек чесност кога во играта со џамлиите победи на нечесен начин со старецот, а демек многу се грижеше за него. Другиот со пакистанецот демек лош го портретираа ама некако беше оригинален барем.
    Најмногу ми беше жал за девојката и братчето.
     
    На Принцезичка1 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    И што научивме од серијата? Дека без пари си никој и ништо, дури можеш да му станеш играчка на богатите.
     
    На Monny05, plava.90, Принцезичка1 и 3 други им се допаѓа ова.
  3. Zavisnaodblago

    Zavisnaodblago Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 август 2016
    Пораки:
    99
    Допаѓања:
    236
    Пол:
    Женски
    Ми се допадна, интересна и се, но не би ја препорачала на секој. Премногу насилство.
    Многу ја сакав девојката која се жртвуваше во играта со џамлии, премногу ми беше жал кога ја убија, ама се знаеше уште од почеток дека ќе умре бидејќи беше спореден лик. И за што се жртвуваше, кога на крај оваа пак умре?
    Ниту еден од ликовите не беше ангел, но на некои причините им беа поприфатливи- На пример двете девојки и Али беа жртви на нивната трагична судбина.
    Овој бизнисменот што му беше на главниов лик другар од детство би требало да го мразам, бидејќи стана предавник и убиец за пари, ама од друга страна го разбирам бидејќи играта беше убиј за да не бидеш убиен. Мајкава која не му дала име на синот ми беше неподнослива, ама понатаму ја засакав и ми се допадна начинот на кој реши да умре-знаејќи дека има само околу 10% шанси да преживее реши да умре со стил и да не остане неодмаздена.
    Инаку учеството во вакви игри ми е многу глупава опција (освен ако и онака нема шанси да преживееш поради немање пари). На крајот на краиштата подобро во затвор неколку години за долгови, отколку да го ризикуваш сопствениот живот, па дури и да победиш, ќе изгубиш многу работи-човечност, ментално здравје, пријатели...
     
    На Monny05 и Lollipop_123 им се допаѓа ова.
  4. ana-sweet

    ana-sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2011
    Пораки:
    2.196
    Допаѓања:
    2.522
    Мислев дека сум единствена со вакво мислење:rofl: Не ми се допадна, ептен преценета според мене.
     
  5. Bella*

    Bella* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 април 2018
    Пораки:
    2.344
    Допаѓања:
    14.619
    Пол:
    Женски
    Една сезона е серијава?
     
  6. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Да
     
  7. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    9.135
    Пол:
    Женски
    Не ја разбирам фамава за серијава.
    Реално ништо посебно не е.

    Имаше многу нелогични сцени, а крајот испадна глуп. Место да те заинтересира за следна сезона шо ќе се дешава тоа обратно испадна. Кога ја завршив си реков следната сезона не ја гледам, пак истата песна по втор пат.
    Значи некој серии е подобро да немаат повеќе сезони.

    За глумата небитно дали била добра или лоша кога првенствено сценариото беше безврска. Првите епизоди тотално ме разочараа, едвај ги догледав. Единствена епизода што нешто вредеше беше 6-тата.

    Сѐ на сѐ, LCDP беше каде каде подобра серија, со подобро сценарио и со мнооогу подобра глума.
     
    На @ceci11 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ivanna23.

    Ivanna23. Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 септември 2019
    Пораки:
    518
    Допаѓања:
    1.020
    Пол:
    Женски
    Ист впечаток и јас имам, едноставно е overrated, ништо посебно.
    Од прва епизода се знаеше дека вака ќе заврши, дури и за старецот имаше сумливи ситуации и затоа крајот воопшто не ме изненади. Втора сезона 90% не би гледала.
     
    На Star_dust му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    17.229
    Допаѓања:
    165.901
    Ја изгледав серијата збрда здола, да не останам покусо, највеќе ради овој аспект за кој зборуваш. Корејците во последно време (колку што јас знам за нив) се во релативно незавидна положба, можеби делумно заради традицијата која ја негуваат (почит кон постари, почит на норми, лојалност кон компанијата во која работат) и конфликтот со капитализмот кои тие норми ги нема. Општо живеат многу во стега, дека еден погрешен чекор ги дели од пропаст во должништво. И не зборам за маргинални ликови како оние портретирани во филмовите од погоре.

    Мене една друга дилема ми отвори серијава
    Во хипотетичка ситуација, да имаш само два можни избори- или си од тие во црвено, или си играч во тиркизно, кој би ти бил изборот? Јас нема брзо да имам одговор на оваа дилема.
     
  10. Angie1432

    Angie1432 Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 април 2019
    Пораки:
    7.266
    Допаѓања:
    37.080
    Пол:
    Женски
    Ааа не ми го чепкај вака. :D
    Инаку се врати во играта решен да победи за да ја спаси мајка му, бидејќи немаа пари за да се лечи во болница.

    Иначе имам чувство дека многу луѓе не ја сфатија баш поентата а тоа е за животот што моментално го живееме, како една алегорија за капитализмот .Ни еден од ликовите не е лош ниту злобен, туку единствениот избор им е или да умрат на улица или да умрат во играта.Едноставно, се борат.Тоа што е олицетворение на злото се стариот и неговите другарчиња кои се хранат од сиромашните, а нивните животи ги гледаат како алатка за пополнување на време.Многу ми е зачудувачки како толку луѓе уствари го сакаат старецот, ама ете, добра манипулација со публиката, само по себе си докажува поента.:D
     
    На Monny05, christinnn, x-MajaEsposito-x и 5 други им се допаѓа ова.
  11. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Епа немаа пари бидејќи тој и ги земаше од картицата за да се обложува на коњи.
    Единствен позитивен лик ми беше девојката што сакаше да го извади брат и од сиропиталиште. Овие двајцата главни ми беа ептен антипатични. Во пакет со старецот.
     
  12. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    A зошто се коцкаше, затоа што со платата не можеше да ги исплати долговите од кредити и што позајмувал од лихвари. Го претепаа со шамари додека чекаше метро само за мала сума на пари да однесе дома.

    Се согласувам потполно со последното мислење на @Angie1432 .
     
    На Angie1432 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    9.135
    Пол:
    Женски
    @Guns N` Roses
    И сеа викаш човек кој што е во долгови ако некој му дава пари( во случајов мајка му) тој за да си ги плати долговите треба тие пари да ги вложи во коцка?
    Не знам баш за ова.
    Првенствено човек никогаш не треба да си дозволи да дојде до ситуација да му должи пари на лихвари, а не пак сите пари што ќе ги добие во меѓувреме да ги вложува во трка со коњи место да му ги дава на лихварот да си го исплати долгот.
     
  14. Billy Idol

    Billy Idol Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 септември 2018
    Пораки:
    4.593
    Допаѓања:
    36.818
    Пол:
    Машки
    Држава во која 80% од луѓето имаат по 1 или 2 кредита, и ги затвораат со 3 за да преживеат зборуваат за долгови и криват луѓе кои заглавуваат во долгови. Барајте ја вината во системот. :)
     
    На christinnn, Angie1432, Oneo и 4 други им се допаѓа ова.
  15. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Може ќе ги исплати тие пари во вториот живот. Човек се прави во очај за да дојде до пари за да преживее, па дури и животот.
     
  16. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Не земаш поголем кредит од тој што можеш да си го дозволиш. Во непредвидени ситуации работиш втора работа. Ама не одиш со позајмени пари да се обложуваш. Обложувањето е порок и никогаш не би можела да го оправдам.
     
    На Monny05, Glowy и Star_dust им се допаѓа ова.
  17. Star_dust

    Star_dust Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2019
    Пораки:
    1.143
    Допаѓања:
    9.135
    Пол:
    Женски
    Ова само на филм. Инаку во реалноста бараш 1000 начини за да го исплатиш долгот. Не одиш директ во обложувалница.
     
    На Monny05 и Glowy им се допаѓа ова.
  18. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Мислам дека зборуваме за филмот. Не можеш да судиш се додека не се најдеш во таква ситуација. Ако веќе ја оправдуваш девојката и таа крадеше од другите луѓе или пак добро е да се краде, и за крадењето нема оправдување без разлика која и да е целта, ама луѓето секакви работи прават кога се на работ на егзистенцијата.
     
    На christinnn му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Guns N` Roses

    Guns N` Roses Популарен член

    Се зачлени на:
    25 август 2017
    Пораки:
    3.661
    Допаѓања:
    16.129
    Пол:
    Женски
    Стварноо?? Колку луѓе станот, куќата ги ставија под хипотека за да си ги спасат најмилите, за да се лекуваат во приватна болница?? Човек се би направил за да дојде до пари кога му се потребни за да се спаси себеси и најмилите.
     
  20. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    1.789
    Допаѓања:
    5.422
    Никој поради долгови пд други причини не оди да се обложува. Јас така ја разбрав приказната на главниот лик, дека е во долгови поради обложување. Мајка му му даде пари за да купи поклон за керка му тој отиде да се обложува. Исто потоа жената на другар ми пред ресторанот го избрка да го остави маш и на мир.